Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Не смееме А да кажеме против Роналдо. Ѕвер… ама затоа Оле ќе го погледаме уште месецов :D
 
Спаси газ, ама денеска не беше тој главниот кривец, колку зицери промашивме, плус два гола за кои директен кривец е Шо, што може он тука да направи, играта не беше толку лоша имаше доста комбинирање на противничка половина
 
Глупо е да чекаш пораз на некој за да го шутнеш, гледаш не бива и ајт чао не сеа прво да изгубиме


Sent from my iPhone using Tapatalk
Таман си е тоа, ама најчесто се чека ептен да ја упрска! Реално ништо не играме, и под него како што вика Сколс со таа формација 4-2-4 нема средњаци кои ќе го издржат тоа. Или нека мења формација или нека остави на некој кој ќе смени.
 
Спаси газ, ама денеска не беше тој главниот кривец, колку зицери промашивме, плус два гола за кои директен кривец е Шо, што може он тука да направи, играта не беше толку лоша имаше доста комбинирање на противничка половина

Примивме 2 гола, и не извади Де Геа во една-две ситуации, против екипа на која и фалеа 5 првотимци и играше со 3-ца играчи на CB кои се средњаци. Напред бевме добри, ама позади...
 
Неможе со двајца во средина да игра постојано. Со толку напаѓачи понекогаш ќе победиш ама средината ги добива натпреварите. Многу почесто ќе губи поени него што ќе победува. Или мора одма да смени формација или ќе го сменат. Не е ова FIFA manager па ќе играме all out attack.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Не смееме А да кажеме против Роналдо. Ѕвер… ама затоа Оле ќе го погледаме уште месецов :D
Ако помине група во ЛШ и е математички во игра за Топ 4 во ПЛ, би требало да е сигурен Оле.
 
Спаси газ, ама денеска не беше тој главниот кривец, колку зицери промашивме, плус два гола за кои директен кривец е Шо, што може он тука да направи, играта не беше толку лоша имаше доста комбинирање на противничка половина
Двата гола кои ги примивме како да сме Шкендија се грешка на стручниот штаб. Такви селски голови во ЛШ се случуваат ама ретко и по еден, ние сите рекорди по глупости ги срушивме!
 
Треба подобро да се менаџира Роналдо и неговото време на терен. Не се прави распоред од денес за утре во фудбалот па да не се во можност да го направат тоа.

Многу е едноставно, седни пред секој месец и направи план кога ќе игра 90 минути, кога ќе игра прв тим но ќе биде заменет и кога ќе влезе од клупа. Нормално, ова зависи и од резултот на некои утакмици и ќе има по некоја остапка, но Роналдо ќе биде 37 за некој месец и факт е дека неможе да игра по 90+ минути два пати неделно, без притоа да не се штеди на 80% од утакмиците.

Плус го има и Кавани како совршена замена и мора да најде начин убаво да ги искомбинира. :)
 
Спаси газот, но дупките остануваат. Не ми е прифатливо да се толку раширени низ теренот и да нема згуснување на еден простор. Имаше ситуација со Санчо, кај што беше опкружен од 4ца покрај аут линија, а соиграчите сите во 16ик дремат, никој да притрча и да му помогне.

Цврстина на средината никаква, баланс на првите 11 никакви. Едноставно не можеш да ги играш Роналдо, Гринвуд и Погба на терен во исто време, како со 3ца играчи да си помалку оти ич не трчаат. Ајде Роналдо да не врши пресинг ќе се истрпи некако, ама другите околу него да трчаат, а не ко Гринвуд да дреме.
Патем Гринвуд не е за крило, освен против бункер екипи. Никаков придонес нема, само пополнува место.

Се надевам ќе почне по гостувњава да излага со 352 за да го маскира недостатокот на доминација во средината + цврстина во одбраната.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom