Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Значи шо народ сме, сфака ни час. Намалување на работни саати им смета, зголемување на минимална плата им смета... браос. На вистинскиот воз сме
Нормално дека ќе им смета 90% се партиско ботови што го јавнале системот, сакаат да си под нив и да си гласаш за да можат сега веќе и нивните деца полека да си фаќаат позиции под државна капа.
 
Резултативе не одговараат на резултатот од парламентарните.
Едит: одговараат за ДПМНЕ и СДСМ.

Прилично е прецизна оваа анкета. Или погодено или во рамки на мала маргинална грешка..

Ако Сдс е 20% а Дпмне 18% а маргинална грешка е 2%, ондак и резултат 22% наспроти 16% е во рамките на анкетата.
 
Левица 2% ок. Пред 6 години им беше тој рејтинг.
 
Стратум ок агенција се?

Малку ми се чудни резултатите од последната нивна анкета.
Јас како што се сеќавам мислам не се агенција во класична смисла на зборот, некој си старт-ап чија дејност им беше истражувања за икт бизнис или нешто слично (не ме фаќај за збор, ова од пред 3-4 години изгледа било). До лани буквално појма немав дека и вакви истражувања правеле.

Видов и денес објавиле. Не сум веќе некое време во оваа дејност, мада додека сум бил вклучен не се сеќавам дека сме имале понуден одговор "независни листи" или дека некој воглавно давал такви одговори (иако лично бев повеќе ангажиран за други истражувања, отколку политички).
 
Нормално дека ќе им смета 90% се партиско ботови што го јавнале системот, сакаат да си под нив и да си гласаш за да можат сега веќе и нивните деца полека да си фаќаат позиции под државна капа.
Еве не сум, само размислувам рационално. Има продуктивен труд кој носи извесен приход за фирмата. Ако работниот час се намали, да речеме како во Шпанија, и приходите во фирмите ќе паднат, а генерално секаде се паднати поради Ковидов (кај нас се сите биланси се со позитивно салдо, но обемот на работа е драстично паднат) како фирмата ќе оствари приходи односно профит со кој ќе опстане на пазарот? Така нема ни теорија да се зголемат платите или да не се отпуштат работници ако се скрати работното време.

Нешто позитивно што излезе од оваа пандемија е работата дома, која е предвидена со ЗРО, но не е доволно распространета. Мислам дека по оваа пандемија може да има своевиден бум. Тука немаш прецизирано работно време, но имаш работни задачи (или работа на извесен проект) за кои 2-3 пати во неделата даваш рапорт (но тоа не ги намалува работните саати).

Како ти ќе ја решиш таа енигма? Само немој уште еден коментар како оној за јавниот долг! :D
 
Тоа е од анкетата на парламентарните. Сеа им е 6,4%.
Да, плус и за парламентарните од оние само што се определиле за конкретна партија излегува нешто над 3, а на парламентарните околу 4 беа мислам.
 
Јас како што се сеќавам мислам не се агенција во класична смисла на зборот, некој си старт-ап чија дејност им беше истражувања за икт бизнис или нешто слично (не ме фаќај за збор, ова од пред 3-4 години изгледа било). До лани буквално појма немав дека и вакви истражувања правеле.

Видов и денес објавиле. Не сум веќе некое време во оваа дејност, мада додека сум бил вклучен не се сеќавам дека сме имале понуден одговор "независни листи" или дека некој воглавно давал такви одговори (иако лично бев повеќе ангажиран за други истражувања, отколку политички).

Тоа Независни листи и толку висок рејтинг ми е екстремно чудно. Исто како и бројката дека убедливо прв најбитен проблем на граѓаните им е екологијата и зеленилото па на второ место работни места. Ми изгледа како во Аеродром, Карпош и Центар да ја правеле анкетата. :D
 
Еве не сум, само размислувам рационално. Има продуктивен труд кој носи извесен приход за фирмата. Ако работниот час се намали, да речеме како во Шпанија, и приходите во фирмите ќе паднат, а генерално секаде се паднати поради Ковидов (кај нас се сите биланси се со позитивно салдо, но обемот на работа е драстично паднат) како фирмата ќе оствари приходи односно профит со кој ќе опстане на пазарот? Така нема ни теорија да се зголемат платите или да не се отпуштат работници ако се скрати работното време.

Нешто позитивно што излезе од оваа пандемија е работата дома, која е предвидена со ЗРО, но не е доволно распространета. Мислам дека по оваа пандемија може да има своевиден бум. Тука немаш прецизирано работно време, но имаш работни задачи (или работа на извесен проект) за кои 2-3 пати во неделата даваш рапорт (но тоа не ги намалува работните саати).

Како ти ќе ја решиш таа енигма? Само немој уште еден коментар како оној за јавниот долг! :D
Тука станува проблем во размислувања и сфаќања, моето решение изгледа смешно во вакво опшество и ако го гледам со ваши очи е смешно но за мене не е, се е до тоа како ги сфаќаш работите. Непотребна е ваа дебата, така да џабе е се објаснуваме кога што и да кажам ќе излезе смешно за најголем дел од форумот.
 
Нема, само работното време се смета на неделна основа. Полното е 36-40 часа. Колку треба да се скрати и како ќе се надокнади изгубениот профит?

Рачунај дека твојата опција сака да ги зголеми и даноците, секогаш е и била против бизнис секторот, а со тоа директно удира и врз платите и врз работничките права. Затоа никогаш не треба да се довери економијата во рацете на еден левичар. :D

Има една максима: колку повеќе права за работниците, толку помалку за невработените. :)
 
Тоа Независни листи и толку висок рејтинг ми е екстремно чудно. Исто како и бројката дека убедливо прв најбитен проблем на граѓаните им е екологијата и зеленилото па на второ место работни места. Ми изгледа како во Аеродром, Карпош и Центар да ја правеле анкетата. :D
Или луѓето конечно научиле кои се ингеренциите на централната а кои на локалната власт. Мада не би рекол, 40% рекле отварање нови работни места. :facepalm:
 
На анектата и анкетарите овде личи дека најважен им е соодносот на вмро и сдс и јас мислам дека погоден. ВМРО не знам што го базираат оптимизмот и дали се во контакт со реалноста. Дали мислат дека 14 изгорени во Тетово ќе сменат расположение на некој од Виница, на кој буквално животот му е во рацете на Љупчо Николовски и неговите мешетари. Можеби па се надеваат дека Апасиев ќе си пука во нога и меѓу двата круга ќе ги насочи гласовите на Левица на нивно конто, што е исто вон памет.
Не знам кој е тој што ги лаже дека без сработен и стекнат, свој, нов гласач некако можат да победат, единствено на бран на незадоволство, алал да му се парите
 
Значи шо народ сме, сфака ни час. Намалување на работни саати им смета, зголемување на минимална плата им смета... браос. На вистинскиот воз сме
Само на партиски куртон може да не му смета намалување на работни саати на АДМИНИСТРАЦИЈА.
 
Да бе друже и гледаш пак ќе најдат луѓе и за тоа за без пари, за од вас разлика што партијата ве направила луѓе и пак ја трошите и за тој еден ден.
Мене не ме направи ни една партија човек!
 
Само на партиски куртон може да не му смета намалување на работни саати на АДМИНИСТРАЦИЈА.
Не бе брат, типот има одлична идеја.

Дигни го минималецот вештачки, скрати го работното време, газдите на приватни бизниси нека ги затвораат бизнисите, мнозинството луѓе кои што се на минималец (повеќе од пола народ) нека кркаат откази, зејтинот и основните намирници нека бидат по иста цена како да пазаруваш у Норвешка и проблемот решен. (y)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom