А на која основа кадидатите на Левица немаат изградено лична кариера?Најди било кој пример, на политичар било каде во свет, што не успеал да изгради лична кариера, а направил добра политичка. Или некој градоначалник што не знае да си го среди сопствениот двор, ама го средил градот.
Тој од Карпош има 17 години искуство како Систем Инженер, има фамилија и три деца.
Тој од Центар е архитект по професија.
Таа од Аеродром е спортиста ( неколку кратен првак на Македонија) со свој спортски клуб и учествува во организација на Скопски Маратон.
Сакаш да ги разгледаме кандидатите на ДПНЕ и СДС еве за Скопје и да видиме кој од нив како професионално и лично се изградил себеси? Да не испадне дека скоро ниту еден немаат мрднато од државни институции, партиски невладини и фирми кои се само за перење на пари од државни тендери.
Па од високите кадри и во СДС и во ДПНЕ 90% од прво оделение ви се влечат по партија и немаат мрднато на страна. Трета, четврта генерација на државни паразити. Деца и внуци на пратеници, министри и директори. Луѓе како Ѓорчев не ви се исклучок туку денеска се стандардот.
Оваа Данела "независната" не постои како човек надвор од нејзината активност во таа стопанска комора. Образована надвор од државата, вратена назад, директно бутната во "организација" и тоа е тоа. Биографија на странски пиун.