@Red Zurla Имаш проблем со "релативноста" па би рекол и логичкото расудување штом вака просто ги сфаќаш работите. Мешаш елементарни физички поими како центрифугална и гравитациска сила.
Ај со ред, иако очајно ми доаѓа сцената од Монти Пајтон и потрагата на Светиот Грал
Кога ги наоѓаат селаните како сакаат да фрлат вештерка во вода, и ако не потоне значи дека стварно е вештерка! Тоа ти е левелот и мислам дека дури и Талибанците се малку понапредни од ова.
Туку да почнам...
Го извлекуваш воздухот од еден сад(тоа се вика вакуум), и пушташ еден предмет внатре!
Паѓа на дното! Глеј чудо! Не ти треба ни ваздух ни густина! Предметот е "магично" привлечен од земјата!
Истиот експеримент, само во голема просторија со вакуум! Пушташ ѓуле и пердувче од 5 метра висина! И чудо и двете ќе паднат истовремено на земјата! Воздух нема и не ти треба!
И таа сила на привлекување ја нарекуваме "гравитација".