Vartolu
makoto 誠 chu 忠義
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 15.356
- Поени од реакции
- 6.042
Да, да..Особено платите исти ни се, јас не знам и овие Австријциве што не почнат да се селат тука кај нас во Македонија. Наместо Виена, Грац и Салцбург, нека дојдат во Пехчево, Крива Паланка и Кичево, нека молат впартија за нишајврата работа, ќе си полепат некоја плаката, и црп, ќе ги стават на платен список и готово. Па уште поубаво ако му текни во Белорусија да заминат, таму Лукашенко ја има напраено државата, САД, Германија, Велика Британија и Франција можат вода да му носат. Таму, единствено што треба е да имаат во секоја соба слика од Лукашенко, други партии не постојат, зошто сите нивни водачи, црни робијаши се, соработувале со странците, ејјј...Замисли ти, само Лукашенко едино знај да ја одбрани Белорусија, сите други се за робија....Па тешко е да се прави споредба со оглед на фактот дека Австрија не е држава членка на НАТО. Инаку, јас сум бил во Австрија и слободно можам да ти кажам дека не видов таму ништо ново, барем не нешто што не го имаме во Македонија.
Не бе, таму се живеј најубо. Само будалите, за запад сонуваaт...Јас не знам како на некој не му текнува наместо Минхен, Минск да оди... Можеби ги грешат имињата, слични се...Ова го знаеш бидејќи лично си го видел со свои очи, или само вака тресеш зелени кога и како ќе ти текне ?
Значи зборувам за законското решение на кој начин да се приватизираат државните претпријатија, а како се изведе тоа таму како овде тоа е друго, и нормално неспоредливо..Исто ко у Чешка ни беше приватизацијата на Бранко.
С'што.
Леле еј, каква досетка, ејјјј, умрев смеење, долу комшииве полиција викнаа, немој аман со овај твојот изострен осет за хумор...Аман имај милост, неможам воздух да земам...Поо колку е смешно ова....Лелеееее....Еј може ли некако да направиме анкета за админот да го преименува кикацјуве во Спинер?![]()
Сигурно си некое шефче во од на тате фирмата, кое потешко од лажица за супа нема кренато, и вакви досетки му кажваш на твоите вработени, и тие од немајкаде паѓаат од смеење од што мораат (ги сфаќам колку му е тешко)...Ама тате не ти кажал дека на друго место да не тресиш бљувотини, го срамиш се што има постигнато? Ај прибери се малку...
Оуу господине Стојан Андов, ако дискусија како што ја нарекуваш ти, е да си држиш монолог и сите да ти ракоплескаат, ти кажав кај татета во фирмата ќе си одиш. И бркој пушти, на Лукашенко да личиш...За жал (на нас овде што сме дојдени за дускусија) сѐ повеќе мислам дека ти не си онаков каков на прв поглед делуваш - наивен (и глуп), туку дека едноставно си дојден овде за да се контраш по секоја цена па дури и без никакви аргументи/факти. Можеби и си одработуваш, којзнае... И сеедно, пошто на исто се сведува. Нема дискусија кога едната страна е како билборд/расипана плоча, игнорира аргументи и факти и само повторува една те иста пропаганда. Треба човек вакви како теба да ги заобиколува во широк лак, само за жал се повеќе ве има.
Аргументи и факти?! Факти ==> табели <==, кој може секој како сака да си ги напрај? Сакаш да ти напрам табела дека најјака е Македонија на секое поле, и да му ја покажиме на некој Бразилец и ќе си речи ејјј Македонија појака од Германија била бе??? Ако некој пери мозоци, тоа се децата и остатоците на вашата матица, сталин, кои се негови бледи копии..Ама уште малкумина останаа за требење, ќе ги истребат уште малку фосилите, па подруго ќе биди.
А и докажувате недокажливо...Доволен аргумент, што ви ги турка во вода сите ваши глорификации на Лукашенко и слични нему, како кугла девет кегли, е тоа што главна дестинација на 99,9% од луѓето надвор од западниот свет за преселба му е токму во тој западен свет. Ако не чинеше, и не беше убаво, сите ќе сакавме Минск да одиме...Крај, енде, коњец, ел фин, дас енде, ла фин....