Грешка си, јас само ви пренесувам што се дешава овде. Во принцип апсолутно ги подржуам протестите али само во делот дека вакцината треба да е избор и дека не треба да има вакс пасоши и такви глупости.
Мислам дека АУС одлично се справи со пандемијата, далеку подобро од остатокот на светот.
Мислам дека во Викторија имаме идиот за премиер што претера со мерктите на моменти али сега ептен... 100 пати си кажаа дека контакт трејсинг може и работи до моментот кога имаш до кај 15-30 заразени. Ајде еве имаа едно 2 недели повеќе фора да средат, јас им давав подршка и верував дека ќе се вратиме на 0 и на 70 и и на 85 заразени дневно... Зошто? Затоа што имаа година дена да научат нешто од НЈВ и Сиднеј, да се средат, да натрупаат луѓе на клучни позиции што и до некој степен го направија... Дури и тука се расправав со еден од ченовите дека ќе се оправиме ама не испадна баш така. Сега кога веќе нема враќање кога се свесни за тоа тогаш треба и очекував да ја сменат стратегијата. Повторно доволно е да ги пратат НЈВ ама не, овде идиотот си тера ко предходно иако и без притисок глатко им иде вакцинацијата. Немаше потреба од ова, ама ете премиерот се налути дека пабовите најдоа начини како да ги заобиколат мерките, народот ако не можеше внатре да пие пивно ОК беше со бар крол, да шета од паб у паб и да си зима пиво за носење. Само ради тоа лупна полициски час и ги затвори парковите се изживуваа врз лугето епа сега им стапна за жуљ на погрешна багра (иако има доволно индикации дека одлуката може е и правилна) па да, има сите да гледаме сеир деновиве....
Мислам дека Нов Јужен Велс има апсолутно најдобра премиерка мада и она на моменти се усра и подлегна али пак се покажа најжилава. Таму уште побрзо оди вакцинацијата и баш тоа ќе биде прашањето дали ќе излезат и ќе ја подржат Викторија или ќе си тераат за они побрзо да се средат... Ќе видиме деновиве, во меѓувреме овде ќе биде весело.