1) Пишуваш прееска дека ако си на брод да си земел двоглед или апарат со добар сум ќе сме виделе дека немало хоризонт туку тука е сонцето, уште стои;
2) Кога те прашуваме/ти кажуваме дека ако е така, океј, кај е сонцето кај да го бараме - одговараш дека не сме можеле у бесконечност да гледаме, неаме толкав зум(?) ...? Бесконечност? Молам?
3) Викаш дека не е 150 милиони километри одалечено - сам си контрадикторен, по автоматизам некој и некаде, во некое време, ќе го види на телескоп и ќе докаже дека го глеа;
4) Упорно користиш збор со големи букви - Перспектива (што и да ти значи тоа), демек нешто држи вода маубетот;
5) Упорно кажуваш дека сонцето е многу помало од земјата, ама па ако те прашаме за колкава е земјата, немало за тоа факти, теории биле, ни криеле;
Седни си дома и постави си ги прашањата сам на себе. Не глеј јутуб, не глеј култови, не глеј home-made експерти.
-Како е можно на
секое логично прашање, да имате контрадикторен одговор или воопшто да немате? Како тоа вие
сонцето го измеривте 36 километри дека било (или колку и да е според вас, викате многу помало е),
ама земјата е рамна и не знаеме колкава е, теории биле, ни криеле?
-Како е можно да си кажеш и да веруваш у тоа,
дека на море сонцето ако заоѓа ќе си го видел со двоглед пак, ама ако кажеме ајде вечер да го бараме со телескоп, викаш
немаме толкав зум?
Како е возможно на сите наши факти дека земјата е топка и дека она врти околу сонцето, да викаш дека е фејк, дека е монтажа, дека не лажат и што не, ама ни еден мочан контра издржан факт да немаш? Дајте измерете ја земјата, качете се у авион и идете сликајте таму тоа ѕидовите, покажете дека е така. На крај краева, нека летне некој до горе, до сонцето, нека докаже дека не е милиони километри, него тука е одма. Нека слика од карши да видиме... било каков доказ.
Еве ја на пример ќе те ислушам и ако ти држи вода муабетот стварно ќе се замислам, ќе истражам, ќе прочитам нешто. Ти не дозволуваш второ мислење апла си навлезен. Сите објави што ги правиш не се докази, туку се ставови на поединеци кои врскаат немаат со наука (ко ја и ти тука што си пишуваме).
И за крај, зошто глеам слика објави. По кој закон, теорија, факт заклучуваш дека е рамна ама не го глеаме? На рамна површина ова ќе се види од сите локации. И сеа тебе одговор ти е „па неможеш у бесконечност да глеаш“
