Џефри Дамер е најтешката психопатија што некогаш се појавила кај сериските убијци.Повеќето од нив не ни страдаат од класична психопатија туку од анти-социјално растројство,ама ајде,многу голема сличност имаат овие две нарушувања.
На True crime daily вообичаено гледам по некој документарец од оваа тематика, а интересно е тоа што опфаќаат и активни и актуелни случаи на убиства. Скоро секој ден објавуваат по нешто ново, тој канал на Јутуб можам да ти го препорачам.....
Да ти кажам искрено веќе не ги пратам овие работи.На True crime daily вообичаено гледам по некој документарец од оваа тематика, а интересно е тоа што опфаќаат и активни и актуелни случаи на убиства. Скоро секој ден објавуваат по нешто ново, тој канал на Јутуб можам да ти го препорачам.
Прашањето е кога убиството станува општествено неприфатливо? Човековата историја е полна со крв и убиства. Дури и смртната казна била основна и главна казна за извршителот на одредено дело. Честопати била и јавна, се собирала толпа да ги нагости очите на својата пуста душа. Дури потоа одиме кон психопатијата и желбата за нанесување болка, па и убивање.
Почнуваме од Х.Х.Холмс и завршуваме со методологијата на ФБИ (има книга и серија Mindhunter). Дел од приказните во серијата се вистински цитати од интервјуата (и нив ги има на Јутуб) од сериските убијци.
Има филм за Дамер (Мојот пријател Дамер) ако не сум го гледал, а веќе извесно време планирам да го изгледам.
Џурмангалиев и Ткач официјално имаат многу помалку убиства.Ги рачунаме само официјалните.Исто секташот не би го рачунале поради начинот на убивање.Интересна е фасцинацијата на луѓето со сериски убијци. Морам да признам дека порано и мене ме зафати таа фасцинација до некаде па читајќи и слушајќи подкасти наидов на многу интересни случаи. Тука беа и две руски одлични документарни серијали.
Славниот канибал-некрофил-педофил Чикатило со 58 жртви е веќе passe, покрај шаховскиот манијак Пичушкин и оние парот син и мајка во Новокузњецк на прво место во Русија и екс-СССР се промовира Сергеј Ткач со 112 убиства. Фетен тек во 2005 после 26 години ординирање.
Јак случај е Џурмангалиев, ветеран со метални заби за кого била ангажирана цела пешадиска дивизија покрај единици на полиција и специјалци од ОМОН. Убил 52 лица, претежно на изолирани фарми.
Треба да упатиме петиција до издавачката куќа Панини која се бави со издавање на самолепливи сликички па така ќе собираме и ќе се менуваме со сликички на серијаши, пример Дамблдор го има дупло Тед Банди се мењаваме за Чудовиштето од Монмартр и така . Еден фин албум со 500-600 сликички кои би опфатиле рекордери, или по континетни или земја по земја.
Го заборавивте охридскиот серијаш кој уби 6 менувачи на девизи во рок од 5 години а беше фатен во 2005.
Досаден, банален, сив лик кој убивал чисто од материјални побуди. Мислам дека има уште неколку во РМ, тука е spree убицата Томе Стојановски кој убил 4 директори од Скопска пивара во 1966 поради неправди кои секојдневно му биле нанесувани.
Но тој е spree killer кои заедно сo mass murderer како оној ликот преклани во Лас Вегас се засебни категории на манијаци.
Рекордер беше некој индијски секташ на обожаватели на Кали кој своерачно убил 931 лица во период од 40-тина години.
Лукас и Тул се специфични случаи, нема други такви. Тие тотално измислувале непостоечки убиства.Џурмангалиев и Ткач официјално имаат многу помалку убиства.Ги рачунаме само официјалните.Исто секташот не би го рачунале поради начинот на убивање.
Хенри Ли Лукас кога го фатиле тврдел дека имал извршено над 600 убиства.Никогаш не му се докажани.
Тед Банди во различни наврати кажувал различни бројки,во една прилика рекол дека убил преку 100 жени.
Аууууу брат,за овој Томе Стојановски првпат слушам,сега баш проверив,вистина било.
Него сепак не го ставаме во оваа категорија.
Кога сме веќе кај бивша Југославија,Миодраг Столе Трифуновиќ ти е баш оноа класичен сериски убиец.Многу чудно за град како Белград во тој период,мислам дека некаде пред 1950 беше.
Обавезно да ги најдеш фолдерите со македонските психопати од 1966-2021.Лукас и Тул се специфични случаи, нема други такви. Тие тотално измислувале непостоечки убиства.
Ткач не само што има над 100 жртви туку тоа го сметаат еминентни руски криминолози.
Ако одиме по оние кои добиле судска разрешница ниту грин ривер килер нит куп други имаат многу помалку жртви од реалноста. За некои жртви иако се негови нема доволно форензички докази, некои не можат да ги пронајдат, некои се скелетизирани па тешко се наоѓа модус операнди, судството гледа по секоја цена да го тргне манијакот од улиците и затоа се задржуваат на сигурица случаи.
Има лудаци како Харолд Шипман кој не признавал ниту едно убиство а има 252 докажани од 457 можни, познат како Доктор Смрт, англиски рекордер.
Тука е и госпожа Батори која своевремено имала тефтер со 650 имиња на девојки и жени кои по нејзина наредба биле ликвидирани.
Ќе побарам по фолдериве, имав детално напишано околу македонските серијаши, спри килери и мас мурдери, имаше едно 15-тина случаи 1966-2021,барем што може да се најде по книги и на нет и по весници.
Случајот со Танески е дно на дното, типот е ликвидиран за да не каже кои се правите убици, веројатно правиот серијаш е цајкан. Владо и беше колега на мајка ми како дописник и ми има кажувано дека бил сосема нормален, фер и коректен, особено внимателен и џентлмен околу жените, никогаш не покажувал никаков анимозитет кон нив. Ниту се припуштавал, нит кажувал мрсни шеги, нит се церекал пред жени, сосема ок лик. Пошто мајка ми беше новинарка има запознаено еден серијаш лично и Танески како втор потенцијален демек исто така лично а соработувале барем 4 години.
Нема веза.
После смртта на Таневски во Кичево во наредните две години осамнуваат уште 2 женски леша што значи дека вистинскиот убица е сеуште на слобода!
Покрај тоа имаше скандал со погрешно осудени кримоси кои покрај убиство на некој пар старци за да ги ограбат им натовариле и убиство на жените во Кичево па дури години и години по смртта на Таневски некако им ги укинаа пресудите за жените.
А што мислиш да направиме албум? Има сега на обичниве штампари можност за печатење на самолеплива хартија, за албум приватна штампара имаат поволни цени, мало вложување а може да се исплати
Охо и тоа како може да се фалсифукува. Крим техника може да тестира само она шт ополицијата ќе им даде. Има многу да се пишува за овој случај, ти велам дека Владо не е серијаш пошто убиствата не запреа со неговата смрт. Има случаи по америките каде ДНК материјал бил намерно ставан на место злочина со цел да се осуди особа која им фатила око на проклетите свињи = цајканите.Обавезно да ги најдеш фолдерите со македонските психопати од 1966-2021.
Малку случаеви познавам во СФРЈ.Тој период многу ме интересира кои болни патологии вирееле на овоа тло.Знам само за неколкумина.
Околу бројот на жртвите сепак би се задржал само на официјалните.Зошто?
Мислам дека е најпоштено така.Голем дел од сериските убијци се гордеат со своите убиства и многу често наддаваат бројки за да изгледа нивното дело уште пограндиозно.
Башка тоа што во поголемиот број на случаеви лесно се докажува дали некое убиство му припаѓа на убиецот на кој веќе му се суди за одреден број убиства.
Во сериските убиства не мора обвинителот да има форензички материјални докази за секое убиство поединечно.Убиствата се докажуваат според начинот на убивање,жртвите,периодот...
Нема веза,оваа тема е малку поопширна за штракање на тастатура,до одреден степен и ти имаш право,те разбирам што сакаш да кажеш.
Владо Таневски е 99 посто кичевскиот сериски убиец.Само погледни му го детството.Совршено се совпаѓа со неговиот начин на убивање.Тоа што он бил мирен,љубезен и џентлмен спрема жените само се издава самиот себеси во очите на оние кои имаат искуства со правење профили на сериски убијци.Зошто?
Сериските убијци се најчесто мирни,културни,шармантни и угодливи спрема останатите луѓе.Дури и премногу љубезни што е невообичаено за останатите луѓе.Ќе направат се за да ја скријат нивната психолошка состојба.Особено спрема оние кои навистина ги мразат,во случајов жените.
Длабоко во нив сепак има длабока омраза која може никогаш да не излезе на површина.Меѓутоа,еднаш штом ќе почнат да убиваат,многу тешко се запира.
Точно е тоа,два женски леша се пронајдени после неговота смрт,меѓутоа обдукцијата покажала дека се убиени баш во периодот кога се случиле останатите убиства.Башка тоа што знаел детаљи за убиствата кој ги знаеле само инспекторите.ДНК-та пронајдена на жртвите била негова (овој доказ е многу тешко да се фалсификува од страна на локални инспектори),самоубиството исто е доказ дека он е убиецот.Во голем број случеви убиецот откако е фатен покушал да се самоубие.Ако сакале да го убијат,ќе го направеле уште во полициската станица,немало да чекаат дури до Идризово да го извршат чинот,така им е многу покомлицирано.Се работи сепак за локални инспектори кои настрана од Кичево и немаат баш некоја моќ.Верувај брат,ако правиот сериски убиец е џандар како што викаш,полицијата нема да го скрие.
Има уште многу докази против него,ама доволно е.
Околу албумот.Хахахахаха,не знам за во Македонија дали ќе упали,ама знам дека во Америка веќе одамна се користат сериските убијци за правење профит.Ќе ги дорасипиме луѓето брат,они и онака се растроени од капитализмот,уште овоа им фали.
Леле ама сум се раштракал...
Уште нешто,препорачливо е да се информира човек за психолошкиот синдром наречен "малигна нарцисоидност".
Овој синдром е честа појава кај сериските убијци,ама е застапен и кај луѓе кои се секојдневно околу нас.
Му препорачувам на секого да се информира за овој синдром,ќе му користи во животот ако некогаш се најде во судир со ваква личност.
Сакаш да кажеш дека Драган Таневски го убија остатоците на УДБА? Не си прв, наскоро и нетфликс бугарија ќе прави филм околу тоа.Охо и тоа како може да се фалсифукува. Крим техника може да тестира само она шт ополицијата ќе им даде. Има многу да се пишува за овој случај, ти велам дека Владо не е серијаш пошто убиствата не запреа со неговата смрт. Има случаи по америките каде ДНК материјал бил намерно ставан на место злочина со цел да се осуди особа која им фатила око на проклетите свињи = цајканите.
Ама ако се распишувам за тоа нема да има крај, ќе треба да пробијам лимит на зборови по еден пост
Не може да се задржиме само на официјалниот број бидејќи тој најчесто не е реален.
Земи пример Џек Мевосек (имам теорија дека не постоел ама отом потом ) никогаш Скотланд Јард не истражувал убиства на некаков си Мевосек кој нели имал 5 наводно докажани убиства. А тие 5 биле арбитрарно собрани од весниците и така остнало до денес.
Полицијата пак, истражувала 11 убиства наречени Вајтчепел мурдерс од кои 5-те биле дел.
Ако се има предвид огромниот број исчезнати лица, или пак неидентификувани Џон До и Џејн До со очигледни хомцидни причини за нивната смрт, останува фактот дека многу убиства не можат легалистички да се припишат на некој серијаш. Двојбена ситуација е тоа.
Па кад је бал нек је маскенбал ете со тебе и со @Dumbledore и кој сака друг ќе собереме материјал па фотки од нет, име презиме на серијашот заедно со бројка на официјални убиства и бројка на максимални можни убиства, каде и кога е роден, прво убиство со име и презиме на жртвата, кога и на кој начин, само не знам дали би имало легални пречки околу издавање таков албум.
А тоа си во право, премал пазар е тука, настрана што нема толку интерес за тру крајм кај нас, да бевме Англија таков албум би растурал, буквално би се обогатиле пошто таму има традиција на собирање сликички уште од 19 век а издаваат сликички за секакви ствари, бродови, локомотиви, замоци и што ти не, не се само спортисти.
Штета, одлична идеја за добра заработка, погрешно место на живеење, ми доаѓа да си каснам од гз
Нарцисоидноста е дел од 4-те јавачи на апокалипстата заедно со Психопатија, социопатија и атеншн хор, тоа се најчестите ментални проблеми на серијаши, ретко има и понекој со шизоидни нарушувања, но тоа се спри килери или мас мурдери, немаат шизо особи трпение да планираат убиства со месеци и години.
А тоа дека психопати се надпросечно интелигентни не е точно, тие се како и сите други, во распон од тотални идиоти до генијалци, ја следат генералната популација во тој поглед.
Холивуд е крив за тоа што ги претставуваат како супер-паметни, лукави и недопирливи.
А кој е тој Драган Таневски?!Сакаш да кажеш дека Драган Таневски го убија остатоците на УДБА? Не си прв, наскоро и нетфликс бугарија ќе прави филм околу тоа.
му го помешав името, Владо беше. Иначе Драган беше поетот...А кој е тој Драган Таневски?!
му го помешав името, Владо беше. Иначе Драган беше поетот...
Он е убиецот, типичен убиец како Ед Кемпер. Напатен од мајка му убива други жени зошто не може нејзе да и се освети. Има многумина убици по неговиот профил многу време пред тој да искочи. Плус докажано е со ДНК анализа дека е тој што ги извршил убиствата.Кичево повторно живее во страв
Полицијата се' уште нема осомничен за убиството на 70-годишната Вера Крстеска од Кичево, но според анализите на експертите, нема никаква поврзаност меѓу ова и убиствата на возрасните кичевчанки, за ...time.mk
Ист модус операнди како со жртвите пред тоа, Владо се упокои во 2008 и освен ако не станал како зомби да убива наоколу имаме нови жртви на серијашот.
Настрана начинот на наводното самоубиство, туѓ срам ме јадеше коа ќе кажеа на вести дека се удавил во кофа. Тоа е едини случај во историја на криминалистика. А на фотките кои осамнаа пост-мортем се гледаат јасно огромни траги од насилство тоа по грб по раце по абдомен целиот помодрен искршен од мавање, срозан, уништен. Официјално пази, немало принудување од страна на свињите (цајканите де).
И тоа што пред него, сосема невини лица во однос на убиствата на жените беа правосилно осудени за истите!