Како од Марс да сте паднати
Во Македонија имам сретнато прилично голем број на реализирани жени. Зависи во каков круг на луѓе се движиш
.
Заеби тие приказни „позади секој успешен маж, стои жена, или позади секоја успешна жена стои маж“, тоа се приказни за мали деца. Тоа се приказни за оние лепотиците на Перо. Единствено тие можат да си се тешат со тие бајки. Реалноста е сосема поинаква.
Сакаш да ми кажеш дека Роналдо немаше да биде тоа што е, ако до него не стоеше Ѓеоргина?
Или пак Никола Тесла не ја измисли струјата затоа што позади него не стоеше жена? Или пак сиромашната самохрана мајка (така тврди) Џ.К. Роулинг беше помалку успешна без маж/татко позади себе? И вакви примери имаме еден куп. Исто како што имаме примери кои ги спомена и ти, вујко владика, транзициски татко, нашиот Перо од приказнава и сл.
Позади секој успешен ЧОВЕК, стојат еден куп душмани, кои го праватда станува уште поуспешен, не заради нив. Туку затоа што си ја гледа сопствената работа и сопствениот двор. Човекот е надградливо суштество.
Што подразбирам под реализирана жена веќе објаснив. Ама ајде да нацртаме
Тоа што Станко завршил Финки и бил со сите 5-ки и имал примерно поведение, не го прави Станко способен човек. Станко со таа диплома од Финки ќе си биде можеби најдобар експерт во својата област, ама од друга страна, тоа не го прави способен човек за врска/брак, ме разбираш? Дипломата по автоматизам не значи способност. Станко може да има диплома од Харвард или од Сорбона, ама џабе. Петре може да има завршено средно училиште, ама да биде способен човек. Таа способност не се учи на нити еден факултет. Таа способност или се добива од раѓање или пак се стекнува низ сопките во животот.
Никаде не реков дека Рајнето ќе биде реализирана жена ако работи како програмер. Програмерството под дифолт не значи реализираност. Реализирана жена според мене може да биде и фризерка, адвокатка, слаткарка, писателка, па дури и домакинка. Се зависи кој како си ги подредил своите приоритети во животот, и што е она што таа личност ја прави среќна и исполнета.
Трајанка од Дедебалци може да се смета за успешна и реализирана жена земјоделка на пример.
Трајанка станува среќна и весела во 6 часот секое утро, му вари кафе на нејзиниот Петре, па спремно седнува од неговата лева страна на неговиот Тома Винкович и заедно одат да копаат компири. Сето тоа Трајанка ја исполнува, таа е среќна и задоволна со тоа што го има. На оваа наша Трајанка не и требаат дипломите, нејзе и треба Петре. Затоа што Петре го има тоа што нејзе и треба. Кога ќе се вратат дома од нива нема да решаваат равенки со 3 непознати, или пак ќе објаснуваат како е изведена електричната инсталција помеѓу 2 магнетни полиња