Бракот - Сеуште валидна институција или анахронизам?

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
...бракот бил и ќе остане една социјална институција за меѓусебна подршка на брачните другари(без разлика дали е хетеро или хомо) во сите можни животни ситуации
...бракот и љубовта се атрибути кои од луѓето се издигнати до облик на мит,што е за мене чист егоизам и глупост
...брачната заедница е една навистина прекрасна работа,се разбира ако функционира како таква

П.С> Го потенцирав зборот другари затоа што е основа за истата
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
359
Поени од реакции
782
Некако последниве неколку години бракот стана само колку ради реда, а не затоа што двајцата партнери сакаат да се земат и да живеат во брачна заедница. Денес повеќето се зимаат само заради невестата што останала трудна пошо ако остане трудна и не направат свадба грев е.
Настрана тоа што за свадби и такви церемонии се трошат огромна сума на пари кои можат многу подобро да бидат искористени. Плус на ова се фотките кои мора да бидат споделени на сите можни социјални медиуми, па балони, торти фризури.

Се согласувам и дека ако до 30 години не си во брак и немаш деца си стигматизиран од сите страни. Пред некој месец слушнав како еден кажа дека тој и тој се одомил - мислејќи на тоа дека е во брак и со деца и дека станал фамилијарен човек. Демек ако некој таков на негова возраст нема ништо од тоа што има другиов не е одомен и нема за што да живее. Крајно не ми се допадна тој израз.
И крајно некултурно и безобразно е да прашуваат луѓето кога ќе се жениш/мажиш и кога ќе имаш деца, па ако имаш само едно те прашуваат кога второ, а ако имаш две те прашуваат за трето и така до недоглед.
Последнава година го имам осетено тоа па кога им кажав дека не сакам да се женам и имам деца ме гледаат ко да сум им ја масакрирал цела фамилија.

Не секој гледа убавини во бракот и думкање на деца. Тие што ги исполнува тоа веројатно веќе се во брак и со деца. Некој сака да шета, да истражува, да не го осеќа тој товар од бракот и децата.
Ако некогаш од икс причина се премислам и влезам во брак тоа би било со однапред склучен предбрачен договор и со малку послободна зона.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838

Мање-више и јас мислев како тебе. Еднаш слушнав од некого дека коа си со некоја (и обратно) ако во првите три месеци не се фатиш себеси како размислуваш дека си во брак со таа особа, подобро не си губи време ни свое ни нејзино.
И беше во право :)
Кога ќе ја најдеш личноста која сака да биде со тебе на долги патеки, ќе се предомислиш :)
Автоматски споено мислење:

...бракот бил и ќе остане една социјална институција за меѓусебна подршка на брачните другари(без разлика дали е хетеро или хомо) во сите можни животни ситуации
...бракот и љубовта се атрибути кои од луѓето се издигнати до облик на мит,што е за мене чист егоизам и глупост
...брачната заедница е една навистина прекрасна работа,се разбира ако функционира како таква

П.С> Го потенцирав зборот другари затоа што е основа за истата
Уф уште еден член на Кумбаја групата на форумов :D
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Sekoja individua si e posebna prikazna. Vo sredinata vo koja živeam preovladuvaat tradicionalizam i konzervativizam kade što poveketo moi i rodnini (bratučedi, bratučetki) kako i moi vrsnici, vrsnički se oženija/omažija ušte pred decenija, decenija i polovina i imaat po dve-tri deca koi se veke porasnati. Jas sum poinakov čovek, preku takvo od tie tradicionalistički dogmi deka treba čovek ušte na 18/19/20 god. da vleze vo brak i da načuka kup deca. Ednostavno nekoi lugje ja sakaat slobodata, ne sakaat da se vrzuvaat, nitu seriozni vrski, nitu pa brak i toa e toa, slobodni ptici, liberte, free.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Е како верни и трајни лојални моногамни врски ? Демек сакаш да кажеш дека општествената стигма влијае на градењето здрави и функционални моногамни хетеросексуални врски?
Каков е тој здрав хетеросексуален брак со мајка, татко хомосексуалец принуден да води двоен живот заради стигмата и две деца?! :confused:
Дакле, долазимо на поли-гамијааа. Се сеќаваш нашите маабетчиња у вези таа тема ;)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.034
Поени од реакции
10.247
Дакле, долазимо на поли-гамијааа. Се сеќаваш нашите маабетчиња у вези таа тема ;)
Не, имам амнезија кога се во прашање такви теми и маабетчиња со Говинда.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
344
Поени од реакции
443
Sekoja individua si e posebna prikazna. Vo sredinata vo koja živeam preovladuvaat tradicionalizam i konzervativizam kade što poveketo moi i rodnini (bratučedi, bratučetki) kako i moi vrsnici, vrsnički se oženija/omažija ušte pred decenija, decenija i polovina i imaat po dve-tri deca koi se veke porasnati. Jas sum poinakov čovek, preku takvo od tie tradicionalistički dogmi deka treba čovek ušte na 18/19/20 god. da vleze vo brak i da načuka kup deca. Ednostavno nekoi lugje ja sakaat slobodata, ne sakaat da se vrzuvaat, nitu seriozni vrski, nitu pa brak i toa e toa, slobodni ptici, liberte, free.
Супер пријателе, да размислувал така и татко ти веројатно ти не би постоел...
Твојот татко те направил но не ти посветил доволно внимание и не те научил дека детето не е обврска, едноставно треба да сватиш дека тоа е среќа. Греота е да се замараш што ќе речат другите но е потреба да имаш дете кое потоа кога ќе го направиш човек ќе биде твој другар и твоја подршка кога ќе бидеш стар и не ќе можеш да остваруваш некои цели кои си можел кога си бил млад, не мислам да правиш роб од своето дете но треба да бидеш другар со него цел свој живот и негова подршка.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
359
Поени од реакции
782
Твојот татко те направил но не ти посветил доволно внимание и не те научил дека детето не е обврска, едноставно треба да сватиш дека тоа е среќа.
Како тоа детето не е обврска?
Обврска е и тоа доживотна.
Обврска ти е да го нараниш, да му купуваш облека и јадење, да го школуваш, да го обезбедиш со кола/стан.

Од таквите кои мислат дека децата се богатство и дека се среќа затоа истите тие начукуваат по 7-8 деца па после кукаат по телевизии да им се помогне.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
344
Поени од реакции
443
Како тоа детето не е обврска?
Обврска е и тоа доживотна.
Обврска ти е да го нараниш, да му купуваш облека и јадење, да го школуваш, да го обезбедиш со кола/стан.

Од таквите кои мислат дека децата се богатство и дека се среќа затоа истите тие начукуваат по 7-8 деца па после кукаат по телевизии да им се помогне.
Обврска ти е да го нахраниш и да му купиш облека и јадење. Кој тоа ти кажа дека треба да го обезбедиш со кола и стан?
Кога ќе се вработи и планира да купи свој стан ти можеш да му помогнеш, а во останат случаj со твоето купување на станови и коли го правиш дебил. Тој добива све од тебе и стан и кола и не е задоволен повторно од својот живот и на крај ќе испаднеш дека ти си крив за тоа.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
359
Поени од реакции
782
Кој тоа ти кажа дека треба да го обезбедиш со кола и стан?
Па и да му помогнеш и тоа кошта и спаѓа под обврска.
За кола секако јас лично би сакал да му купам кога би положил на 18-19 години. Кога мислам на кола, не мислам на оние од салон.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Бидејќи кај нас повеќето стапуваат во брак преку државна институција-матично и воедно се венчаваат во Црква, потребно е да се истакне самата премиса на Христијанскиот брак со цел да се разбере смислата на самиот чин Венчание, за да не се сведе само на формализам, што воедно и води во анахронизам.

Со доаѓањето на Христос во овој свет, бракот веќе ја нема за основна цел продолжувањето на човечкиот род и на семејната лоза, иако раѓањето и понатаму се смета за негов важен елемент. Но, Христос дојде во светот и со Себе донесе доказ за воскресение од мртвите, давајќи му така на христијанскиот брак нова цел и смисла – стекнување на вечниот живот на мажот, жената и на децата.

Службата за венчанието во Православната Црква почнува со зборовите: „Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин“. Овој возглас го нагласува значењето на бракот, а исто така и неговата цел. Според Црковните канони, оние православни христијани кои се венчаваат надвор од Црквата, се одлачуваат од нејзините Свети Тајни. Некои луѓе се соблазнети од ова; тие сметаат дека Црквата во овој случај е престрога. Но, се поставува прашањето: Што е тоа што му дава полноважност на бракот? Од духовно гледиште, што е тоа што му дава смисла на бракот? За разлика од свадбените обреди, во речиси сите не – православни Цркви, бракот во Православната Црква не е договор – законски заснована спогодба, со која се разменуваат заветите и ветувањата меѓу две личности. Всушност со бракот, двете личности засноваат мала, семејна црква, во која можат да Го слават Вистинскиот Бог, трудејќи се, притоа, околу спасението на своите души. Таа е семејна Црква, органски поврзана преку Христос со Неговата Црква. Како што вели св. Василиј Велики, природно е да се венчаш, но тоа мора да биде нешто повеќе од природното, тоа мора да биде врска помеѓу две личности, родена под закрилата на Црквата т.е. Христос.

Свети Јован Златоуст нагласува, дека „оној кој не е соединет во брачна заедница, сам по себе не претставува целосен човек, туку лишен од својата слобода“.

Црквата не го оправдува бракот, ако истиот е склучен само како привремен договор или како задоволување на потребите на телото, а исто така, не ја оправдува ни безбрачноста, ако истата е основана на себичност и неодговорност.

Христијнскиот брак се заклучува во преобразување на природната меѓусебна љубов меѓу мажот и жената: природната љубов станува вечен сојуз, кој дури ни смртта не може да го уништи. Бракот е Света Тајна, преку која го здобиваме идното Царство, брачниот пир на Агнецот (Откр. 19, 7-9), единство со Христа и Црквата. Ниту телесното задоволство, ниту социјалната благосостојба, ниту обезбедувањето на потомство, се крајната цел и смисла на бракот, туку постигнување на вечната радост во Царството Божјо.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Ало во кој век живеете бе луѓе, во 21ви или во 15ти, бракот како и детето/децата не се никаква задолжителна обврска туку се креираат исклучиво по лична сопствена желба. Значи во ниту еден закон никаде не пишува дека мора да се стапи во брак и да се имаат дете/деца. Ако некој/а сам/а по своја воља решил/а да се ожени/омажи уште на 17/18/19/20 год. и веднаш едно по друго да начукаат 4-5-6-7-8... деца тоа си е нивен проблем, нивен живот, нивни лични ставови и сфаќања за животот и јас тоа го почитувам, но лично не го применувам. На пример чувам куче, сум го зел/купил/посвоил по своја лична воља уште од мало и секако дека мора да се грижам за него, ама никој со сила не ми наредил дека морам да чувам куче или маче или папагал туку тоа се нешта кои самите луѓе по своја желба си ги избираат и прават и да секако дека треба да се грижат за нив, исто како и оние кои имаат дете/деца мора да се грижат за нив оти тие деца се нивни, они самите си ги креирале, при сопствена свест и желба за тоа !
Автоматски споено мислење:

Од таквите кои мислат дека децата се богатство и дека се среќа затоа истите тие начукуваат по 7-8 деца па после кукаат по телевизии да им се помогне.
Епа да де начукале по пет или десет деца оти нели децата биле најголемо богатство (духовно
) и среќа и после ќе бараат помош преку телевизии и разно=разни донации оти немале доволно храна, вода, струја, интернет, телефон, компјутер, кровот им протекувал и ќе им паднел врз глава, немале автомобил а живееле во некое е.ано гето или село уџум иза богу леџа и сл. приказни.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Ало во кој век живеете бе луѓе, во 21ви или во 15ти, бракот како и детето/децата не се никаква задолжителна обврска туку се креираат исклучиво по лична сопствена желба. Значи во ниту еден закон никаде не пишува дека мора да се стапи во брак и да се имаат дете/деца. Ако некој/а сам/а по своја воља решил/а да се ожени/омажи уште на 17/18/19/20 год. и веднаш едно по друго да начукаат 4-5-6-7-8... деца тоа си е нивен проблем, нивен живот, нивни лични ставови и сфаќања за животот и јас тоа го почитувам, но лично не го применувам. На пример чувам куче, сум го зел/купил/посвоил по своја лична воља уште од мало и секако дека мора да се грижам за него, ама никој со сила не ми наредил дека морам да чувам куче или маче или папагал туку тоа се нешта кои самите луѓе по своја желба си ги избираат и прават и да секако дека треба да се грижат за нив, исто како и оние кои имаат дете/деца мора да се грижат за нив оти тие деца се нивни, они самите си ги креирале, при сопствена свест и желба за тоа !
Автоматски споено мислење:

Епа да де начукале по пет или десет деца оти нели децата биле најголемо богатство (духовно
) и среќа и после ќе бараат помош преку телевизии и разно=разни донации оти немале доволно храна, вода, струја, интернет, телефон, компјутер, кровот им протекувал и ќе им паднел врз глава, немале автомобил а живееле во некое е.ано гето или село уџум иза богу леџа и сл. приказни.
Општеството треба да помогне кога се работи за мали деца, тие се најранлива категорија и тие самите не бирале дали ќе бидат донесени на овој свет. Без разлика дали се 7-8 или колку и да има некој пар деца, ако може да се плаќаат 700К евра за тендер за две маси во министерство, може да се купат барем средства за хигиена за децата, памперси месечно било што, тоа се симболични суми. Настрана што се премногу ретки фамилии со над 2 деца, статистички скоро и да не постојат, наталитетот пропаѓа одамна.
Во 2019/20 биле запишани само половина од првачињата од последната Југословенска учебна година 1990/91.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Каљехон де ла Муерте ... Има бајаги семејства со над две деца во земјава, кај муслиманите сеуште се одржува оваа традиција во полн ек, но знам и доста православни семејства кои имаат по 3 или 4 деца, не е да нема, во руралните средини млади влегуваат во брак на 17/18/19/20 год. и ги има доста што имаат повеќе од две деца, е сега да иселувањето си го прави своето, не е дека не се прават деца и денеска, туку тие деца заедно со нивните родители завршуваат по Германии, Италии, Швајцарии и.т.н. и после нормално дека тоа што викаш ученици имало дупло помалку денеска од времето на СФРЈ. Па така е кога децата заедно со нивните родители ќе си ги спремат куферите и ќе фатат џаде од тука во западните земји !
П.С. Инаку и две деца по брачен пар не се малку, тоа ти е социјалистички просек и доволно колку да се одржи каква-таква стабилна демографија во државата !
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Некако последниве неколку години бракот стана само колку ради реда, а не затоа што двајцата партнери сакаат да се земат и да живеат во брачна заедница. Денес повеќето се зимаат само заради невестата што останала трудна пошо ако остане трудна и не направат свадба грев е.
Настрана тоа што за свадби и такви церемонии се трошат огромна сума на пари кои можат многу подобро да бидат искористени. Плус на ова се фотките кои мора да бидат споделени на сите можни социјални медиуми, па балони, торти фризури.

Се согласувам и дека ако до 30 години не си во брак и немаш деца си стигматизиран од сите страни. Пред некој месец слушнав како еден кажа дека тој и тој се одомил - мислејќи на тоа дека е во брак и со деца и дека станал фамилијарен човек. Демек ако некој таков на негова возраст нема ништо од тоа што има другиов не е одомен и нема за што да живее. Крајно не ми се допадна тој израз.
И крајно некултурно и безобразно е да прашуваат луѓето кога ќе се жениш/мажиш и кога ќе имаш деца, па ако имаш само едно те прашуваат кога второ, а ако имаш две те прашуваат за трето и така до недоглед.
Последнава година го имам осетено тоа па кога им кажав дека не сакам да се женам и имам деца ме гледаат ко да сум им ја масакрирал цела фамилија.

Не секој гледа убавини во бракот и думкање на деца. Тие што ги исполнува тоа веројатно веќе се во брак и со деца. Некој сака да шета, да истражува, да не го осеќа тој товар од бракот и децата.
Ако некогаш од икс причина се премислам и влезам во брак тоа би било со однапред склучен предбрачен договор и со малку послободна зона.
Имаш слободна желба што сакаш да правиш, не може никој на сила да ти каже нешто но како што ти кажа каљехон, сеуште не си ја осетил потребата за брак.

Инаку денес се живее само со некои измешани вредности, срамота е да не се жениш и мажиш а не е срамота како оној берберот од Скопје што некоја недела после венчавка во црква пишува на дружи жени по фб, така да ретко кои може да ти држи морални предавања во нашето опшество каде се глуми а не се живее и христијански и традиционално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom