Не сме експерти по економија, али кажи ми која инфлација би се направила ако се направи од утре минимална 500€, па дури што викаш и ти 1000€ ?
Колку ќе вредат пар адидас патики ? Пак ќе бидат 50€, милка чоколадо ? Нова кола, цитроен ц4 рецимо ? Пак 12.000€ . Пак истите цени ќе си останат, затоа што тие цени не ги диктира нашиот пазар. Ние сме најподложни на странската инфлација, кога Зара или незнам Спрингфилд ќе ги крене цените за ЕУ (поради ЕУ) ги крева и за нас, не не прашува еј колку ви ја направија вчера минималната плата? Ај еве ви сеа 20% поскапо. Не не.
Дури еве ти примери со мобилните телефони, Самсунг, Шиаоми кај нас цените се како за ЕУ (исти до евро како за Италија, Шпанија, Грција... за ова знам можеш и да провериш) додека пак за останатите пазари како Индија, Виетнам, (што имаат горе доле како нашите плати и стандард) цените се за 10-20 % поефтини за истите модели.
Што друго ќе поскапи ако ни качат минималецот, струјата? Па и за таа зборевме, се тргува на европски пазар, не не прашуваат нас што плата сум зел минатиот месец.
Така да тоа е. Нема да има никаква инфлација на цените, пошто друг ги диктира тие цени, интернационалните компании и пазар. А ние со овој стандард и плати и со тие цени... најлошо си поминуваме од цел свет дури би кажал.