Не сум јас за да бидам креативен, туку да не дозволувам како модератор да се оди офтопик и да нема навреди. И да делам казнени ако некој сепак не знае да се контролира! Толку.
Зошто тогаш школи за попови? „Неписмениот“ (ако има такви, јас верувам дека нема) надвор од образовниот систем на христијанските свештеници е неспособен да биде свештеник? Литургијата мора дипломиран поп да ја изведува? Зошто не обичен мирјанин, дома далкеу од сите - tete a tete со божественото? Мора злато и слонова коска во храмовите?
Му треба „духовен отец“ бидејќи.. што, заталкал? Неспособен е? Ти си поспособен да ги увидиш туѓите патишта подобро?
Сигурно и за тоа имаш оправдување, знам... не те прашувам тебе, само пишувам за да и други прочитаат како размислувам за овие нешта...
Го држам гностичкото дека на никој не му треба „духовен отец“ за да си го оправи својот внатрешен свет и патеката кон божественото.
За тоа му требаат колеги - патници
Совршено се криеш дека ти манипулираш што е догма, а други да обвинуваш за тоа, повикувајќи се на божественоста, за да те задскрие.
Не се плашам од богови јас и догми... прашај ги и другите што мислат за догмата и што им означува, дали непроменливост, касапење на нечија слобода или бидејќи е „божји православно-христијански збор“ - мора да е како што рекле „светите отци“ и свештениците, апологетите на христијанството...
Не знам зошто само мене ми замеруваш за ставот што го имам за догмата... и тоа не само за христијанската, за било која догма која бара од мене непроменливост.
Не може.
Не знам како не го разбирате зборот: не може. Распнуваме богови заради догми, како тоа не ви влегува во ум? Потоа од тоа правете какви сакате симболи и сказни, сеедно е...
Мора промени, на подобро на полошо небитно е, битно е промена, надминување... инаку ништо не правиме: коњ не пие од застојана вода бидејќи е отровна, нас ни велите да пиеме од таа вода, што те гледам чуден ...