Во 726382837382 гужви сум денес ама ајде накратко:
Патрик и Изадора, да ги скратите тоа преписките каде се препукувате со политика оти ја утнавте темата, НЕ е ова ни време, ни место за такви муабети, така да смирено само!
Бани, да ти кажи чичо една работа: Кога ќе се изгориш на млекото ќе дуваш и на маштеницата.
Човекот, како прво и основно, бил ИЗЛАЖАН дека треба да чека година и кусур!!!! ЗОШТО да чека?
Тој моронот од посредник да ми е да го знам би го пцуел лично до трето колено!
Втора и мн битна работа, самта ти кажа дека Лазар смета како овај статус на дополнителна проверка е непотребно малтретирање и СИТЕ случаи што се такви да се јавуваат лај него пошто тој сака сето тоа да го документира и да реагираа соодветно до институциите во БГ.
СЕКОЈА ЧЕСТ за неговите намери, но тоа значи ли дека не треба да се доставуваат дополнително документи (особено ИСТИТЕ док)? - Секако дека не!
Еве во однос на дополнителната ти си сега на тој статус и ајде да те видам НЕ носи потврда од бг клуб кога ќе носиш документи во Софија. Ќе ризикуваш? - ЈАС НЕ БИ РИЗИКУВАЛ.
Верувај сум изначитал овде низ годините тажни искуства каде членови се одбиени ради овие причини.
За себе ти си знаеш ама за другите те молам не ги насочувај погрешно бидејќи може да ги кошта.
Ако однесат потврда, а кога ќе ги разгледуваат док утврдат дека истата не треба тогаш ќе ја фрлат таа потврда од клуб во копра за отпадоци и ќе продолжи на следен статус.
Но, ако не однесат потврда, тогаш при преглед на док ако истата недостасува и ја бараат ќе ги вратат на дополнителна или ОДБИЈАТ (пошто ако се сеќавате сите добро имаше и најави дека со новата процедура статусот дополнителна ќе го нема за да се заштеди во време), така да ВО РЕД е, ако мислиш дека така треба ЕВЕ ВО ПРАВО СИ, но сепак јас не би сакал да сум во право на форум (а во исто време одбиен) и би однел потврда уште еднаш за да не ризикувам да ме одбијат и да си добијам уште некоја година мизерија од нерви.
Има тука членови така го јаделе здраво, знаат што зборам.
Носете се' што можете, абе брис од грло нека е и тоа ќе го носам само да не ме одбијат.
п.с. покасно вечерва ќе ви напишам еден пост за златните ни посредници - чисто колку да знаете со кои говеда си имате работа!
п.п.с. Члену Бел или кој и да си што си реплицирал во меѓувреме додека пишував и користиш политика во тема која НЕ е наменета за тоа - ТЕ МОЛАМ ЗАТНИ СЕ!!!!
Што ви е бре луѓе? Малку жешко и веднаш ве удира во глава?
Одете по други теми да исправате криви дрини за Северна, за НАТО, за марсовци и Илон Маск, не тука батиња.