А1 си воведе рандом трошок за плаќање на фактура во салон

  • Креатор на темата Креатор на темата bogev4eboy
  • Време на започнување Време на започнување
Кон тоа се оди. Зошто на пример маркети како Тинекс и останати да имаат по неколку десетици продавници, секоја со магацин, ќирии, плати за неколку вработени по смена, каси, штандови, чистење и одржување, сметки за струја, вода, транспортни камиони, надополнување на роба (скоро) секој ден, цела таа логистика и оператива што влече пари, кога може да имаат еден голем централен магацин и/или помали локални и дестина плус транспортни возила и да ти носат се до врата? Тој магацин не мора ни да изгледа естетски убаво, ни се да е на полица, ни да плаќаш 30 ќирии и слично. Онлајн си нарачуваш и плаќаш колите нон-стоп ротираат, неколку се задолжени за Бутел, неколку за Аеродром итн... ти не мора од дома да излезеш. Плус конкурентност со цени заради смалување на трошоци.

Про Кредит банка на пример скоро целосно онлајн функционира. Имаат само централа и дали 3-4 банкомати низ Скопје. Се друго на интернет. Како ќе тече време и ќе изумираат тие родени од 60-тите па нагоре, така се помалку ќе има шалтери, физички продавници и слично. Луѓе директно резервираат хотели на букинг, смештаи на ербиенби, има страници што ти споредуваат оптимални цени на летови од/до аеродроми по светот.

Добро, на бербер сеуште мора физички да одиш.
 
Абе дечки, да ми требаше инфо за тоа како да платам ќе ви барав совет за тоа. Ако знаете и имате мислење за ТЕМАТА споделете го, немојте вака со муабети за ланскиот снег. Дускусијата треба да биде како потрошувачите се заштитени тука во оваа вукојебина / има ли некоја регулатива, а не како почнавме да плаќаме онлајн од вчера и прегорди сме на тоа. Не може туку така сега кој стигне да си качува/додава провизии од ракав како што ќе му текне и вие да сте океј со тоа. Ова е чист профит за А1 и сите апаши кои што си играат со народот. Се чудам само како не им текнало порано уште пред да постојат апликации картички и слично.
За тие што уште не го разбирате проблемот, еве една едноставна математика: претпоставете дека имаат милион корисници (мобилни, фиксни, тв, интернет итн) од кои најмалку 1/4 плаќаат на шалтер т.е. 250К (гарант има многу повеќе од ова). Значи 250К х 15ден. = 3,75М денари месечно дополнителен профит од вчерашно измислена причина :cautious:. Ај да ги оставиме тие што земаат > 1к еур плата, шо прајме со тие што едвај едвај живеат? Струја 35 денари во пошта, вода 35 денари, куќен совет 40 денари во банка, сега и А1 15 денари ... шо е следно, ТелеКабел? Па некој работи по минимум 2 саати месечно за провизии, и вие уште сте океј бе!
 
Не можам да сфатам како маестрално ја промашивте поентата на прашањево...

Не е поентата дали јас ќе платам онлајн или физички, поентата е што бесмислено и (можеби) неосновано плаќа некој 15 денари плус. За што се тие 15 денари плус? Некоја дополнителна услуга ми дава?
Ај сфаќам во банка да ми зимаат провизија за плаќање сметка зошто ете место мене они прават трансакција во правното лице кај што треба да одат парите. Ама провизија за тоа што си ја плаќам сметката директно во фирмата што ми ја испорачува услугата?!

И не е поентата ни сумата на парите. Еве и 5 денари да се, зошто ми зима 5 денари неосновано?
Да си е се како што треба, по правила, нека ми земе и 50 денари плус, ама вака...

Идете вие на Ромите во Шутка, што уште канализација немаат, да им објасните онлајн да плаќаат.

Ако не се лажам сега и во телеком има провизија за плаќање сметки на шалтер.

Имаат автомати за самонаплата, електронско плаќање. "Рандом трошокот" го гледам како стимулација клиентите да ги користат алтернативните начини за наплата и да не прават гужви на шалтери.
И ја на ова така глеам, АМА што не ми даде попуст ако платам онлајн?
Како пример sport vision и еден куп други продавници на онлајн нарачка попуст ми даваат во однос на цената во продавница?
Шо не се откаже ете а1 и телеком од минорен дел од профитот како стимул за поголемо добро?
Ама не, они сакаат да заработат од старите и необразуваните...
 
... јас му пишувам дека направил некоја активност која според договорот со А1 дополнително се наплатува, а самиот не приметил до сега, тој запнал муабет за дополнителен профит на А1 и заштита на потрошувачите,

... на времето кога Господ идеше по земја, поштарите носеле пензии до врата на пензионерот, а овој како награда од ќеф му давал на поштарот, 10, 20 или било кој износ на денари да се почасти, пукна државата од „муабет правење“ дека не било правилно, дека било злоупотреба на поштарска професија,

... сега кога секоја банка безобразно зема провизија од сопствена пензија која пензионерот Е ПРИНУДЕН ДА ЈА СПРОВЕДЕ ПРЕКУ БАНКАТА и е принуден не од негов ќеф да ја плати провизијата од цели 35 денари, сега тоа е нормално, званично фиксно „крадење“ на пензионерот, па и за другите трансакции, што мора преку банка, ем ги вртат нашите пари, ем ја плаќаме нивна измислена провизија што ги вртат нашите пари биле од плата, пензија, па и од куќен совет заштедата!
 
И не е поентата ни сумата на парите. Еве и 5 денари да се, зошто ми зима 5 денари неосновано?
Еве овој пат платив на тоа машинчето додека бев во ГТЦ, па да видиме дали го сметаат како салон или како онлајн. Туку да биде поинтересно, како и секој пат машинчето ми задржува по денар-два. Шо прајме за овој вид на профит? Ај ќе речете денарче е ... абе не сакам ниту 0.1 денар да ми земе плус неосновано - како што викаат нивното нивно, моето мое.
... јас му пишувам дека направил некоја активност која според договорот со А1 дополнително се наплатува, а самиот не приметил до сега, тој запнал муабет за дополнителен профит на А1 и заштита на потрошувачите,
Прво договорот ми е од пред 5+ години, второ не добив никакво известување што е 100% погрешно и трето прв месец е да ми наплаќаат измислици.
 
Прво договорот ми е од пред 5+ години, второ не добив никакво известување што е 100% погрешно и трето прв месец е да ми наплаќаат измислици.
... прочитај го добро договорот и присети се што си направил во септември, а во претходните месеци или никогаш не си го направил, ете тоа те чинеше 15 денари плус ддв, а тоа да те известат зошто би, кога го има во договорот, ај прочитај што текст пишува до тие 15 денари што ти наплатиле и напиши го овде! може?
 
Абе дечки, да ми требаше инфо за тоа како да платам ќе ви барав совет за тоа. Ако знаете и имате мислење за ТЕМАТА споделете го, немојте вака со муабети за ланскиот снег. Дускусијата треба да биде како потрошувачите се заштитени тука во оваа вукојебина / има ли некоја регулатива, а не како почнавме да плаќаме онлајн од вчера и прегорди сме на тоа. Не може туку така сега кој стигне да си качува/додава провизии од ракав како што ќе му текне и вие да сте океј со тоа. Ова е чист профит за А1 и сите апаши кои што си играат со народот. Се чудам само како не им текнало порано уште пред да постојат апликации картички и слично.
За тие што уште не го разбирате проблемот, еве една едноставна математика: претпоставете дека имаат милион корисници (мобилни, фиксни, тв, интернет итн) од кои најмалку 1/4 плаќаат на шалтер т.е. 250К (гарант има многу повеќе од ова). Значи 250К х 15ден. = 3,75М денари месечно дополнителен профит од вчерашно измислена причина :cautious:. Ај да ги оставиме тие што земаат > 1к еур плата, шо прајме со тие што едвај едвај живеат? Струја 35 денари во пошта, вода 35 денари, куќен совет 40 денари во банка, сега и А1 15 денари ... шо е следно, ТелеКабел? Па некој работи по минимум 2 саати месечно за провизии, и вие уште сте океј бе!

Струја пред секое локално ЕВН имаш 1) да платиш со картичка или 2)evnonline.mk.Или во банка со 3)траен налог.Исто без провизија.И скоро сите други режиски трошоци.

И без чекање по 2 саати по банки на шалтери.Патем, профитот на банките е на тој принцип - провизии и камати, не се државни фирми.Дали се нормални сумите за провизии е друг муабет (да , високи се) ама сепак имаш опции.


Полошо е на пример дека , од друга страна глупо е во време на е банкинг, скоро сите јавни претпријатија (пример Централен Регистар и во општина службите) ќе те замараат со КОПИЈА од уплатница.За онлајн плаќање.
 
Тоа е точно дека требаше да најават за ова барем неколку месеци однапред за да не се најдат луѓето затечени и дека треба да биде регулирано ова, но за жал не е. АЕК немаат надлежност.

Бидејќи е едноставно прелесно да се плаќа сметка онлајн затоа муабетот отиде во таа насока. Не гледам поента некој толку да е револтиран што ќе му биде поскапо да плаќа сметки по шалтери кога 100 пати полесно е да плати онлајн и да не се замара. @bogev4eboy ако ништо друго треба да им бидеш благодарен зашто со ова ќе те поттикнат да си направиш е-сметка, да видиш кој благодет е тоа.
Али ако сакате да исправате криви дрини и да се секирате дека ромите во Шутка немало да можат да платат, слободно. Барем реагирајте кај Народен правобранител, таму има најголема шанса да добиете некаква реакција.
 
... прочитај го добро договорот и присети се што си направил во септември, а во претходните месеци или никогаш не си го направил, ете тоа те чинеше 15 денари плус ддв, а тоа да те известат зошто би, кога го има во договорот, ај прочитај што текст пишува до тие 15 денари што ти наплатиле и напиши го овде! може?
Ѓабе дискутираме, промашени ти се коментарите плус ја труеме темата со неповрзани работи. Отвори си друга тема каде ќе зборуваме за договори, известувања и слично. Фала :)

Не гледам поента некој толку да е револтиран што ќе му биде поскапо да плаќа сметки по шалтери кога 100 пати полесно е да плати онлајн и да не се замара.
Повеќе ме изреволтира тоа што не ја сфатија поентата на дискусијата, не ми се верува уште :tapp: :D
 
Последно уредено:
Али ако сакате да исправате криви дрини и да се секирате дека ромите во Шутка немало да можат да платат, слободно.
Еден од најголемите проблеми у државава...
Се додека тебе директно не те тангира, гајле ти е, као шо има ти да се замараш со проблемите на друг... проблемот со ваквиот став е што кога ќе почне и тебе да те тангира, е тогаш оде воз у кукурз... малце касно е тогаш за бунење.
 
Ѓабе дискутираме, промашени ти се коментарите плус ја труеме темата со неповрзани работи. Отвори си друга тема каде ќе зборуваме за договори, известувања и слично. Фала :)
... јас добро пишувам, ама изгледа твојата цел со темава е нешто друго, ако сакаш да ја хејташ А1, при тоа не се трудиш да видиш што ти е наплатено 15 денари, ЗАТОА ШТО ПИШУВА до износот „зошто“ е наплатено тоа е веќе друга работа,
...инаку ќе пишувам на која тема сакам, зошто не е твоја своина ни форумов ни темава, благодарам на разбирањето! :)

ice_screenshot_20211003-214025.jpeg ice_screenshot_20211003-214232.jpeg
ice_screenshot_20211003-214049.jpeg
ice_screenshot_20211003-214117.jpeg
 
Последно уредено:
Абе дечки, да ми требаше инфо за тоа како да платам ќе ви барав совет за тоа. Ако знаете и имате мислење за ТЕМАТА споделете го, немојте вака со муабети за ланскиот снег. Дускусијата треба да биде како потрошувачите се заштитени тука во оваа вукојебина / има ли некоја регулатива, а не како почнавме да плаќаме онлајн од вчера и прегорди сме на тоа. Не може туку така сега кој стигне да си качува/додава провизии од ракав како што ќе му текне и вие да сте океј со тоа. Ова е чист профит за А1 и сите апаши кои што си играат со народот. Се чудам само како не им текнало порано уште пред да постојат апликации картички и слично.
За тие што уште не го разбирате проблемот, еве една едноставна математика: претпоставете дека имаат милион корисници (мобилни, фиксни, тв, интернет итн) од кои најмалку 1/4 плаќаат на шалтер т.е. 250К (гарант има многу повеќе од ова). Значи 250К х 15ден. = 3,75М денари месечно дополнителен профит од вчерашно измислена причина :cautious:. Ај да ги оставиме тие што земаат > 1к еур плата, шо прајме со тие што едвај едвај живеат? Струја 35 денари во пошта, вода 35 денари, куќен совет 40 денари во банка, сега и А1 15 денари ... шо е следно, ТелеКабел? Па некој работи по минимум 2 саати месечно за провизии, и вие уште сте океј бе!
Можеш да ни кажеш што пишува на фактурата, што е основ за наплата на тие дополнителни 15 ден. (за што ти наплатуваат плус пари од редовната претплата)?
Законски не би требало да се променат условите од договорот на штета на корисникот без изричита писмена согласност од истиот, без разлика што договорот ти е 5+ години.
Сосема си во право и прашањето ти е на место!
Автоматски споено мислење:

... јас добро пишувам, ама изгледа твојата цел со темава е нешто друго, ако сакаш да ја хејташ А1, при тоа не се трудиш да видиш што ти е наплатено 15 денари, ЗАТОА ШТО ПИШУВА до износот „зошто“ е наплатено тоа е веќе друга работа,
...инаку ќе пишувам на која тема сакам, зошто не е твоја своина ни форумов ни темава, благодарам на разбирањето! :)

Прегледај го приврзокот 308996 Прегледај го приврзокот 308999
Прегледај го приврзокот 308997
Прегледај го приврзокот 308998
Тоа што на фактурата пишува за што се наплатени тие дополнителни 15 денари, не значи дека навистина корисникот и ги должи.
 
Можеш да ни кажеш што пишува на фактурата, што е основ за наплата на тие дополнителни 15 ден. (за што ти наплатуваат плус пари од редовната претплата)?
Законски не би требало да се променат условите од договорот на штета на корисникот без изричита писмена согласност од истиот, без разлика што договорот ти е 5+ години.
Сосема си во право и прашањето ти е на место!
1633292045534.png
Тоа што на фактурата пишува за што се наплатени тие дополнителни 15 денари, не значи дека навистина корисникот и ги должи.
... да, али сепак не можеш пола фактура да им платиш зашо плаќањето иде по број на фактура.
 
Прегледај го приврзокот 309000

... да, али сепак не можеш пола фактура да им платиш зашо плаќањето иде по број на фактура.
Прв пат гледам вакво нешто и стварно ми е несфатливо зошто да наплаќаат за дополнителни 15 ден. "Надоместок за плаќање сметка во продажните места на А1"
Мене лично ова ми изгледа како чиста пљачка! Тоа му доаѓа исто како ако пазариш од Тинекс на фискалната да ти додадат дополнителни 15 ден. плус за плаќање извршено во продавницата на Тинекс, што е вон памет.
Можеш да поднесеш приговор до А1 и да ја оспориш веќе платената фактура само во делот за овие 15 денари и да бараш враќање на истите, па ако го одбијат приговорот имаш право да пишеш жалба до АЕК, а после тоа и на судска заштита. Добро би било такви поплаки АЕК да добие од поголем број на корисници на кои исто им е наплатен ваков износ по истиот основ.
И доколку повеќе луѓе "се замараат" со вакви работи и потегнуваат по сите законски можности, тогаш големите компании и корпорации нема така лесно да се осмелуваат на ваков начин да не пљачкосуваат.
Мое мислење е дека овде има стекнување без основ од страна на А1.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom