Охрид во едно далечно време кога Господ одеше по земјата имаше линии до Дубровник, Сплит, Загреб, Белград, Љубљана,Подгорица, Задар, Женева итн минимум по два пати неделно. За еден час си Белград, потоа светот ти е на дланка.
Ама тОа нЕ беШе дРжАвА. Немале права Македонците, така кажуваат некои. Еве не, 30 години подоцна,наводно со некој права, ама никако да сфатиме дека со правата доаѓаат и обврски. Знаеш што е сменето на Охридскиот аеродром откако е изграден? Една работа, на времето имал фри шоп, сега нема. Клупите за чекање се постари од мене.
Пошо правиме споредби со Шведска, САС, шведскиот национален авиопревозник бил основан 1946. Охридскиот аеродром првиот лет го имал во 1953. Дали сега можеме да кажеме дека во било што заостануваме зад Швеѓаните 7 години? Светлосни години сме поназад.