Поранешниот систем нема никаква врска со патрихалност. Поранешниот систем бил полиберален од аспект на сексот од овој денеска, во однос на слободата на жените и во однос на све. Уствари слободоумоноста во сексот во бившите Југословенски републики е заслуга на тој систем тогаш, а не на осамостојувањето, тогаш е само вулгаризирано. Исто и во Бугарија исто и во сите пост-комунистички земји
Полиберален во која категорија? Број на партнери? Возраст? Самите сексуални акти? Погодноста за брак во зависност од сексуалната историја? Едино може бил полиберален во филмското присуство, само во партизански филм немам цицка видено. До втора средно девојче да имало 3 „сериозни дечковци“, тоа сигурно било статистичка грешка. Нејсе, нема врска овој муабет, друга ми беше поентата.
Што ќе видиме, веќе ги гледаме кои се тие генерации без војска. Гледај ги тие што не водат, немора многу да одиш далеку види ги пресовите на СДСМ и ДПМНЕ од вчера и ќе видиш евнуси и проекции на нивните мајки.
Сигурно дека сите тие евнуси ќе станеле мажишта и лидеришта ако биле војска. Што ќе научеле? Да си го местат креветот секој ден и успешно да изметат двор? Ако за тоа ти е потребно служење цела година, не знам...
Муабетот за војска, како и муабетите за спиењето по клупи, четврта сила на светот, „се знаеше ред и поредок“, Голи Оток и слични работи, е само генерациски мит/глупост/како сакаш наречи го. Исто како денешниот мит дека си неписмен ако немаш факултет - тогаш тешко ќе се ожениш ако не си појден војска, денеска ако не си завршил факултет. Исто како што тогаш било срамота да шеташ небричен, а пак пред ВВ2 најверојатно било срамота да немаш мустаќи.
Затоа се глупи споредбите на мажи одени војска со денешни депилирани мажи што се мачкаат со боровинки, едното со другото нема никаква врска. Небаре жените во Југославија се отепувале од депилирање, па сега дошло страшно немажествено време каде што мажите одат, а жените не. Како што спомнав погоре, тогаш било нормализирано да си свежо бричен, сега е нормализирано да си депилиран пошто жените сакаат да галат мазни стомачни. Ако не и на самоварен сапун да се вратиме, пошто не е мажествено рацете на кокос да ти мирисаат.