Очекувам и од Пелистер 2 да загубат
Па тоа е веќе од сите што следат домашна лига очекувано веројатно. Гледам дека Битолчани се на пат да ги заменат Автокомандоси во преувеличување на "талентот" со кој располагаат. Апсолутно никакво изненадување нема да биде (па дури можам да кажам дека за мене е и очекувано) вториот тим да им заврши годинава трет во првенство, позади Вардар и нивниот прв тим. Лани во плејоф иако завршија последни сепак со сите тимови (освен нормално првите два) изиграа тесно со порази од 1-2 разлика дома и 3-4 разлика во гости, а годинава на тимот додадоа три-четири играчи од првиот тим, плус го донесоа Димитриоски од Вардар, така да сега тимот им нема многу многу врска со младост и развивање на таленти. Работата е што освен Вардар и првиот тим на Пелистер, сите други тимови во лигата се утепани, со никаква шанса во Европа, слично ко клубовите од женската лига, а можам да замислам само какво трескање од земја ќе биде да освојат трето место во лига годинава
. Реалноста е дека разликата помеѓу првите два клуба и останатите е толку голема што и единствените двајца кои се стварно таленти во тој тим, Атанасијевиќ и донекаде Ѓорговски, само би уназадувале во кариерата ако ги префлат во првиот тим. Атанасијевиќ е веројатно најдобар играч на вториот тим, а е незамисливо да се спореди со бековите од првиот тим. Веројатно најпаметен потег би им било догодина да си преминат во Алкалоид сите помлади таленти па од таму како клуб-Б репрезентација
да се борат за резултати и трансфери низ Европа. Вардар и Еурофарм Пелистер не се клубови кои моментално би равивале таленти.
Кога сме на темата на утепаниве од темната страна на градот, не само што очекувам да изгубат од Пелистер 2, туку и сигурен сум дека нема да фатат плејоф годинава, а нема да ме изненади и да испаднат од лига. На Минчо треба да му се даде награда за НајВлав на деценијата што на тоа богатство ги дупчи со години за пари што се ситна боранија за него.