Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Сакаш да се кладиме дека ке има на маса договор од Јунајтед од 500.000 неделно на крај на оваа сезона?
Може! Инаку тоа сценарио е можно само ако бидеме шампиони, у тој случај не ми смета нека ја шета фризурата уште некое време :D Макар што мислам дека ќе билда плата во следниот клуб оваа сезона, што за нас и не е лоша варијанта, ама толку далеку тешко да отидеме!
Автоматски споено мислење:

Со играта на Гринвуд Марсијал слободно може да си бара друг клуб малиот страшно игра.
Гринвуд и Мргуд може и заедно да функционираат! Инаку малиов ми прави ќејф како ја започна сезонава!
 
Покрај ваков Гринвуд, Марсијал тешко да помириса стартно место наредниов период.

Бруно :cuc:
 
Може! Инаку тоа сценарио е можно само ако бидеме шампиони, у тој случај не ми смета нека ја шета фризурата уште некое време :D Макар што мислам дека ќе билда плата во следниот клуб оваа сезона, што за нас и не е лоша варијанта, ама толку далеку тешко да отидеме!
Автоматски споено мислење:

Гринвуд и Мргуд може и заедно да функционираат! Инаку малиов ми прави ќејф како ја започна сезонава!

Ајде, на по ребро у Етно село? Да допрецизирам, сигурен сум дека нашиве ке му понудат пред да си иде, најмногу пари како плата, да го направат најплатен играч во ПЛ.

Инаку мене од Гринвуд ова ми е очекувано, и ке видите дека ке ја има најдобрата сезона кај нас до сега.
 
Гринвуд ќе биде страшен шпиц на ниво на Перси или барем приближно. Го има фудбалот во малиот прст. Како расте се повеќе е комотен како шпиц. За година две очекувам да експлодира. Уште Перси да му го донесат за личен ментор би било идеално. :D
 
E8wLKgvWUAYTplm
 
Одличен натпревар и од Погба денес, мора да се признае колку и да не ни е по кејф.
Зашто не по ќејф?
Море дај боже секоја да му е ваква, ќејфови! Тоа што он е малоумен, а агентот и семејството му се свињи, друг муабет, ама секоја негова добра игра, добредошла!
 
На која основа бе земо? Оти играат Погба, Фред и Џејмс? Тоа те тој состав што лани беше светлосни години зад Сити, едино ако на Криптон биле на летување :D
Да, баш ради нив, иначе ќе не дупнат Лидс.
Аа штом е така Ок! Немој молимте у селска лига не фаќаат така сомови како Џејмс што се фаќа у офсајд, за Фред специјалистот за стартови пред шеснаесет и Погба јакиот играч :mad:
Фала богу издржа Бруно до крај во дуелот!

Фред, МекТоминеј (и Џејмс) ти праќаат поздрав :toe: Како што реков главна карика беа за било кој подвиг денес, со причина Лидс личеа безопасни. Скот беше нереален денес, одма падна темпото на играта откако излезе.
 
Пред да почне натпреваров решив да правам мини анализа или pros and cons за изданијата на Погба на секој меч шо ќе го гледам сезонава.
Значи настрана од незалагање на терен и моронски изјави на браќа, сестри шатки и патки да видиме колку е реално корисен за тимот на секој меч.
vs Leeds
Pros: (4)
31- Асистенција за Фернандеш - одлична топка 10/10
52 - Асистенција за Гринвуд - одлична топка 10/10
54 - Асистенција за Фернандеш - обично додавање 5/10
67 - Асистенција за Фред - 8/10

Cons: (3)
15мин. Промашување на зицер
26мин. Шанса за Лидс -
Родриго му избега при прикин, зонска одбрана не значи дека треба да пиеш кафе на местото каде што си бил каде што си започнал.
49мин. Гол за Лидс-
Ајлинг му избега овој не ни проба да го изблокира иако тоа му е задачата во одбрана на лево крило да го маркира десниот бек/крило.

Final score +1
Само затоа што убедливо победивме и асистенциите му беа кон играчи што знаат да го погодат голот
9/10
 
Фред, МекТоминеј (и Џејмс) ти праќаат поздрав :toe: Како што реков главна карика беа за било кој подвиг денес, со причина Лидс личеа безопасни. Скот беше нереален денес, одма падна темпото на играта откако излезе.
Немој да бидеш како отоците од Серие А, кои ги релативизираат сите факти, за да си ја оправдаат поентата!
МекТоминеј? Откако го пуштија да шутне топка во прв состав, ако најдеш лош збор да сум кажал за него, мравка врзана на синџир ќе спуштам од Водно до плоштад!
Фред? Оти даде гол? Инаку таа истата труба е, борбен до немајкаде, неталентиран за фудбал до бескрај! Не го хејтам, ама сакам што побрзо да му најдат саглам замена!
Џејмс.....................................
 
Ништо погрешно не изигра Фред, ниту па се очекувало да биде сосема различен играч оти бил на одмор 3 недели. Тој е што е, а каков што е - одлично решение за екипи ко Лидс е. Со Скот по мене беа камел темелник за денешното издание, и во напад и во одбрана. Лидс личеа ко издишан балон, а се далеку од тоа.
 
Џејмс ми ги креваше нервите со глупостите во шеснаесетник и безвезните шутеви, но се вадеше со борбеноста, им одеше директно во нозе и пресече доста топки.

Скот очекувам да е ниво погоре од прошлите сезони кога го сецкаа повреди.
 
Него што викате за Линделоф и ДМ? :D По којзнае кој пат си ја покажа визијата и пас играта денеска, со асистенцијата за 3от гол на Бруно.
Автоматски споено мислење:

Него што викате за Линделоф и ДМ? :D По којзнае кој пат си ја покажа визијата и пас играта денеска, со асистенцијата за 3от гол на Бруно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom