- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.557
- Поени од реакции
- 18.600
Па не беше ти тој што збореше за смртност? Ако сите пациенти се као тебе и одбиваат терапија препишана од лекар, несомнено е дека ќе имаме висока смртност. Независно ковидот, генерално зборувам.
Види, точно е дека има многу дупки во здравството, ама не е дека сите не чинат бе Тенеке. Тебе ставот ти е дека професорите по имунологија и лекарите ништо не знаат, а ти со читање интернет сајтови си постручен од нив. Дури ете, на твоја одговорност си прекинал сам антибиотска терапија.
Значи ако не си бил добар и ти била ординирана антибиотска терапија, пожелно би било да се дистанцираш од другите. За секое инфективно заболување е така. Затоа и постои нешто што се вика боледување. Само е сведено на твоја лична одговорност и совест. Сега условите се други, вирусот е распространет на глобално ниво и мора да постојат некакви мерки за да се сузбие ширењето...затоа што огромен е бројот на непослушни пациенти ко Тенеке.
Добро ај да ти појаснам сега. Значи се работеше за случај во кој што еден доктор ми даде антибиотици, но јас се консултирав и со друг. Вообичаено тоа е некој доктор во кој што верувам. И тој ми рече дека нема потреба да ги пијам.
Инаку за делот дека ги дискредитирам сите професори и дека се едуцирам само на youtube, многу ме разочара, затоа што знаеш што поддржувам.
Но, ако не ти е јасно еве еден доктор кој што ти го заобиколуваш, но јас многу го ценам. Воедно ја објавил студијата што јас ја објавив овде. Во коментари ќе видиш еден куп доктори и имаат различно мислење од ова мејнстрим лудило. Луѓето треба да имаат информации, затоа што со ова cherry picking никаде нема да стасаме. Бројките ќе се сумираат на крај.