Чист фаул имаше пред голот, али ги издоминира Фиорентина во прво полувреме.
Немаат одговор на агресивен пресинг, а тоа е зошто нема брзина во нападот. Џеко игра премногу и плус нереално е 35 годишен играч да прави спринтови позади дефанзивна линија. Лаутаро никогаш не бил играч кој се потпира на брзина во играта.
Затоа Дамфрис треба да игра секогаш кога може, бидејќи е единствен кој нуди брзина во транзиција. Дармијан е играч кој нема квалитети да игра прва постава за тим што игра за титула.
Фиорентина нема да го издржи ова темпо до крај, ама ако одработат до 70та минута без примен гол, веројатно е дека ќе извадат минимум нерешено. Од оваа утакмица па натаму ќе се види што може да игра тимов и што би требало да очекуваме сезонава.
Полувремево беше ужас.