25ки се побрзи од 23ки, јас добив на истите сегменти +1km/h при ист power, иста аеро поставеност без ветер. И тоа важи за ептен идеални мазни патишта, ако се понерамни 28ца е најбрза. А комоцијата е неспоредлива. 23ка е најбрза само во кружна патека во сала и при брзини од 50-60km/h каде отпорот на воздухот е веќе значаен фактор. Поквалитетна гума како Conti grand prix 5000 28ца е полесна од повеќето 25ки што ги нудат тука. Исто можеш заштеда да направиш со лесни бутил гуми во споредба со стандардни ~100гр за пар. Инаку има е супер лесни гуми (ТТ гуми) кои траат значително помалку.
Инаку најголема аеро заштеда добиваш ако имаш соодветна аеро положба на телото, точакот е аеро изработен (TT bike е вон муабетов), аеро алишта, аеро кацига(ТТ кацига повторно е вон муабетов). А вредноста на заштедата ти е по тој редослед, да речеме заштедата е поголема при поголема брзина, така при 50kmh, положбата (од најлоша до најаеро) ти дава 5km/h, aero точакот +3kmh, алиштата 2kmh, кацигата 0,5kmh, гумите 1km/h и kарбон бандашите уште 1-2 km/h. Велосипедист со најлоши фактори при иста сила, ќе развие само 40km/h. И уште една тајна ќе ти кажам, 99% од страва сегмент мангупите, сегментите ги напаѓаат само кога дува ветер во грб или возат позади некој друг па се ротираат.