Најефтин супермаркет

Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Има и добри марки, во Aldi Nord (Шпанија) видов дури бренд од Trader's Joe, што е Американски маркет, peanut butter или нешто такво беше. Доста добри можам да кажам. Исто така ребрендираните производи можат да бидат поефтини од оригиналот, пример ребрендирана Grey Goose водка.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Влегуваш во Тинекс, наоѓаш секаква роба, солидни цени, сега, работиме за да живееме на високо ниво, во градовите, а не да штедиме за 2-5 денари, или 1000ден. месечно. За стрес, лекови и изгубено време ќе дадеш повеќе, ако гледаш каде е поефтино за да купиш. Ако не заработуваш, секако, нема како да трошиш, ако си работиш и заработуваш, ќе си трошиш, без да се стресираш, ќе бидеш олабавен. Ми ја сваќате поентата, нели?
Види дечко, форумов го читаат секакви класи на луѓе.
Пред да се осудиш да релативизираш дека е идиотски и губење на време за оние кои шетаат по маркетите за ПОЕФТИНО да поминат и да заштедат 1000 ДЕНАРИ/месечно, малку ПОДЛАБОКО РАЗМИСЛИ па врати се и повтори го ова што си го напишал.
Патем, дојди кај мене во влез и на едно семејство на два ката испод мене ОБЈАСНИ им го ова, "живеат" со социјална помош, можеби ќе ги просветлиш!
Сеуште си доста млад (21 год. према пишаното), па сеуште не си сретнал секакви животни судбини.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.724
Поени од реакции
9.759
Има и добри марки, во Aldi Nord (Шпанија) видов дури бренд од Trader's Joe, што е Американски маркет, peanut butter или нешто такво беше. Доста добри можам да кажам. Исто така ребрендираните производи можат да бидат поефтини од оригиналот, пример ребрендирана Grey Goose водка.
Trader Joe's му припаѓа на Aldi :)

Sent from my GM1913 using Tapatalk
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.035
Поени од реакции
1.487
Види дечко, форумов го читаат секакви класи на луѓе.
Пред да се осудиш да релативизираш дека е идиотски и губење на време за оние кои шетаат по маркетите за ПОЕФТИНО да поминат и да заштедат 1000 ДЕНАРИ/месечно, малку ПОДЛАБОКО РАЗМИСЛИ па врати се и повтори го ова што си го напишал.
Патем, дојди кај мене во влез и на едно семејство на два ката испод мене ОБЈАСНИ им го ова, "живеат" со социјална помош, можеби ќе ги просветлиш!
Сеуште си доста млад (21 год. према пишаното), па сеуште не си сретнал секакви животни судбини.
Ок ти е пишаново, се согласувам. Ама оди и ти објасни му на еден дечко што пред некој ден одеше до Стокомак со такси, напред-назад 100ден, за да купи 1 пакет Крали Марко затоа што било по 66ден акција. А тврдам дека мнозинството од оние кои "шетаат" за поевтино се на слична бранова должина со овој со пивово. Тоа како твоите комшии најчесто веќе знаат кај купуваат, не ни шетаат.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480

По некоја случајност дечково да не беше Миле Паника? :D
 
Член од
24 септември 2018
Мислења
48
Поени од реакции
23
Стокомак работи со ботови по социјалните мрежи. По коментари, лајкови... 3300 лајкови на пост, а само 30 коментари, очигледно е дека негативните ги бришат, а ги има многу. Многу пати сум затекнувал негативни коментари, изгледа не стасале да ги избришат сите.
Сите работат со ботови, ама Стокомак и Киппер највеќе.
Автоматски споено мислење:

Ок ти е пишаново, се согласувам. Ама оди и ти објасни му на еден дечко што пред некој ден одеше до Стокомак со такси, напред-назад 100ден, за да купи 1 пакет Крали Марко затоа што било по 66ден акција. А тврдам дека мнозинството од оние кои "шетаат" за поевтино се на слична бранова должина со овој со пивово. Тоа како твоите комшии најчесто веќе знаат кај купуваат, не ни шетаат.
Проблемот не е во тоа што тој потрошил 6×66=396 денари и плус 100, 496, не ги заптедил. Зошто? Бидејќи тој не го купува она што го сака во мементот и што му е корисно, така да тоа пиво не му треба во моментот, а тој го купува да му стои, така прават и со другите производи. Луѓето што купуваат на акција, трошат пари, не штедат, оти не го купуваат тоа што го сакаат и им се јаде, туку она што КАМ, Стокомак... сакаат да го купиш.
Затоа Тинекс е подобар. Си имаат поенчиња на скоро секој производ и ти си ги собираш, а воедно и купуваш што ти душа сака.
Автоматски споено мислење:

Види дечко, форумов го читаат секакви класи на луѓе.
Пред да се осудиш да релативизираш дека е идиотски и губење на време за оние кои шетаат по маркетите за ПОЕФТИНО да поминат и да заштедат 1000 ДЕНАРИ/месечно, малку ПОДЛАБОКО РАЗМИСЛИ па врати се и повтори го ова што си го напишал.
Патем, дојди кај мене во влез и на едно семејство на два ката испод мене ОБЈАСНИ им го ова, "живеат" со социјална помош, можеби ќе ги просветлиш!
Сеуште си доста млад (21 год. према пишаното), па сеуште не си сретнал секакви животни судбини.
Добро брат, ама не се сите такви. Повеќето имаат пари, административци одат во КАМ, влечат лебови, 1+1, купуваат по 10... Тоа е срамота, тоа не е штедење. Административците се угледот на една држава. btw. Познавам еден човек што работи со железо, шишиња... а го имам видено во Тинекс во ПП, и сега што да мислам?
Автоматски споено мислење:

Za tvoja zal, ne ja razbiras voopsto strategijata so "private label"... I zasto privatnite marki se poevtini... Lupas ko Maxim po divizija...
Sto mislis, KAM, primer, za negovata privatna marka BelaFarm, da ne ima sopstvena mlekara?
Ne batka, toa e nekoja golema mlekara sto mu pakuva pod negov brend I (najcesto) istoto mleko I sirenje pod orginalniot brend ke go kupis vo Vero I Tinex za 20-30% poskapo...
A zasto e toa taka - mnogu dolgo I siroko....
Зошто е така? А зошто не го продава под оригиналната марка за иста цена, ионака зема кокичини. Зошто Битолско не е 35 денари? Нека го симнат него на 35ден. Голем синџир е. Има јогурт и за 54 денари ама е со 0.5% масленост т.е. вода. И тоа можеби е со толку, или 2.0 можеби, а пишува 2.8%. Го прават со 0.5%, а тоа што останува го прават путери, сирења, кашкавали... Ти лупаш мислам. КАМ има 140 маркети, а Витаминка пазар од 10+ држави, Винчини, Виталиа, Вива, Нестле... Тие имаат широка потрошувачка, зошто не ги направат цените на гага, а прават производи за Стокомак пример со гага цена.
Кога Стокомак се договара со Подравка или Пекабеско тој им кажува за колкава цена сака да го продава производот и колкава маржа и тие спорес тоа ставаат состојки, од 1. 2. 3. класа, за да може да ја достигнат таа цена.
Во Стокомак стекот од 230 на 330 скокна, ќе не лажат со фуш производи. Големо маде ако заштедам 1000 ден. месечно, ни пијам ни цигари пушам. Таквите по 3000ден. за пиење, коцка и пушење ги трошат, а ваму купуваат ефтина храна. Ама, не можеш да им докажеш.
Автоматски споено мислење:

Голем мал пазар. Ете го Пекабеско ја спушти паштетата на 17 во Жито и на други места, не е над 20ден. ама водеста е. Лично искусив. Пред да биде на акција немаше толку вода, сега тече како само вода да има.
КАМ, Стокомак, Киппер имаат магацински цени и магацинска услуга, затоа производите им се ефтини. Сепак продажбата зависи од луѓето, како и каде сакаат да пазарат, менталитет... Тие што одат во Веро и Тинекс да не се ненормални случајно?
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Стокомак работи со ботови по социјалните мрежи. По коментари, лајкови... 3300 лајкови на пост, а само 30 коментари, очигледно е дека негативните ги бришат, а ги има многу. Многу пати сум затекнувал негативни коментари, изгледа не стасале да ги избришат сите.
Сите работат со ботови, ама Стокомак и Киппер највеќе.
Автоматски споено мислење:

Проблемот не е во тоа што тој потрошил 6×66=396 денари и плус 100, 496, не ги заптедил. Зошто? Бидејќи тој не го купува она што го сака во мементот и што му е корисно, така да тоа пиво не му треба во моментот, а тој го купува да му стои, така прават и со другите производи. Луѓето што купуваат на акција, трошат пари, не штедат, оти не го купуваат тоа што го сакаат и им се јаде, туку она што КАМ, Стокомак... сакаат да го купиш.
Затоа Тинекс е подобар. Си имаат поенчиња на скоро секој производ и ти си ги собираш, а воедно и купуваш што ти душа сака.

Автоматски споено мислење:

Добро брат, ама не се сите такви. Повеќето имаат пари, административци одат во КАМ, влечат лебови, 1+1, купуваат по 10... Тоа е срамота, тоа не е штедење. Административците се угледот на една држава. btw. Познавам еден човек што работи со железо, шишиња... а го имам видено во Тинекс во ПП, и сега што да мислам?
За кој маркет рече дека работиш?

Инаку баш во Тинекс има такви акции каде сум купил работи кои ми стојат така со недели :D

Во Стокомак и Кам акциите се генерално мали, до кај 10тина денари, додека пак во Тинекс се случува да има и преку 100 денари акција. Пример викендов чајната на Солета им беше намалена 150тина денари, сладолед имаше намален за 70тина денари на паковка од 900мл, сирење по 80тина денари за кг... Да бидам искрен малку навредливо е кога си играат со цените вака, дури и на акција се со минимален ќар што значи дека претходно не колеле на мртво.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
... Зошто е така? А зошто не го продава под оригиналната марка за иста цена, ионака зема кокичини. Зошто Битолско не е 35 денари?...
Lele, Lele...
Rekov, lupas teski gluposti... Poima nemas kako funkcioniraat marketite I trgovijata... Vrska nemas sto e razlika od klasicen market I hard diskont I zasto e taa razlika na cena...
Ama internet trpi svasta
 
Член од
24 септември 2018
Мислења
48
Поени од реакции
23
Зошто треба да купуваме од Лидл, од МЕРЕ (Рускиот), има потреба? Зошто да не ги штитиме нашите, КАМ, Тинекс... Што да ни ги земаат парите странци, барем Камчев, Тинекс, локалци нека ги земаат? Како демек газдата на Лидл е Дормео, па е мек како душа, и му сака и прави добро на народот. Каков што е Камчев, таков е и Лидл, само потребата да се уништи своето не ми е јасна. Тоа ме мачи, не знам да одговорам.
Автоматски споено мислење:

Lele, Lele...
Rekov, lupas teski gluposti... Poima nemas kako funkcioniraat marketite I trgovijata... Vrska nemas sto e razlika od klasicen market I hard diskont I zasto e taa razlika na cena...
Ama internet trpi svasta
Објасни ми, ајде. Да видиме. Хард дисконт како функционира? Баш ме интересира, која ти е таа логика. Марка КАМ, марка Стокомак, произведено само за Стокомак... Пепси лименка во Стокомак е 18ден. и на неа пишува, произведено за Стокомак, а во Прилеп, оригиналот можеш да го најдеш за 18 ден. И сега кок е овде луд? Ако така се прави со Пепси, тоа се прави и со млеко, благо... Не викам дека газираното има некоја разлика, пак е штетно, ама зошто не го продава оригиналот за 18ден. Оти оригиналот го купува 16ден -16.5(можеби), а производот само за него со специјални состојки го зема за 14 ден. Значи? Што? Објасни ми те молам. Така прави и КАМ, Киппер, Лидл, Алди, малди... Сепак проблемот е до менталитетот на народот не до маркетите.
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.035
Поени од реакции
1.487
За кој маркет рече дека работиш?

Инаку баш во Тинекс има такви акции каде сум купил работи кои ми стојат така со недели :D

Во Стокомак и Кам акциите се генерално мали, до кај 10тина денари, додека пак во Тинекс се случува да има и преку 100 денари акција. Пример викендов чајната на Солета им беше намалена 150тина денари, сладолед имаше намален за 70тина денари на паковка од 900мл, сирење по 80тина денари за кг... Да бидам искрен малку навредливо е кога си играат со цените вака, дури и на акција се со минимален ќар што значи дека претходно не колеле на мртво.
Околу последново, не е баш така. Има вистина во колењето ама тоа е најмалку од маркетот, кој и да е.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Околу последново, не е баш така. Има вистина во колењето ама тоа е најмалку од маркетот, кој и да е.
Разбирам дека самиот производител/дистрибутер за регионот влијаат врз ова, али во овие другите немаш до толку големи разлики пред се бидејќи и на старт се цените пониски.
Мешано сирење Кораб Трница во Тинекс и мешано сирење Кораб Трница во Стокомак, намерно го зедов во ист ден и ги отворив двете, потполно ист вкус, а разлика во цена 40-50 денари на кг. Нормално дека утре на акција во Тинекс ќе изгледа како да имаат дадено 60 денари попуст, кога на старт те колеле за + 50 во однос на другите (а рачунај и Стокомак оди со заработка).
 
Клучно е тоа производител/дистрибутер и тука има многу поголема политика во функционирањето од што може тука да претпоставиме. Не пишувам за да фаворизирам или напаѓам, работам во оваа гранка па ми се доста познати начините. Тоа дека Тинекс-минекс коле со 20% повеќе во однос на било кој е практично невозможно. Тоа може да биде на текстил евентуално.
Автоматски споено мислење:

Да надополнам, акција во над 90% од случаите не прави маркет самостојно, во останатите проценти прави со планирана загуба.
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Добро брат, ама не се сите такви. Повеќето имаат пари, административци одат во КАМ, влечат лебови, 1+1, купуваат по 10... Тоа е срамота, тоа не е штедење. Административците се угледот на една држава. btw. Познавам еден човек што работи со железо, шишиња... а го имам видено во Тинекс во ПП, и сега што да мислам?
Што па тебе те интересира угледот на државата (?) од каде пазари?
И да купи две парчиња шунка на сечење, воопшто не е срамота.
Очигледно си научен на изместени вредности, односно дека е срамота да купуваш од ефтини маркети. Демек сега ти си од богатата класа ако купуваш во Тинекс. За ВЕРО да не праиме муабет, во твоите очи милијардери пазарат таму.

Ова примерот со тој што работел со железо и шишиња ти нема никаква врска. Не се ни труди да мислиш, посвети го своето време мислејќи на други работи.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Клучно е тоа производител/дистрибутер и тука има многу поголема политика во функционирањето од што може тука да претпоставиме. Не пишувам за да фаворизирам или напаѓам, работам во оваа гранка па ми се доста познати начините. Тоа дека Тинекс-минекс коле со 20% повеќе во однос на било кој е практично невозможно. Тоа може да биде на текстил евентуално.
Автоматски споено мислење:

Да надополнам, акција во над 90% од случаите не прави маркет самостојно, во останатите проценти прави со планирана загуба.
Не фаворизирам ни јас, само изнесувам моја гледна точка како потрошувач. На крај од денот без разлика колку и да заработувам, не гледам поента да му преплатам иста работа.
Пазарам скоро во сите маркети, не секогаш поради пониски цени туку и: практичност, квалитет на производи, гужва...
Ретко пазарам во викенди пред се бидејќи има најголема гужва, а тогаш се акциите.
Автоматски споено мислење:

Зошто треба да купуваме од Лидл, од МЕРЕ (Рускиот), има потреба? Зошто да не ги штитиме нашите, КАМ, Тинекс... Што да ни ги земаат парите странци, барем Камчев, Тинекс, локалци нека ги земаат? Како демек газдата на Лидл е Дормео, па е мек како душа, и му сака и прави добро на народот. Каков што е Камчев, таков е и Лидл, само потребата да се уништи своето не ми е јасна. Тоа ме мачи, не знам да одговорам.
Автоматски споено мислење:

Објасни ми, ајде. Да видиме. Хард дисконт како функционира? Баш ме интересира, која ти е таа логика. Марка КАМ, марка Стокомак, произведено само за Стокомак... Пепси лименка во Стокомак е 18ден. и на неа пишува, произведено за Стокомак, а во Прилеп, оригиналот можеш да го најдеш за 18 ден. И сега кок е овде луд? Ако така се прави со Пепси, тоа се прави и со млеко, благо... Не викам дека газираното има некоја разлика, пак е штетно, ама зошто не го продава оригиналот за 18ден. Оти оригиналот го купува 16ден -16.5(можеби), а производот само за него со специјални состојки го зема за 14 ден. Значи? Што? Објасни ми те молам. Така прави и КАМ, Киппер, Лидл, Алди, малди... Сепак проблемот е до менталитетот на народот не до маркетите.
Мои пари, ќе ги дадам на кого сакам.
Ако тој македонскиот газда ме почитува мене како потрошувач, нема да оди со високи маржи.
Јас никогаш не сфатив зошто Битолско млеко е поскапо за 15тина денари од останатото. Имам роднини што чуваат крави, и не гледам нив да им го откупуваат по 40 денари, па да го продаваат по 55 денари.
Друга работа, би му платил него повеќе само и само ако видам дека тој ќе ги плати вработените повеќе од останатите. Бидејќи не гледам персоналот во македонските маркети да е платен по мин. 500 евра, не гледам ни поента да му го полнам џебот на тие газди.
Во превод, ќе купувам од кај тој што ми дава најдобра понуда.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom