Се вртиме во круг, затоа што гледаме од различни агли
Секој си е одговорен за своите постапки. Ако Трајанка отишла на пазар и купила од скапаните патлиџани, при тоа видела дека се скапани, точно нема право да се жали. Доколку пак патлиџаните биле надворешно убави, а внатре скапани, јебига
. Понекогаш се случува да донесеме погрешни одлуки, кои подоцна ќе не однесат на вистинското место. Или во случајов Трајанка ќе си засука ракави и сама ќе почне да си сади патлиџани, за да не мора да ги купува и за да нема право да се жали после.
Да се разбереме, поборник сум на „подобро сам, отколку во врска/брак колку да не си сам“. И никако не можам да ги разберам жените што влегуваат во врска/брак, колку да имаат некој покрај себе, колку да имаат со кого да направат 3 реда муабет, колку да имаат кој да им го закопча патентот на фустанот отпозади, колку да кажат пред околината и семејството „ете јас имам некој, си ја исполнив животната должност, да се омажам, да родам и толку“.
Во принцип мажите се плашливи суштества. Јес да имаат муда, ама само како орган. Од друга страна пак имаш жени кои немаат муда како орган, ама се поголеми мажи од повеќето кои себе си се нарекуваат мажи.
Зошто една жена да биде кралица на еден маж, кој што не е спремен да биде крал? Животот не е шаховска табла. Па цело време кралицата да го штити кралот. Да да, истиот оној крал кој што не е спремен да се носи со нејзините бивши коњи, а при тоа сака да си ги држи под контрола своите бивши пионки.
Реализирана, самостојна, независна жена не паѓа на Станко од Финки, одличниот и посветен ученик со високи оценки и примерно поведение, уште помалку на Перо од погоре, онај нашиот син на транзицискиот богаташ, кој што ебе единствено млади инфлуенсерки, кои припаѓаат во несвест затоа што ќе им обезбедел финансиска стабилна состојба и ништо повеќе. Овие типки не го прават тоа затоа што сакаат, туку затоа што мораат. Немаат што друго да понудат освен тело за надвор и наведната глава за дома. (не вредни за понатамошна дискусија)
Реализирана, самостојна, независна жена е силна жена, а штом е силна жена, таа станува потешка за манипулација. А штом е тешка за манипулација, таа станува одбивна. Ретки се мажите кои знаат и можат да се носат со силните жени. ( Тоа што може да го направи жена со стоење, ѓаволот не може ни со залет)
Тешко е да се биде со жена која е своја, жена која што знае што сака, уште поточно што не сака и зошто. Уште потешко е да бидеш со жена која ќе биде во состојба да знае за што размислуваш додека молчиш. Со поглед да те прочита како албански буквар, навидум скриено, а сепак на тацна.
Најтешко е да бидеш со жена која знае да биде доволно добра и со пенкало во рака и со секира, која не гледа разлика помеѓу ракување со кутлачка или кршење плочки во купатило, жена со долга мисла и уште подолг јазик, жена што ќе ти дува ветар во грбот, да трчаш дури и кога нема да бидеш во состојба да стоиш на нозе. Ептен е тешко да се сака и да се биде со таква жена.
Уште еден гратис женски совет
Мажи, не посакувајте нешто за кое што немате муда
Друг ми беше муабетот, секоја жена е приказна сама за себе, до утре сабајле може да си веземе празна слама со 300 примери за вакви или онакви жени, затоа што правопропорционално ќе изнакажеме примери и за 300 вакви или онакви мажи. Мене тоа ми е муабетот, дека мажите и жените се исти, само ги гледаме од различни страни