Како ти делува е твој проблем, реков и претходно. Не може да ме сопреш мене, ниту некој муслиман ниту било кој друг кој што решил самиот себе си да си пушти крв заради „спиритуални“ цели или било какви цели. Такви му се ритуалите, такво му е обожувањето. Ние како странци во тие мистерии не можеме да се мешаме. Можеме само да пробаме, ако сакаме да ги разбереме.
Подобро е да се пушти туѓа крв, курбан да се даде во наше име или пак...? Како што измислија старите религии наместо нивна, да дадат туѓа крв? За тоа имаме примери... и затоа не е ништо како што треба!
Нема граници ни во XXI век ниту во минатото. Тоа е лага. Но не си запознаен со разните тајни учења кои постојат низ времињата до ден денес.
Велиш мултикултурно општество, со него треба да следува демократија: секој да може да ја извршува својата волја со огромна свесност за она како дејствува и кон која цел, за да не повреди други или да ограничи други. Простор има, философија има, за дејствување правилно има колку сакате - само треба да се разбере дека ако јас имам слобода да не бидам религиозен, религиозниот има право да биде религиозен и да ги изведува своите ритуали како мисли дека треба.
НО: секогаш на ум да не се ограничува другиот.
Пак ќе повторам: исламот и христијанството се такви религии од стариот еон: или со мене или против мене. Без разлика што зборуваат за љубов, за богови, за искушенија... тие ширатсамо раздор, за жал.
Или си муслиман/христијанин или си неверник и грешен и боговите ќе те казнат. Некои задоени со моќта божјите казни ги земаат во своја рака и сами си толкуваат како ним им одговара за нештата на Земјата, во однос на поединецот и тука грешат заборавајќи дека така наметнуваат догми и ропство врз оние кои не се како нив ниту се повикани да бидат како нив.
За нив, има лек - само што не сме ние судиите кои ќе одлучат кога, каде што ќе заврши во однос на човештвото.
Но секако - ќе заврши. Како што ќе завраши и Телема и Тајниот бог кој што седи сега на Истокот