„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Креатор на темата Креатор на темата YoucancallmeV
  • Време на започнување Време на започнување

„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Џабе работи-џабе не седи

    Гласови: 57 57,6%
  • Не излегувам од дома за ХХХХ денари

    Гласови: 41 41,4%
  • Немам мислење

    Гласови: 10 10,1%

  • Вкупно гласачи
    99
Ти другар чим си во 3д, значи фирмата ти е гола вода, зашто една асална нема, сите што ги познавам, а работат со ова истото го викаат и почнаа фриленс да си работат. 300 старт знае дека ќе остане на нив, нормално нема да прифати. Дај му асална плата на човекот.
Не е тoа 3D што мислиш.
 
Реално не ти треба магистар за таа работа, ретко кај треба. А тука си набројал многу работни обврски. Не мора некој да е експерт за да си ја вади платата, за тоа се дели работата. Дури коа ќе ја видам цифрава не ми се верува како некој со факс се нафаќа. Да не мислиш нешто те напаѓам, океј е да се чуе страната и на газдите. Само мислам дека тоа е понижувачки за инженер, дури и таа 700 што е за искусен. Луѓе во кол центар зимаат речиси толку, без факс. Некој што дрвел кур на млади години буквално му се моча на овoj што учел градежен 4 години :D Мислам дека како идат годините ќе имаш се помалце, и се полоши кандидати.
Муабетот е за пред многу години, а специјалистот уште е таму за 400. И уште е фудбал.
Автоматски споено мислење:

Добро, моја грешка, ама сепак, тоа е мала плата за човек со вештини и вториот дел уште важи.
Што е вториот дел? Дека ќе остане на 300?
 
Муабетот е за пред многу години, а специјалистот уште е таму за 400. И уште е фудбал.
Автоматски споено мислење:

Што е вториот дел? Дека ќе остане на 300?
Да, сосема оправдан страв, кога ќе видам како се однесуваат газдиве тука. И 700 чисти треба да ви е срам да му понудите на стручњак, затоа ви пропаѓаат фирмите.
 
Реално јас се изморив да им заработувам плата на тие што учеле, па ја преструктурирав фирмата. И како тесен чевел да сум собул!
Автоматски споено мислење:

Да, сосема оправдан страв, кога ќе видам како се однесуваат газдиве тука. И 700 чисти треба да ви е срам да му понудите на стручњак, затоа ви пропаѓаат фирмите.
И 200 да се треба да се заработат. Ако јас немам 400 од него во минус сум. А верувај има такви таленти.
 
По кој критериум? Ќе ги наградуваш по учинок, ниво на образование или по лепота?
Ете пред 4-5 години имав разговор со еден твој земљак за кај мене, знаев дека е добар стручњак 3+, ама за карактер бев предупреден! Кај што работеше зимаше 400+ евра стабилни и го третираа како фудбал! мојата понуда беше 300 старт до 750 со заработка, јас му гарантирав фронт за тие додатните 450.
Можеш да погодиш дали се нафати!

Секако по учинок. Во фирмата во која работам, имам луѓе под мене кои се далеку пообразовани отколку јас, но не немаат ни приближно искуство. Имав колега од Скопје со завршен ЕТФ и Машински, дечкото едноставно не се снајде на работа.

Да не генерализираме, ама денес во приватна фирма, ми требаш да знаеш и да не мора да ти правам babysitting и да можеш да поврзеш 2+2, а не да имаш диплома за украс. Пре ви вработил дечко со средно и би го платил како работник кој има факултет, ако може да ја заврши работата како вториот. Тоа со карактерот е секундарно, и не верувам дека би трпел таков растурач на тимска атмосфера по цена на профит. На крајот, ке ја платиш сметката со истиот.
 
Секако по учинок. Во фирмата во која работам, имам луѓе под мене кои се далеку пообразовани отколку јас, но не немаат ни проближно искуство. Имав колега од Скопје со завршен ЕТФ и Машински, дечкото едноставно не се снајде на работа.

Да не генерализираме, ама денес во приватна фирма, ми требаш да знаеш и да не мора да ти правам babysitting и да можеш да поврзеш 2+2, а не да имаш диплома за украс. Пре ви вработил дечко со средно и би го платил како работник кој има факултет, ако може да ја заврши работата како вториот. Тоа со карактерот е секундарно, и не верувам дека би трпел таков растурач на тимска атмосфера по цена на профит. На крајот, ке ја платиш сметката со истиот.
Ти пожелувам успех, ако се решиш.
Сепак ако живееш комотно вака и сега, не ти треба од мечка ремен.
Нашиов народ е криво насаден, ни нема лек.
 
Реално јас се изморив да им заработувам плата на тие што учеле, па ја преструктурирав фирмата. И како тесен чевел да сум собул!
Автоматски споено мислење:

И 200 да се треба да се заработат. Ако јас немам 400 од него во минус сум. А верувај има такви таленти.
Затоа и си ги бираш вработените и треба да знаеш да се испазариш за работата што вие како фирма ја сработувате, не е крив вработениот ако ти не знаеш да се пазариш со клиентите. Е сега има тука и друга ствар, кога ќе те бие глас дека слабо плаќаш, подобрите кандидати ич нема да се замараат да аплицираат кај тебе и ќе ти останат само талентите.
 
Далеку си од вистината.
Нашите цени беа скоро па највисоки. Со плати секогаш бевме меѓу најплаќачите, за реноме да не ти раскажувам. Не сум имал проблем со кандидати, тогаш имав екстра проекти и ми требаше помош при водење. Бидна таа, нека се пофали некој дека сега зема таква плата.
Помина жетвата во нашата бранша, само ретко кој е свесен за тоа.
 
Архитекти во Италија работат за 500 еврича во познато биро за архитектура.

Е таму нема мама тато дај стотка за кафе

Рака на срце, архитекти се за жалејне. Многу ги има и за почеток почнуваат со правење рендер графики за некои проекти. Со поголемо искуство и репутација можеби ќе ги биде ама доста тешко како архитект да се изградиш.
 
Имаат пари архитективе затоа работат за 500 евра во Италија. Ова им е хоби :icon_lol:
 
Помина жетвата во нашата бранша, само ретко кој е свесен за тоа.
Најтажно од све е што луѓето тешко се адаптибилни на промени. Едноставно не можат да се прешалтаат во друга бранша кога ќе помине жетвата. И не само луѓето и фирмите. Еве јас како пример го кажувам Кодак кој иако бил пионир во фотографијата, едноставно лошо ја прифатиле промената на технологијата плашејќи се да не го изгубат приходот од филмовите. Иако нив први им ја понудиле дигиталната фотографија.

Флексибилноста е доста важна како во градењето на кариерата така и во водењето на една фирма.
 
Реално не ти треба магистар за таа работа, ретко кај треба. А тука си набројал многу работни обврски. Не мора некој да е експерт за да си ја вади платата, за тоа се дели работата. Дури коа ќе ја видам цифрава не ми се верува како некој со факс се нафаќа. Да не мислиш нешто те напаѓам, океј е да се чуе страната и на газдите. Само мислам дека тоа е понижувачки за инженер, дури и таа 700 што е за искусен. Луѓе во кол центар зимаат речиси толку, без факс. Некој што дрвел кур на млади години буквално му се моча на овoj што учел градежен 4 години :D Мислам дека како идат годините ќе имаш се помалце, и се полоши кандидати.

Види, тоа е реалноста што многу не ја гледаат. Тежината на факултетот или кој колку многу учел не значи дека некој по дефиниција заслужува висока плата. Платата и дали лесно некој ќе најде работа зависи единствено од понудата и побарувачката на пазарот, односно дали пазарот има потреба од твоите вештини.
 
( ^) Тоа да, но и дефицитот и суфицитот од кадар е клучен. Знам, пред 15тина години, на правниот факултет имаше по 800-900 студенти, денес има 200-250 од друга страна ФИНКИ има 500-600 студенти секоја година во најмала рака (а можеби и повеќе). Денес не се гледа само да најдеш работа, туку да најдеш работа или во странство или да влезеш државно (и да те види Бог). :D

Докторите се дефицитарен кадар, речиси одма по завршување на факултетот (и добивање лиценца) стапуваат во работен однос. Дефицит имаме и во занаетчиството. Дефицит има и кај теренските и градежните работи. Точно, потребни се мали квалификации, ама многу малку сакаат да ги работат. Можат истата физикалија да ја работат и во Германија за повисока плата. Тука ќе црнчат за 300-350 евра цел ден на сонце.

Дополнителен проблем е во тоа што скоро секој има факултет и секој очекува (висока и) одма плата. И истата ја очекува од државата, дали преку директно вработување или како загарантиран минималец. Интересна тема е дали треба цената на работниот труд да се формира слободно (со договор) или да има државен интервенционизам. Кога немало државен интервенционизам, имало подреденост на работникот, без никакви права и со многу обврски. Затоа сум за тоа да има одредена минимална плата, но да биде формирана на ЕСС со взаемен договор, а не власта да си зема за право своеволно да предлага и носи закони на своја рака. Тоа е на штета на пазарот. Колку повеќе права за работниците, толку помалку за невработените. Финансиската моќ на работодавачите е клучна затоа што ќе мора да се носат со финансискиот товар без реперкусии.

Мислам дека стекнувањето на вештините, знаењата, ускуствата, работните навики за најголем дел од младите се побитни од платата. Со тие ќе се пробиваат на пазарот. Но како започнува Ана Каренина? "Сите среќни семејства си прилегаат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин." Сепак за некои, за жал, битката од старт е битка за гол живот, треба да помогнат дома и сѐ друго им е ставено во заден план. Затоа битна е и семејната ситуираност. За последново, компарација може да се направи со потрошувачката кошничка, социјалната раслоеност и сиромаштијата.

Моментално има неколку илјади слободни работни места.
 
Последно уредено:
Па богами според напишаното, ја би седел дома него да работам кај него у фирма :pos:
Ти фуфка а? Не е страшно, само така изгледа на прв поглед! Физички е захтевно троа

Реално не ти треба магистар за таа работа, ретко кај треба. А тука си набројал многу работни обврски.
[/QUOTE]
Искрени да бидеме мене магистар ич не ми треба, државата така ја скрои работата да во наша струка ако не си магистар у најмала рака, шајка не смееш да заковаш. Јас подобро би зел млад техничар и да му пренесам се’ што знам. Не се многу работни обврски, исто е, само на различни места се применува операцијата.
Најтажно од све е што луѓето тешко се адаптибилни на промени. Едноставно не можат да се прешалтаат во друга бранша кога ќе помине жетвата. И не само луѓето и фирмите. Еве јас како пример го кажувам Кодак кој иако бил пионир во фотографијата, едноставно лошо ја прифатиле промената на технологијата плашејќи се да не го изгубат приходот од филмовите. Иако нив први им ја понудиле дигиталната фотографија.

Флексибилноста е доста важна како во градењето на кариерата така и во водењето на една фирма.
Малку луѓе и фирми се способни да направат заокрет! Плус инерцијата е страшна работа, ако пак е потикната од системот, оде воз у кукуруз.
Некогаш влакно фали да те одржи или урниса! Проблем е и големината на пазарот, на ваков мал пазар е ризик секоја инвестиција за промена на дејноста, ама кој не сака да ризикува, подобро нека оди да работи за плата кај некого :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom