Фудбалски/трансфер дискусии

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.759
@Факе Пошто гледам нешто смешно ви е. Пратите воопшто берза и имате ли било какво познавање па ова ви е смешно ? A и треба као нешто од тебе дозвола да барам дали да коментирам за Јунајтед или ?
После твоите експертизи за "нет профит" од пред некој месец, те молам поштеди не' од економски анализи.

Земал за берзи ќе објаснува.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.752
Поени од реакции
8.838
Чудно е колку се форсираше Сити дека ќе го купи првин Меси па после Роналдо...онака најнелогични и најнепотребни трансфери би биле за нив ако размисли чоек со здрав разум од секоја можна перспектива...единствена логика би била тоа што се финансиски моќни,ама се друго немаше смисла...тие Кејн не се знај дали ќе го земат, не пак овие двата.

Како досега не ја научивте политиката на Сити низ годините не ми е јасно...тие и пред Гвардиола купуваа скапо ама само на проверени помлади играчи (претежно 26 минус) каде ќе ги искористат 7-8 години на подолг рок..скоро сите играчи што му беа носители ги купија од помлади години каде допрва влегуваа во нивниот прајм(Силва,Туре,Агуеро,Тевез,Насри,Џеко од почетоците на Манчини, до Навас,Јоветич,Волкер,Де Брујне,Стерлинг,Oтаменди во ерата на Пелегрини и Бернандо,Марез,Стоунс,Лапорте,Диаз,Волкер,Родри во последните години со Пеп)....многу ретко Сити потрошиле толку многу пари или да вложат голем капитал на играч во пододминати години...евентуално Фернандињо на 28 години(кои се сеуште прајм) во 2013 година како најскап трансфер тоа лето.

Уште кога го поврзаа со Меси 1000% бев убеден дека нема да оди тука, па и за Роналдо мислам дека беа шпекулации.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.630
Поени од реакции
5.606
После твоите експертизи за "нет профит" од пред некој месец, те молам поштеди не' од економски анализи.

Земал за берзи ќе објаснува.
Оф бре грев еден. Ти големиот мондонико што си го предвидел падот на Милан И Интер уште од градинка. Ако е така по твоја логика ти засекогаш треба да те снема од подфорум фудбал.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.260
Поени од реакции
7.263
Три натпревари да не дае гол и експертите Невил и Линекер, и остали таму у Англија на глава ќе му се качат. Бар за тоа у Италија беше лабав.
А више за жал па дури и него почнаа годините да го стигаат.
Од страна на финансии плата/ќар од ЦР7 ќе бидат на квит Јунајтед.
Е сеа од страна на развиток на Рашфорд, Гринвуд, Санчо (место главна карика, што го чекаа со години сеа ќе падне у втор план), тука ќе бидат у минус Утд.
И нешто што имам забележано, а тоа ќе биде најголем downgrade за Утд е влијанието на ЦР7 врз најдобрата карика, Бруно Фернандеш. Барем така е со Португал.
Топките нема да ги "троши" оној што најдобро се вклопи и знае, туку ќе идат кај ЦР7. Влијанието негово ќе го бутне у втор план Бруно, ајде и пеналите ќе ги изгуби, слободните, шутевите ќе му се намалат...

Се надевам заради ЦР7 дека ќе биде се обратно, меѓутоа...
Многу прецизно си ги доловил cons-от на трансферов, кои се дискутирани со мирна глава пред неколку месеци.
Познавајки дека откако влезе во прајм во Јунајтед па се до Јуве, он секаде е главниот човек за сите работи, што во тековната ситуација може да е многу лошо. Искрено се надевам дека нема да биде главниот, зошто црно ни се пишува, ептен ќе не угуши.

Офанзивниот концепт на тренерскиот штаб, беше дуплиот пивот да рмба за цел тим и да им дава топки на предната 4ка. Е сега преднава 4ка, од тоа што видовме првите 2 натпревари често знаеја да си ги измешаат позициите т.е. Бруно да иде шпиц, па после некое време лево крило, Погба од лево крило да иде на 10ка итн.

Меѓу редови да си ги мешаат позициите и да трчаат у канали, а еден од креативните играчи - Погба, Санчо, Бруно да пушта топки со очи што се викаат, што додава фактор на непредвидливост. Идејата е да има креативност и слобода во напад, за да се отвараат бункери. Е сега ако Роналдо е центарот на се тоа, пиши пропало, прочитани ќе бидат.

Дополнително Оле сака да вршат пресинг (не оној луд пресинг ко Ливерпул што го правеа порано, него повремен), Роналдо колку ќе може да го врши тоа не знам стварно.

Бруно може да го гуши, само ако треба исклучиво на Роналдо да му дава топки, што не верувам да биде искрено - оти е превидливо. Разликата од Португалија до Јунајтед, е што Оле му дава огромна слобода на Бруно да прави што сака. Не верувам ова ради Роналдо да се смени.

Исто ме плаши ситуацијата што би било ако некои 20 минути не види топка, додека им се дава топка на другите зошто се во подобра ситуација. Ваљда нема да кења плачкото.

Убавината на концептот на офанзивата опишана у првиот параграф е што сите во 4ката, па и 6ката со се двајцата во пивот, ради измешаните позиции сите можат да изненадат од било која позиција и да направат дриблинг и да дадат гол (Џејмс не спаѓа у клапава). Ако се е насочено према Роналдо, овој момент мислам се губи.

За пеналите не е страшно (лично посигурен сум со Бруно) нека билда Рони бројки да не му драпаат мадиња, ама слободни подобро да не му даваат да шутира. Откако дојде Бруно, почнавме да гледаме голови од слободни.

Рашфорд и Гринвуд го идолизираат Роналдо, така да дефинитивно ќе научат нешто плус и ќе кренат стандарди за тренинг. Има да се здиват на тренинг го прле пред магарица. Гринвуд научи еден куп работи од Кавани, а не па од Роналдо. (BTW Кавани му е ментор на Гринвуд). За Марсијал не знам баш, ако го изеде страв од конкуренција па да му проработи газот. Џејмс искрено не знам што би научил, личи доста лимитиран во репертоарот.

Предна тројка сигурно ќе биде Рашфорд - Кики - Санчо, така да Санчо не губи многу. Едино Гринвуд ќе му дише у врат на Санчо цело време па ќе се ротираат. Дополнително и Гринвуд и Санчо може да играат на лево крило, па и таму ќе има ротации еден куп.
Позади нив на 10ка неприкосновен ќе е Бруно, Погба у пивот + еден од Фред/Мектоминеј. Одбраната ќе е иста, Шо-Мегваер-Варан-Ван Бисака. Али ќе има често ротирање во нападот, не верувам едни исти да играат цело време (освен Бруно).

ПС: За репер го земам Кавани. Човекот не може спринт да направи, ама одлично се ухода во играта и тимот (иако не меша многу со позициите). Роналдо колку толку сигурно може да истрча, па како оптимист мислам дека е "надградба" на недостатоците на Кавани. Да биде главен кум тешко, оти Бруно си ја има неприкосновената слобода, а Оле е лојален кон играчите што му носат резултати - макар биле у мизерна форма.

ППС: @Джонтра Вохохолта читај го есејов овде, мислам дека исто мислење имаме на темава со @vidooq. Да не го мачиш да пишува човекот.
 
Последно уредено:
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.839
Поени од реакции
23.084
Кој прати НФЛ знае дека Глејзерите се сопственици и на Тампа Беј Баканирс. И лани иста финта направија, франшизата почна да им иде надоле, трошеа паре, го имаа најдобриот пар вајд ресивери у лига, одлична одбрана ама маркетингшки стагнираше франшизата иако се од Флорида.
Го земаа Том Брејди, јес он у НФЛ е андиспјутед ГОАТ, што Роналдо не е у фудбал ( ама е близу до врвот), и завршија огромна работа маргетингшки. Брејди беше најпродаваниот дрес у историјата на франшизата. Е сеа у НФЛ им успеа и на спортски план, Брејди беше кариката за освојуење СБ, па може и со Роналдо покрај продажбата на дресови која ќе биде луда ќе им донесе и титула у ПЛ или ЛШ.

Не сакам многу да се распраам на форумов со навивачи на тимови што не са од Италија и не сакав да навлагам овде у дискусии ама моментот кога се знаеше дека Алегри ќе биде тренер на Јуве оваа сезона, со еден другар праевмо муабет за серија А му реков Роналдо ќе си иде, и може Глејзерси да пробаат да го врата назад и да напраа финта ко со Брејди
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.050
Поени од реакции
1.515
Мене само не ми е верно дека Јунајтед направи еден од најбрзо реализираните трансфери воопшто, за нецел ден од ништо нешто. Пази кој, Јунајтед! Џејмс го купувавме 2 недели и згора :facepalm:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.644
Поени од реакции
18.117

Кога Мурињо ќе ти каже the real Ronaldo и the best Ronaldo :)

"I've never claimed to be better than anyone. I just wanted to be good. " -R9

Одлика на великан. Каква кариера ќе имаше да не беа повредите кои влијаеја на неговата психа доста, и понатаму проблемите со килажата како последица на се. За мене засекогаш goats остануваат он, Зизу, Дињо и Адриано

p.s препорака за сите фарсаши да ја гледаат оваа утакмица против Атлетико, тоа против ПСЖ ќе им изгледа лајтерица.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.050
Поени од реакции
1.515

Кога Мурињо ќе ти каже the real Ronaldo и the best Ronaldo :)

"I've never claimed to be better than anyone. I just wanted to be good. " -R9

Одлика на великан. Каква кариера ќе имаше да не беа повредите кои влијаеја на неговата психа доста, и понатаму проблемите со килажата како последица на се. За мене засекогаш goats остануваат он, Зизу, Дињо и Адриано

p.s препорака за сите фарсаши да ја гледаат оваа утакмица против Атлетико, тоа против ПСЖ ќе им изгледа лајтерица.
Чисто информативно, која меана работи до вака касно?
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.839
Поени од реакции
23.084

Кога Мурињо ќе ти каже the real Ronaldo и the best Ronaldo :)

"I've never claimed to be better than anyone. I just wanted to be good. " -R9

Одлика на великан. Каква кариера ќе имаше да не беа повредите кои влијаеја на неговата психа доста, и понатаму проблемите со килажата како последица на се. За мене засекогаш goats остануваат он, Зизу, Дињо и Адриано

p.s препорака за сите фарсаши да ја гледаат оваа утакмица против Атлетико, тоа против ПСЖ ќе им изгледа лајтерица.
Озбилно го стае Адриано со пола сезона добра у кариера у иста реченица со Роналдињо и Зидан и Роналдо дебелиот?

:pos: :pos: :pos:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.603
Поени од реакции
62.707
@Джонтра Вохохолта малтене ти пишал Стефан скоро 80-90% од она што и јас мислам. Не верувам дека ке му текне сега магично да биде тимски играч, без плачките на терен секогаш кога нема да му дадат топка или кога ке го извадат од игра. Не ги можам оние гестикулациите на терен од играч и негодувања кога ке го сменат.

Еден Ремзи од Јувентус ме вади од такт кога ке почне да дига раце да му дадат топка и кога треба и кога не треба. Имаме играчи за таа негова позиција, Кавани работата си ја врши и повеќе од што треба, Гринвуд е одличен. Мислам дека сега улога во трансферот одигра и тоа што Кавани ке сака да иде за Уругвај, а на враќање ке мора во карантин, со што пола сезона ке пропушти.

Не се сомневам дека ке има огромен позитивен ефект врз останатиот дел од екипата, ке го видат од прва рака како тренира, како се храни, како се спрема за утакмици.

Но, друг проблем е што сакам Јунајтед да го реши примарно е проблемот со дефанзивен средњак, зашто моментално се крпиме со Фред, Мектоминеј сеуште ја нема таа дисциплина за да игра на таа позиција сам, а на Матиќ одамна му се отидени нозете и не можеше да изигра цел меч против ебан Саутемптон, и тоа втора утакмица во сезоната, откако имаше одмор најмногу од сите. Сметам дека мора да купат играч за таа позиција до 1-ви ако сакаат да идат до крај во трката за ПЛ.
 
Последно уредено:

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.893
Поени од реакции
1.195
Ќе си биде супер Роналдо во Ман Ју, го сакаат фановите се му е погодено, уште ланската сезона се знаеше дека ќе бега, само тајмингот што го одбра не беше ок али мора да е центар пажња, без тоа не го бива :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom