Животот сам по себе не е ни добар ни лош. Едноставно е живот, нешто што се случува.
Добро живеење за мене е кога една личност ќе престане да биде единствена пречка на сама себе.
Одговорот ти е помалку од едноставен...како може да биде добар или лош?
Мислиш ли дека ако ти е само добар или само лош, ти ќе живееш подобро или полошо?
Пречка на самата себе, ај тоа да речеме ќе успеам да го прескокнам, но што со тие останатите што ни пречат во животот?
Има ли такви?
Голема е филозофијата за живот, за тој процес што не сопира никогаш, а дали ќе го живееш во согласност со десетте божји заповеди или како атеист, пак нема допирна точка со квалитетот на твојот живот.
Да те дополнам.....животот е bliss. Он е поднослив у принцип кај обичната раја затоа што е 2/3 добар а 1/3 лош во нормални услови. Станува неподнослив кога е обратно, ама у двата случаи е блаженство.
Буда душо, каков е тој блажен живот ако се состои од подносливост и неодносливост? Принципи, обична раја...има ли и необична раја?
Животот, гледан од моиве "изодени" илјадници километри, соочуван со разни предизвици, трагедии, жални и среќни моменти, веселби и плачки, задоволства и незадоволства, победи и порази, богатство и сиромашттија...сфатив, дека, за да животот биде добар, човек треба да умее да оди напоредно со него, да ги прифаќа без проблеми сите промени кои секојдневно ќе му се случуваат......а тоа е многу тешко, всушност, невозможно.