Здраво
Го зедов пред некој ден Указот од Амбасада. Таму ми рекоа дека за месец време ќе ги пратат документите за Бугарија, односно Министерство за правосудие.
Бидејќи имам итна потреба од Бугарскиот пасош, ме интересира.
Дали може да одам во Бугарија и таму директно во општина да одам за да добијам ЕГН со цел да можам да се сликам? Дали може да ја скратам процедурата? Кој може да ми помогне?
Па другар редовно да го пратиш форумот ќе знаеше дека заклучно со петокот беше последен рок за брзо земање пасош и подигање указ без да се закаже во Софија... и муабетов што го прашуваш ти секојдневно го водиме започнувајќи од 31ви мај и само за тоа збориме тука и за ништо друго .... како да се оди софија, како тие што подигнале од амбасада или конзулат да одат да го земат во Софија пак указот (некој на моменти ќе забега и ќе праша кога Укази и зошто нема и повторно се враќаме на тоа да се оди Софија и подигне указ)...и наеднаш вака доаѓаш ти и го актуелизираш прашањево само на еден ден откако се заврши! Браво!
Прво еден месец само ќе им треба (ако не и повеќе сега ради одмори) да ја испратат дипломатската пошта, после откако ќе стигне поштата во МП дур доеш на ред за да те внесат ќе си почекаш сигурно уште 4-5-6-7-8-9-10 и повеќе месеци.... бидејќи тие што подигнале укази од амбасада/конзулат од декември/јан/феб сеуште немаат стигнато писмо од МП во општината во која се пријавиле... (најверојатно следно на тоа ќе работат ама си фаќаат одмори, си нема влада, си се спремаат претцедателски избори во БГ)....
Последна варијанта на која можеш да се крстиш е ако во статусот за проверка ти стои да си закажеш термин, а не ти стои дека ти е испратено во Скопје, закажи термин и правец Софија!
Или пак ако се смилуваат во МП без закажано со јово на ново се платено да одиш и подигнеш Указ и после во општина по матичен, така што матичниот дур ти го изработат ќе го чекаш 7дена, па подигање матичен (повторно идење Софија) па сликање со преспивање и подигање пасош....
само доколку влезеше на темата на почетокот на прошлата недела или претходната недела го поставеше прашањето до петок беше можноста без закажување во МП да одиш и да го подигнеш Указот, а вака... се дур не стигне документацијата од амбасада во МП и од тамо не те внесат системски, џабе ти е одење во општина!
Но давеник и за сламка се фаќа, па ако ти е итно јас да сум на твое место ќе ризикувам и одам во МП без закажано и ќе пробам се само да го имам во рака пасошот што побрзо...