- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.503
- Поени од реакции
- 37.338
ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19
Прва придружна болница, Медицинска школа - Универзитет Жеијанг
Составен според клиничко искуство.
Антивирусна терапија за навремено отстранување на патогени
Раниот антивирусен третман може да ја намали појавата на тешки и критични случаи.Иако не постојат клинички докази за ефективни антивирусни лекарства, тековните антивирусни стратегии засновани врз карактеристиките на SAR-CoV-2 се усвоени согласно Протоколите за дијагноза и лекување на COVID-19: Спречување, контрола, дијагностицирање и управување.
-Антивирусна терапија
Во ФАХЗУ, лопинавир/ритонавир (2 капсули, орално на 12 часа) во комбинација со арбидол (200 mg на 2 часа) беа применувани како основен режим. Како резултат од оваа терапија на 49 пациенти во нашата болница, просечното време за добивање прв негативен тест за вирусна нуклеинска киселина беше 12 дена (95% Cl /интервал на доверба/: 8-15 дена). Времетраењето на негативен резултат на тестот на нуклеинска киселина (негативен повеќе од 2 последователни теста во интервал ≥24ч.) беше 13.5 дена (95% Cl /интервал на доверба/: 9.5-17.5 дена).
Доколку не е ефективен основниот режим, може да се користи хлорохиден фосфат за лица на возраст меѓу 18-65 години (тежина ≥ 50 кг; 500 mg двапати дневно; тежина ≤ 50 kg: 500 mg двапати дневно првите два дена и 500 mg дневно следните пет дена)
Во Протоколите за дијагноза и лекување на КОВИД-19 се препорачува интерферон небулизација. Препорачуваме да се изврши во одделенија со негативен притисок, наместо во општи одделенија, заради можноста за пренесување на аеросоли.
Дарунавир/кобицистат има одреден степен на антивирусна активност во ин витро тест за вирусна супресија, согледано преку искуствата со пациентите со СИДА, а несаканите ефекти се релативно благи. За пациентите кои се нетолерантни на лопинавир / ритонавир, после етичко разгледување се дојде до алтернативна опција со дарунавир / кобицистат (1 таблета дневно) или фавипивавир (почетна доза од 1600 мг проследено со 600 мг трипати дневно). Не се препорачува истовремена употреба на три или повеќе антивирусни лекови.
Тек на лекување
Лекувањето со хлорохиден фосфат не треба да трае подолго од 7 дена. Текот на лекување со други терапии сѐ уште не е утврден и најчесто трае околу 2 недели. Антивирусните лекарства треба да се прекинат доколку повеќе од трипати се добиваат негативни резултати од тестот за нуклеинска киселина од примероци на плунка.
- Употреба на глукокортикоиди според потреба
Треба што е можно порано да се разгледа можноста за соодветна и краткотрајна употреба на кортикостероиди кај пациенти со со тешка пневмонија COVID-19 заради инхибирање на цитокинска каскада и за да се спречи прогресија на болеста. Сепак, треба да се избегне употреба на висока доза на глукокортикоиди заради несакани ефекти и компликации.
Индикација за кортикостероиди
- кај лицата во тешка и критична фаза;
- кај лицата со непрекината треска (температура над 39°C};
- кај лицата чија компјутерска томографија (КТ) покажала атенуација на млечно стакло или пак повеќе од 30% од белите дробови се зафатени;
- кај лицата чија КТ покажала брзо напредување (повеќе од 50% област се прикажала како зафатена на пулмонарните КТ снимки во рок од 48 часа);
- кај лицата чиј IL-6 е над ≥ 5 ULN.
Примена на кортикостероиди
За почеток се препорачува метилпреднизолон во доза од 0,75-1,5 mg/kg интравенозно еднаш дневно (скоро 40 мг еднаш или двапати на ден). Сепак, метилпреднизолон во доза од 40 mg на 12 часа може да се дава на пациенти со опаѓачка телесна температура или на пациенти со значително зголемени цитокини под редовна доза на стероиди. Дури и метилпреднизолон во доза од 40 mg-80 mg на 12 часа може да се дава на критични пациенти. Будно да се следи телесната температура, заситеноста на кислородот во крвта, комплетната крвна слика, C-реактивните протеини, цитокините, биохемискиот профил и КТ на белите дробови на секои 2 до 3 дена во текот на третманот по потреба.
Дозата на метилпреднизолон треба да се преполовува секои 3 до 5 дена доколку се подобрува состојбата на пациентот, се нормализира телесната температура или лезиите на КТ значително се аспорбираат. Се препорачува орален метилпреднизолон (Медрол) еднаш дневно кога интравенската доза се намалува на 20 мг на ден. Терапијата со кортикостероиди не е цврсто дефинирана; некои експерти предлагаат прекинување на терапијата со кортикостероиди кога пациентите се речиси закрепнати.
Да се обрне посебно внимание на :
- тестирање на ТБ преку Т-СПОТ анализа, хепатит Ц и хепатит Б преку анализа на антитела пред да се започне со кортикостероидна терапија;
- да се размисли за користење на инхибитори на протонската пумпа заради спречување на компликации;
- да се следи гликозата во крвта. Високото ниво на гликоза во крвта да се третира со инсулин според потреба;
- да се третира нискиот серумски калиум;
- редовно да се следи функционирањето на црниот дроб;
- може да се користат традиционални кинески билни лекови за пациентите кои се потат;
- седативни хипнотици може привремено да се користат за пациентите со нарушено спиење.