Попис 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Инаку Зајас (и други "албански" села) драстично им се намалени учениците во основно.
Во Зајас моментално неможеш да собереш 1000 души.

Муабетот е дека, ако не се они, не значи дека не може да има некој друг.
Секој кој дошол дури и со најискрени намери на Македонската политичка сцена: бил асимилиран, дискредитиран, криминализиран или ликвидиран. По тој редослед. Нашата политичка сцена е длабоко инфицирана и џабе е да се залажуваме, и нема лек.

Моментално што би направил е луксуз, ние немаме друг политичар што е воопшто против тоа.
Треба ли да те потсетувам дека Левица беше авангардата на „револуцијата“ организирана од оние кои ни ја скроија капата? Е сега ќе речеш дека ги фаворизирам дпмне, но факт е дека цела таа шарада беше да се тргне дпмне од власт за да се направи ова што се направи. Дали беше пречка дпмне? Не, но постојат 2 можни причини зошто требаше да се тргнат. Првата е дека постои некаква структура внатре во дпмне која би претставувала опасност за таквите процеси. И втората е да се вратат „чисти“ на власт после цела оваа шарада.

Уствари сам ќе увидиш има време...
 
Последно уредено:

Па види ја исто така сакав да се тргнат вмро, така да не ми смета тој дел :D А и тоа вмро, како и ова сега, ќутеше пред големо албанската агенда на сметка на компромиси за лично богатење..
За разлика од нив кај левица имаме јасни ставови во врска со проблемот со албанците. Може ќе се свиткаат, може ќе ги скршат, али сеа за сеа они ни се претставници.
 
За тоа служи амортизерот.

И уште нешто, личните желби не секогаш соодејствуваат со националниот интерес. Тоа го докажаа последните 30 години. Мене на пример лично ми одговара оваа ситуација, но општо земено е катастрофална.
 
Пак е субјективно што е национален интерес, за мене 11 годишното владеење на вмро не беше тоа. Всушност и не донесе до кај што сме сега. Меѓутоа тоа настрана за друго те цитирав.
Твоите зборови дека македонскиот народ моментално немал политички преставници може да се земе сериозен, доколку кажеш дека ние никогаш и сме немале. Бидејки не глеам како било кој од нив бил повеќе во линија со македонски ставови од моментално левица.
 
Тоа и го кажувам. Никогаш сме немале. дпмне овие 30 години служело за тоа за што сега служи левица, за канализирање на гневот на народот. Не само дпмне, буквално секоја партија кога се бори за нештото од опозиција, кога ќе дојде на власт вика, ама знаете неможе тоа тек така да се смени, веќе е направено. Така беше за знамето, за охридскиот договор, за референдумот, за територијалната поделба, така ќе биде и сега. Тоа е шемата.
 
Има една огромна разлика. Не ги рециклираат старите кадри на ДПНЕ и СДС. Амортизерите обично секогаш користеа исти луѓе или деца/внуци на исти луѓе. Ене види им ги сегашните кандидати, а и кандидати на листа од парламентарни. Освен дел од старата гарда правници/социјални активисти, новите луѓе им се скоро екслузивно технички кадар/работници.

А и од тоа што го знам не прават ексклузивно друштво туку даваат на нови луѓе да се пробиваат зависно од тоа колку се способни. Ако се амортизер тогаш се катастрофален, зошто буквално им даваат партија и организација во раце на луѓето чиј гнев треба да го амортизираат.

А и тоа дека биле авангарда на шарената револуција што го имаш искорментирано претходно е малку претерано. Левица тогаш беа никој и ништо, требаше да бидат само уште една партија полтрон која на СДС ќе му ги прибери по-радикалните млади структури и да им ги донесе на крај гласовите на тацна. Нешто очигледно во целиот тој проект и збрка им тргна на лошо, и од после изборите 2016 каде што СДС ги обвинуваа дека ги предале и работеле за Груевски до денеска ја тераат сите таа приказна.
 
Ако се амортизер тогаш се катастрофален, зошто буквално им даваат партија и организација во раце на луѓето чиј гнев треба да го амортизираат.
Тоа е целта на канализирањето, да им дадеш партија и организација која ќе ги разводни. Како иначе ќе ги држиш под контрола?
 
Тоа и го кажувам. Никогаш сме немале. дпмне овие 30 години служело за тоа за што сега служи левица, за канализирање на гневот на народот. Не само дпмне, буквално секоја партија кога се бори за нештото од опозиција, кога ќе дојде на власт вика, ама знаете неможе тоа тек така да се смени, веќе е направено. Така беше за знамето, за охридскиот договор, за референдумот, за територијалната поделба, така ќе биде и сега. Тоа е шемата.
не
 
Па они тогаш(2016)можеа да го фатат полесниот пат, да земат неколку пратеници и да бидат привезок на голема партија. Меѓутоа ризикуваа, ги ишутираа од партија латентните комуњари и here we are.
 
Левица, сега за сега, се баш патриоти, какви што што продаденион Мицко може да сања.

Да се разбереме, Груевски беше најголемото зло, ама никој лидер на ДПМНЕ не бил подалеку од партиските идеали од Мицко сега.
 
Тоа е целта на канализирањето, да им дадеш партија и организација која ќе ги разводни. Како иначе ќе ги држиш под контрола?

Со тоа што ќе ги пуштиш да си лаат на фејсбук и twitter и кајгана, итн... . А никогаш нема да може да направат ништо зошто нема да имаат никаква моќ. Врвот на организирање ќе им биде да направат протест со 20-30 исто мисленици да викаат "Доле влада" и тоа е тоа. Така се држат под контрола и кај нас и во Европа и во САД.

Ако веќе прават партија ќе направат некоја како Интегра или Бачев ( Libertarians/Greens во Америка) каде што имаат цело раководство рециклирани кадри за кој што можеш да гласаш, али на терен тие ниту постојат ниту можеш да им се приклучиш. Се што можеш е да викаш "Напред наши" и да гласаш за нив.

Во овој случај буквално им даваат партија за они да си градат локални организации кој што се под скоро никаква контрола.
 
Види, многу пати сум рекол, ќе речам и сега.... Дај боже да сум грешка и ти да си во право. Барем еднаш да излезеше така, ќе имавме сега Македонска држава.
 
Се согласувам, али мора да се каже дека реалистично кога ќе се види беше невозможно истото до пред некое време.

До 2016 ги имаше бехемотите СДС и ДПНЕ комплетно стабилни, државниот апарат како така кубуреше, не печеа на споро. Единствената шанса пред 2017 беше 2002 после капитулацијата али сепак СДС и ДПНЕ имаа сеуште способен кадар.

Денеска сите столбови за контрола им се комплетно размрдани:

  1. Политичките бехемоти ( СДС,ДПНЕ, ДУИ) им се полни со неспособен шут и немаат никаква вистинска контрола на терен.
  2. Медиумите им се мртви, ерата на Латас, Биљана, Чомовски е завршена.
  3. Државниот апарат е комплетна корумпирана руина, вклучително и опресивниот. Каде што апсолутно ништо не функционира.
  4. Евро/Америка фундаментализмот умира тивка и болна смрт. Ако пред 20 години најверојатно подршката ќе беше 85%+ денеска мислам дека веќе е стигната накај 50%+. Исто како во Варшавскиот пакт во 80тите, идеалот е мртов сега само е останат еден леш кој полека ќе се распаѓа и смрди ако некој не го закопа.
Како Левица им зема функции а не им ги рециклира функционерите така СДС и ДПНЕ ќе се соочуваат со се поголем проблем за одржување на тоа клиентелистичко тело. Прашање на време е само пред да почне фрагментацијата.
 
4. Евро/Америка фундаментализмот умира тивка и болна смрт. Ако пред 20 години најверојатно подршката ќе беше 85%+ денеска мислам дека веќе е стигната накај 50%+. Исто како во Варшавскиот пакт во 80тите, идеалот е мртов сега само е останат еден леш кој полека ќе се распаѓа и смрди ако некој не го закопа.
Ако мислиш дека е тоа пречка за популизмот, гадно се лажеш. сдсм од крајно про-српска и анти-западна партија, чиј врв беше палењето на Америчката амбасада, се претвори во полтрон на западот речиси преку ноќ. дпмне од крајно десничарска се претвори во социјална партија со класична либтард бирократија, напуштајќи ги скоро сите национални интереси. Но нејсе, порадувај се малку, не сакам да го одземам она малку надеж што е останато. Не за друго, пошто што и да кажам џабе е, човек додека не си признае сам дека е заебан, никој друг нема да го убеди. Суета е во прашање. Мене ми е криво само оние кои еднашка се заебаа, пак загризуваат на истата мамка. Па некои дури и повеќе пати. Но ваљда тоа е патеката која треба да се изоди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom