Депресија

  • Креатор на темата Креатор на темата sandri4kaa
  • Време на започнување Време на започнување
Се се случува со причина. За тие што заминале од твојот живот, гледај го тоа како благослов. Шетај, спортувај, најди работа, само не седи во 4 ѕида. Набрзо ке си најдеш луѓе со твојот интерес и сличен поглед кон животот.

Запомни само една работа. Ако си здрав и прав, не очекувај дека треба некој да се грижи за тебе во животот, макар и најблиските. Ке си го најдеш патот низ животот наскоро.

Главата горе, позитивни мисли.
 
За да си помогнеш себе, прво треба да најдеш кој е проблемот за кој работите ти тргнале “наопаку„. Еве почни од тоа за што те критикувале твоите или другарите али земај со резерва и гледај да бидеш што повеќе објективен, немора да значи дека е тоа така по дифолт, може имаат погрешна перцепција или мислење, почни од тоа.
Второ, имаш 22 години, уште си дете и недефиниран карактер, зелен. Ова сфати го како комплимент, не критика. Зошто? Затоа што неможеш од старт да идеш дека некој се дружел со тебе заради лични интереси, кои лични интереси ќе имаат твои другари за да те дружат? Се дружите за да тепате слободно време и тоа е факт, на тие години некој ќе почне со работа, друг со факултет, трет ќе се заљуби, секој тргнува по некој пат и тоа слободно време му се крати, не значи дека те дружат сега помалце или те одбегнуваат зошто немаат интерес од тебе. Глупаво е воопшто да размислуваш така бидејќи ќе сфатиш дека со тек на време, кругот на луѓето со кои си се дружел ќе се стеснува и тоа е нормална селекција бидејќи и самиот ќе бараш да се опкружиш со помалку луѓе и луѓе слични во размислување со тебе, ништо апокалиптично или депресивно нема во ова, ова е знак дека созреваш и раснеш.
Трето, разговарај со блиски, особено дома, те гледаат секој ден, те пратат, најубаво ќе те посочат и ќе ти помогнат, не си депресивен, анксиозен си за да се соочиш со луѓе, различно е. Си навикнал на комфорт зона и мир, луѓе и средина бараат интеракција, комуникација што во моментот ти изгледа како проблем.
Убаво е што читаш на интернет ама премногу читање и размислување на темава, глава ќе те боли, фокусирај се на хоби и работи што те исполнувале во животот, најубаво е да најдеш хоби што ќе те натера да излезеш од дома и физички ќе те активира, активно тело значи и активен ум, вози точак, трчи, пешачи, активирај се, полека ќе се вратат работите во нормала.

Имам неколку прашања до тебе.
Дали студираш?
Дали имаш девојка?
Дали работиш?
 
Студирам криминалистика, девојка немам, работев како доставувач во Германија краток период.Повеке блиските ме имаат искористено за лични интереси.Имав ситуации каде што на близок му требаше познаници за упис во Факултет, му најдов човек и му завршив работа.Имав и блиски кој некогаш немаа за леб, тогаш увек им доаѓав во пресрет, но не знаа тоа да го ценат и ми се спротиставува поради нивни причини…најтешко ми дојде едните од најблиските ги загубив во несреќа пред година дена и се осеќам лошо и тажно
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom