Наративот за „доброто момче што не ебе" го гаѓа сентиментот на група од асоцијални машки со мала самодоверба, по ново наречени и инцели. Тод Гранде дава супер објаснуење за овој феномен.
Интересно е тоа што машки кои имаат комплекси, социјална анксиозност, мала самодоверба и слично, се истите ликови што ги идолизираат жените, а потоа стануваат инцелите што плукаат по жените кои не се фер пошто не им даваат. И тие ја бараат кривицата у жените, а не у себеси. Тоа е исто како кога неатрактивна жена ги обвинува „плитките“ мажи што се палат на убави и нежни жени, а не на нејзиниот карактер и физикус. Сепак и тоа не е фер. Ние сме еволуирани да глеаме лепота, самодоверба, интелигенција, моќ, емпатија итн. како нужни критериуми за социјален статус бидејќи порано, па и сега, тие биле индикатор за здравје и добар фитнес. Но кривицата не лежи у жените, туку у човековата природа. Сите сме истите мајмуни. Што побрзо човек го сфати тоа, толку побргу ќе се помири и ќе прекине да си ги проектира комплексите на светот.
Факт е дека жените преферираат машки со здрава самодоверба. Луѓето со токсична самодоверба, како фаците у мрачната тријада (нарцисоидни, психопати и макијавелисти), имаат плиток шарм и успеваат на кратки дистанци бидејќи ги експлоатираат слабостите на луѓето. Или успеваат у кругови со слични на нив. Поради недостатокот од афективна емпатија, тие не градат асални врски на долги дистанци, освен ако не кондиционираат жртва со мала самодоверба или не најдат некоја ко нив. Ако идат со девојка со мала самодоверба, тоа ќе биде токсична врска. Таа ќе биде немоќна, ќе страда и ќе зависи од предаторот. Ако имаат врска со некоја ко нив, и двајцата ќе имаат јак его-трип, мислејќи дека се најдобриот пар у свет. Здрава самодоверба е друг муабет. Здравата самодоверба е индикатор за психолошко здравје. Истото важи и за лепотата, симетријата е индикатор за физичко здравје. Порано лепотата била подобар индикатор, денес има пластични операции, шминки и тристо чуда. За машките лепотата е поважна отколку за жените. Финансискиот статус е индикатор за добри ресурси. Емпатијата е индикатор за грижливост, нешто што е битна особина за чување дете. Настрана од еволуциониве објаснувања, поентата е дека овие критериуми за социјален статус важат за сите, не се жените некаков исклучок. Ако си машко со мала самодоверба, некои мажи нема да те есапат, нема да те дружат и ќе те одбегнуваат. Ако се идиоти и ќе те заебаваат, така што ништо од овие работи не е доказ за некакво лошо морално поведение што се однесува исклучително на жените. Ако имаш мала самодоверба, може да најдеш емпатични/кул жени и мажи што ќе те поштуваат - зависи од тоа какви ти се другите особини. Жените прават несвесна/свесна проценка на сите предности и недостатоци (изглед, самодоверба, емпатија, шарм, јада, јада), како и машките (дали е убава, нежна, ваква, онаква) кога бираат партнери. Дали е тоа фер? Јебига, не е скроз фер.
Исто така, некои од „квалитетите“ се еднакво ценети у скоро сите социјални кругови, а некои не. Лепота, шарм, емпатија, самодоверба итн., се генерални квалитети. Некои ствари важат само за одредена социјална група. Книжевници се уклапаат со книжевници, музичари со музичарки... Интроверти поише сакаат интроверти отколку екстроверти итн. Што посличен си со некој, повеќе си одговарате. Според мое искуство и нешо наука, на девојките најприоритетни им се шарм, самодоверба, хумор, емпатија, сочувство/почит, интелигенција (и емоционална и таа другата), па изглед, безбедност и финансиска моќ за подолги дистанци. Но и тоа зависи од васпитање, карактерни црти и други заебанции. Ако искачаш у „шабански“ друштва, финансиската моќ (како прокси за доминација) е поприоритетна пошто таму искачаат такви профили на луѓе. Таму финансиската моќ е симбол за моќ, а не средство за обезбедување чувство на безбедност. Тие животињи трзаат на моќ. Мажите следат „курви што се ебат“ на Инстаграм, фалејќи се како ги ебеле ко трофеи; а жените сакаат моќни мажи бидејќи сите ја играат животинската игра. Ако си таму, све ќе ти изгледа ко да е така пошто тоа се луѓе со помала емпатија, а поголема желба за моќ и социјален статус. Ако излагаш у кругови на хипи рејнбоу банда, пак се вреднува самодоверба, изглед итн. Но ако групата се состои од фаци со поголема емпатија – говнари ќе бидат одвратни и антипатични пошто не се складни со сензибилитетите на членовите од групата. Луѓето што се фини и добри ќе бидат попочитувани у таа група и ќе фаќаат повеќе женски.
Сепак карикирам. Сакам да кажам дека што успева зависи од личносните карактеристики на членовите у една група. Ова сум го сведочел после шалтање у многу друштва со дијаметрални разлики. Затоа секој си ја наоѓа групата што му одговара.
Многу „добри момчиња" имаат девојки, а многу идиоти немаат девојки. Нема никаква логика да тврдиме дека само „лошите момчиња“ имаат сексуални партнерки, освен ако не излагаме од дома и/или имаме мал круг на познаници што се уклапаат со таа слика. Знаеме парови кои се срциња, знаеме парови кои се говнари итн. Ама да бидеш добар, не значи и да немаш самодоверба. Луѓе што влагаат у „френдзоун“ се дволични и плашливи луѓе што немаат муда искрено да си ги покажат намерите. Он ја свиѓа, ама ѝ се поставуе ко другар пошто се плаши да ѝ се пушта. Па се надева дека еден ден таа ќе му се потпре на раме и ќе го баци, кога ќе сфати дека он праи све за неа, а не тој клошарот што ја третира ко олош. Ова е класичен наратив што си го кажуваат сите со таков ментален склоп, несфаќајќи дека они ја утињаат работата, па си ги проектираат нивните комплекси на нижа вредност. Девојките несвесно го осеќаат тоа и губат интерес пошто он сигналира мала самодоверба. Па завршуе ко братче со одземена машкост. Дали е тоа сосема фер? Не е. И ја сум бил на тоа место порано, дур не сум сфатил дека нешо не ваља со мојот светоглед, па сум се тргнал од цел тој глуп филм и наратив за „лошите“ и „добрите“ момчиња. Да бидеш добар не значи да бидеш наивен, плашлив, да ја ставаш на пиедестал или да имаш мала самодоверба. Кривицата лежи и у „добрите момчиња“ што влагаат у френдзоунот.
Девојките сакаат да бидат третирани со почит, љубов и разбирање. Знаете зошто? Пошто се луѓе. А луѓето, генерално, не сакаат да бидат осудувани или потценети. Луѓето сакаат да бидат сакани и почитувани. Проблем е кога ги ставаме луѓето на пиедестал. Кога идолизираш некого, тоа не е здрава почит и разбирање, туку дехуманизација. Ти не го сфаќаш и прифаќаш човекот таков каков што е, туку му се восхитуваш, ставајќи се себеси у инфериорна позиција. Ти му велиш: „Еј, види ме, ја сум гнида, а ти си најбоље. Сакам да бидам ко тебе". Кога некој ми пристапуе така, ми стануе патетичен. Прво, пошо тој не ме поштуе мене, туку ме третира ко некоја идеализирана верзија – нешто што не сум. Да не бев таа идеализирана верзија, тој немаше да ме поштуе. И тоа ме иритира, особено пошто се потценуе у споредба со мене. Истото е и со девојките. Ликовите што ги ставаат на пиедестал им се одбивни, не бидејќи ги поштуваат и се добри, а жениве се користољубиви говна, туку бидејќи тие машки се потценуваат себеси и ги идолизираат девојките. Тие не ги разбираат и почитуваат девојките ко луѓе со стравови, недостатоци, доблести итн. Тие ги гледаат ко божества. А тоа е дехуманизирање. Тоа не е љубов, туку е еротоманска фиксација. Луѓе не сакаат да бидат нечија фиксација, освен ако не трзаат на его-трипот. Тачно е дека некои жени си ги чуваат таквите „братчиња“ ко слуги, генерално поради его-трип. Некои жени се тргаат од нив. На некои им е глупо да ги повредат, па не им кажуваат у фаца дека не ги свиѓаат за да не јадат гилт-трип. Па испаѓа дека поише штетат така него од старт да ги одјебат. Има секакви ситуации. И ова важи у двете насоки. Девојки што не ме сфаќале и сакале таков каков што сум, туку имале идеализирана верзија за мене, ме оттргнувале од нив. Ми станувале одбивни.
Од аспект на мое искуство и љубавни врски - у повеќето врски сум пристапуел фер, људски и со почит пошо сум имал комуникација со, пред сѐ, човек со недостатоци и доблести ко мене. Која не ме сака у такво искрено стање, може да одјебе. Не сакам да навредам некоја девојка, ниту пак да ја понижам пошто не знам, малку ми е сељачки. Ја не сум таков лик. А сепак сум имал квалитетни врски пошто сум претпочитал да бидам искрен, да покажам како се осеќам, како и да ја разберам неа. Девојките ме засакувале кога не осеќале опасност и агресија, туку напротив, кога осеќале ранливост и искреност. Само што тоа сум го праел искрено и сум го покажувал. Потиснуење емоции увек води кон фрустрации, комплекси и токсична комуникација со луѓе. У френдзоун сум влагал кога не сум имал храброст да покажам што осеќам, па сум фејкал. Девојките се детектори за невербален говор и веројатно осеќале дека сум имал „задни намери“, односно сум лажел. Кога жени осеќаат неискреност, губат интерес дури и да те симпатишале. Контра на ова, ја сум продлабочувал љубовни врски баш у ситуации кога сум бил најранлив, со 0 самодоверба. Тогаш сум бил и најискрен, а таа страна ме засакувала баш ради тоа.
Ја мислам дека нема ништо лошо у тоа да бидеш добар, чувствителен и пажлив лик. Верувам дека тоа е карактеристика што повеќето девојки ја ценат. Ама треба да бидеш искрен и најважно од све, да бидеш тоа што си (колку и да звучи ова ко чизи совет). Девојките што ќе те сакаат таков каков што си се девојките што ти одговараат. Автентичност се поштуе. Барем според мое мислење. Сите што ги знам, а имаат проблем у комуникација со девојки, се луѓе што потиснуваат чувства и/или имаат ретардирана перцепција за девојките. У нивната глава „жените“ се некоја категорија/хомогена група од исти створења - а не луѓе со чувства, потреби, стравови, интереси итн. Тоа не значи дека не постојат разлики у машко-женска психологија, постојат. Ама кога на некој главна тема на муабет му стануе тоа „какви се девојките“, се опседнуе со тоа, се умара со тоа, губи саати на тоа, има сериозен проблем со тоа... Страда ради тоа... Тоа е увек индикатор за комплекси, трауми и други психолошки проблеми. Истиот муабет се жени што губат цел живот за да расправаат за патријархатот и токсичните мажи, сегде го гледаат патријархатот и тоа им е опсесија. Комплекси, трауми и други психолошки проблеми.