Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.442
Поени од реакции
9.182
Она болното копиле муртинско пак се фаќа за срце, им вика на новинарите експерти работеле на случајот дури работеле немало да има изјави.

Абе мир во гроб да не си најдите.


Овај пак дебелиот, освен ако не е политички мотивиран, вика во 9 вечерва започнал пожарот... како тоа никој да не изреагира толку време ако навистина во 9 започнал?

Никогаш нема да се дознае што се случи навистина.

Она врискање на луѓето под огнот фамилиите ќе си го носат со себе додека се живи. Да не им си во кожата.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.846
Поени од реакции
7.654
Никаква морална утеха нема да биде без разлика дали загинале 10 или 30.
Не смее да се случи ваква катастрофа во објект кој е изграден во последните година две, едноставно не смее со оглед колку безбедносни правила и процедури постојат денес.
Не смее ни една човечка жртва да има, нема утеха во „ај барем 15 се, не се 30“.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.505
Поени од реакции
6.136
Какви оставки какви бакрачи, ќе помине и ова како да не се ни случило. Едноставно кур ги боли за народот што мисли. Ќе има изјави тук таму, ќе се заташка цела работа.

Од ден во ден оваа држава станува се поголема вукојебина.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.279
Поени од реакции
27.744
Затоа што за кутрите по болниците нема кој да се грижи. Не треба да е корона, ова е општопознато од порано... Не познавам досега медицинска сестра или брат досега да извршил нега на пациент. Некој мора тоа да го прави, а тоа се роднините. За капење, хранење, попатно да исклучат инфузија, да мерат температура, да помогнат на други пациенти. Македонска медицинска сестра ти е само да те боцне, ив канила да ти стави, и инфузија да ти нареди...
Ne tresi zeleni ma
 
Член од
12 септември 2016
Мислења
99
Поени од реакции
488
Ех наша мила Македонија..Ова е реалната слика на нашите политичари, неспособни, од прв до последен, како и секогаш без никаква одговорност...Дали не ви е жал бе монструми едни,дали имате душа??..Картон држава, модуларна болница од картон, ви горат живи луѓе бе куртони едни..Толку кредити зедовте, не можевте една болница да изградите?Унапред се предупредува за проблеми со истата болница, а никој не реагира..Планини, цели градови ви горат, вие не знаете како да реагирате...Да ви се плукнам и во Вмро и во Сдсм и во Дуи, гробари едни..Многу жално и тажно да слушаш како луѓето ни криви ни должни се безпомошни и горат живи..Исрено сочуство, и се надевам дека овај народ конечно ќе се опамети..Ова е само почетокот на нашиот крај, крај за кој ќе се погрижат нашите неспособни политичари
 
Член од
9 септември 2021
Мислења
5
Поени од реакции
7
И после трагедијава доколку не се крени народ. Да се одржат протести без партичка позадина. Протести од реални луѓе. Срамота.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ова е првото видео од местото на настанот!
Тој што снима примети дека има луѓе внатре што горат...

 
Последно уредено од модератор:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.548
Поени од реакции
62.460
Затоа што за кутрите по болниците нема кој да се грижи. Не треба да е корона, ова е општопознато од порано... Не познавам досега медицинска сестра или брат досега да извршил нега на пациент. Некој мора тоа да го прави, а тоа се роднините. За капење, хранење, попатно да исклучат инфузија, да мерат температура, да помогнат на други пациенти. Македонска медицинска сестра ти е само да те боцне, ив канила да ти стави, и инфузија да ти нареди...
Знаеш колку луѓе починаа на Скопска Хематологија затоа што не беа дозволени никакви посети за време на Ковид? Тоа се луѓе на кои очајно им е потребна дополнителна помош од страна, примаат хемотерапии тешки, им треба храна саглам. Те пуштаат внатре само да си го изнесеш починатиот. Забранети посети се смртна пресуда за скоро сите што лежат таму.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Колку и да се починати,трагедија е и некој треба да одговара,а некои да си дадат оставки!
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.175
Поени од реакции
2.653
Нема да ме чуди ладнокрвно и без око да им трепне жртвите да ги стават во дневната Ковид статистика...
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Што не ти е јасно ма?
Знаеш колку луѓе починаа на Скопска Хематологија затоа што не беа дозволени никакви посети за време на Ковид? Тоа се луѓе на кои очајно им е потребна дополнителна помош од страна, примаат хемотерапии тешки, им треба храна саглам. Те пуштаат внатре само да си го изнесеш починатиот. Забранети посети се смртна пресуда за скоро сите што лежат таму.
Едно е посета, друго е да вршиш работа што треба медицинскиот персонал да ја врши.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Ова е првото видео од местото на настанот!
Тој што снима примети дека има луѓе внатре што горат...

Не гледам пожарна, ова веќе изгорело кога дошле пожарникарите.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Страшно што се случи. Сочуство до семејствата на починатите а оние кој го преживеаја ова нека им е со лесно и посакувам побрзо да закрепнат и оздрават.

Туку овие Интермецо колку пати ги затворија?
Епа тоа прават. Нека шетат по локали да видат колку имаат сертификат, дали има 30 или 50% исполнетост, додека гори пола држава и додека има стотици огромни и реални проблеми.

Имаат среќа кога не ги потиснале да му удрат едно пеглање вечерва таму, како награда за целото ова скоро двегодишно злоставување кое го достигна врвот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom