Ве молам за помош и совет, веќе еднаш не одбија за жена ми, да не утнеме пак сега, бидејќи ќе почнуваме нова процедура:
Првата процедура за која не одбија беше Произход, Потврда од Клуб, Венчаница од баба и дедо на жена ми издадена од ФНР Југославија, каде што пишува дека баба и е народност Бугаркска, Државјанство ФНРЈ (Федеративна Народна Република Југославија), Родена во Жеравино.
Изводи од татко и од жена ми за да се оствари врската.
2ца посредници не уверија дека мене ќе ме одбијат со предок, дека јас ќе ја кочам (бидејќо поднесовме во исто време и заедно бевме на интервју), а неа не и треба толку стар предок, бидејќи доволно било тоа што пишувало народност Бугарска, тоа било Оче Наш.....
Ја ставија на дополнителна, а таму не пишуваше што да се однесе, па пак ги дадовме истите гореспоменати документи и после тоа Отказ.
Ова е текстот од Отказот:
- С'вет'т по гражданство не е уважил молбата При изв'ршенија финален експертен преглед се установи, че не са приложени всички документи, удостоверјавашти наличието на поне един в'зходјашт б'лгарин, с'гласно изискването на чл. 6, ал. 1, т. 1 от Наредба № 1 от 19 февруари 1999 г. за прилагане на глава пета от Закона за б'лгарското гражданство.
Сега сакаме да пробаме со предок 1903-1918 и имаме повеќе варијатни:
- Прабаба родена 1905 родена во околија на Крива Паланка (дали тоа е во делот каде што имало Бугари?),
- Дедо на жена ми
- Татко и жена ми
- Жена ми
Со тоа што Прабабата има различно презиме од Дедо, Татко и жена ми, бидејќи Дедото го сменил презимето. Исто така преку оваа линија, братучеди на Жена ми веќе добиле, ама бидејќи еднаш не одбија, дуваме и на јогурт.
Дали различното презиме ќе биде проблем? Секако во Изводот на дедото стои дека мајка му т.е. прабабата е со нејзиното презиме, а он си го има неговото ново што е исто со татко и и жена ми, така да ја има врската.
- Прадедо роден Жеравино бугарска националност (тогаш било Бугарско веројатно бидејќи е на тромеѓе), но сега Жеравино е под Србија и треба негов Извод да се вади од таму што значи ќе биде издаден од Србија.
- Баба (истата од венчаницата што не одбија првиот пат).
- Татко на жена ми
- Жена ми
- Прадедо роден Нерав Крива Паланка (година веројатно пред 1918)
- Дедо на жена ми
- Мајка на жена ми
- Жена ми
Сите презимиња се исти.
Нормално во двете варијанти ќе доставиме и Потврда од Клуб (само кажете ми кој Клуб дали е битно) и некој друг документ ако треба.
Фала однапред!