Се сложуваме за вирусот, но и грипот истотака знае да предизвика непоправлива штета на органи, како и да резултира со фатален исход.
Луѓе што беа и се ризична група се вакцинираа против грип или се изолираат у период кога грипот го фаќа замавот, така треба и со короната. Доколку си ризична група, живееш со луѓе кои што се во ризична група, лепо фино ќе си одиш да се вакцинираш, ќе ги почитуваш мерките или ќе си седиш дома - а не форсирана вакцинација за сите, забрана за движење за сите, економски колапс, полициски часови и остали гестапо тактики.
Протестите нема да ги коментирам, но у врска со кафаните имаат право да се бунат. Угостителскиот и услужниот сектор најмногу финансиски беше уништен од смешните мерки од владата, ги затворија локалите кога имаше по 2 заразени дневно, ги упикаа у кредити, ги затвараат и отвараат секои неколку месеци, секоја недела уведуваат нови протоколи за работа и слично. Лепо фино, ако си ризична група, живееш со луѓе кои што се у ризична група нема што да одиш по кафани и кафулиња, нема зашто сите да трпат економски и психички поради тој мал процент на ризична група.