НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.635
Поени од реакции
8.211
Уште мислам дека Бакс освајаат иако губат 2-0. Ќе видиме, у секој случај сеедно кој ќе земе и двете екипи заслужија али мислам Бакс ќе земат финале. Чисто претпоставка ништо повеќе..
Може, ама тешко, не се врти 0-2 секој пат.Во Бакс само грчкиот бројлер се брои, додека Санс се некако поразновидни, Пол да преспие една Букер ќе го смени, центарот им е исто добар. Ваму од Лопез да не чекаш да превземе на себе?
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Може, ама тешко, не се врти 0-2 секој пат.Во Бакс само грчкиот бројлер се брои, додека Санс се некако поразновидни, Пол да преспие една Букер ќе го смени, центарот им е исто добар. Ваму од Лопез да не чекаш да превземе на себе?
Па незнам колку пратеше али Лопез изигра одлична серија вс Нетс и Хоус или само рокаш халајтс и ај сеа паметни ќе глумиме? И не сепак не очекувам на него туку очекувам Мидлтон и Холидеј дека нема да имаат катастрофален шут ко синоќа.
Крај краева кој сака нека тепа нит сум за едни нит другите.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.635
Поени од реакции
8.211
Па незнам колку пратеше али Лопез изигра одлична серија вс Нетс и Хоус или само рокаш халајтс и ај сеа паметни ќе глумиме? И не сепак не очекувам на него туку очекувам Мидлтон и Холидеј дека нема да имаат катастрофален шут ко синоќа.
Крај краева кој сака нека тепа нит сум за едни нит другите.
Лопез го гледав комплит само последната! Абе него бројките му се супер, дури и кога губат! Проблем е што вол у газ не може да убоде кога треба. Реално и мене ми е се’ едно кој ќе биде првак, па и у Америка :facepalm: заболе ме ќоше!
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Ако Милвоки не направат ништо во финалево очекувам Јанис да побара трејд.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.297
Поени од реакции
34.890



Феникс имаат многу паметен тренер кој максимално ги користи предностите на својот тим. Суштината е пикот на Ајтон со бековите, пред се со Пол, покрај нели индивидуалните перформанси и квалитети на Букер.... Феникс е на врвот по играње пик и по користење на пикот во понатамошниот дел од акциите. Значи не зборам за класичен пик 1-2 и толку, него и другите опции што произлегуваат од истиот, отворени шутеви, проток на топка, наоѓање на слободен/вишок играч итн. Предобро го користат слободниот простор, секој си ја знае улогата во екипата, не се сељачат со безвезни шутеви за три и затоа се таму кај што се.
Да, пик&рол ама не само пик&рол.
Додавања. Тимска игра. Несебичност и инсистирање на барање на високопроцентни шутеви.

Лејкерси језда беа без Дејвис, ама од тоа што го видов во Г5 и Г6 ги уништи Пол со пик енд рол играта и шутевите од полудистанца и секако со протокот на топка. Обожавам вакви екипи испод радар што играат едноставна и учинковита кошарка.
Епа со Драмонд/Гасол/Харис и свичање на нив од Пол/Букер, што друго може да се деси?
Тоа и фактот дека Лејкерс шутираа идиотски слабо па Феникс цело време правеа гужва под кош и го удвојуваа/триплицираа Леброн форсирајќи го да додава надвор на отворени играчи за 3 (или да силува влезови во добро бранет рекет).

Со Дејвис друга песна ќе беше. Ама им се удри од глава на Лејкерс тоа што не го штедеа АД повеќе во регуларната сезона (пошто Гасол/Харис и Драмонд испаднаа разочарување, посебно на дефанзивниот крај од работите). Ваљда ќе се оправат следнава сезона, има голем простор за подобрување на ова поле. Двајт Хауард првенствено би требало да биде таргет, ама има и неколку други. Не треба којзнае што, просечни играчи кои се доволно добри да му ги намалат минутите на АД во регуларна сезона, и евенутално во специфична плејоф серија да изиграат по некоја минута во одбрана.



Уште мислам дека Бакс освајаат иако губат 2-0. Ќе видиме, у секој случај сеедно кој ќе земе и двете екипи заслужија али мислам Бакс ќе земат финале. Чисто претпоставка ништо повеќе..
Постојат шанси. Односно составот на Бакс има потенцијал за камбек, не дека се многу јаку туку најмногу во споредба со противниците, пошто Феникс повеќе играат паметно отколку што се јаки по талент на целиот ростер... Ама со тренеров на Бакси - тешко, просечен кон потпросечен стратег е: Еве го две утакмици по ред прави слични грешки. Во вторава утакмица пробаа Бакси да не свичаат толку и повеќе да удвојуваат, ама не се прилагодија - на прилагодувањата на Феникс, кои во напад едноставно продолжија да додаваат повеќе, а во одбрана си играат солидно и потоа да поентираат од контри на скоро сите грешки на Бакси - кои ги има многу (погледнете ги статистиките за turnover-ите).




Беки секоја година влага во потесниот круг за главен тренер на некој тим и никако да ја изберат.
Па јасно, нејзе не ја номинираат за кандидат пошто е добар тренер туку заради популизам, политичка коректност и упикување во шупак на SJW движењето.
Се обидов да ја пратам неколку пати кога го мењаше Попович како главен тренер, и искрено не видов ама баш ништо посебно од нејзе, во вид на прилагодувања и влијаење на утакмиците.


Сам си е крив LeGM кога 80% од соиграчите му се од Klutch Sports,што си надробил тоа и ќе срка.
Како лани? :D

Две повреди - во сезона со идиотски пренабиен распоред на утакмици - после историски краток одмор, толку бевте далеку од плачење дека Лејкерски освоиле уште една лесна титула.

Да се разбереме Феникс се добра екипа. Ама не се шампионски калибар на екипа. Едноставно имаа среќа. Од неповредени Лејкерс ќе го јадеа како Даника Мори на Порнхаб. Ама среќата - и повредите се дел од спортот - и заслужено ќе си освојат титула... Што неколкумина овде нема да не спречи да ви посочиме (и да посочуваме) дека ова ќе биде најг’злачка и најлесно освоена шампионска титула во историјата на НБА! :D

Пеки. Барем не се Нетси. :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Ако Милвоки не направат ништо во финалево очекувам Јанис да побара трејд.
Не потпиша пред нецела година супер макс? Не глеам како некој контендер ќе може да го земе и пак да има тим за титула околу него.
Да сакаше да си оди, а сигурно имаше опции, ќе си отидеше минатото лето пред да потпише договор.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Не потпиша пред нецела година супер макс? Не глеам како некој контендер ќе може да го земе и пак да има тим за титула околу него.
Да сакаше да си оди, а сигурно имаше опции, ќе си отидеше минатото лето пред да потпише договор.
Тие пари можеше да ги добие само од Милвоки и сега веќе кога осигура супер макс договор ќе изволева што сака,ќе испадне дежа ву ситуација како Брадата.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.901
Поени од реакции
17.798
Тие пари можеше да ги добие само од Милвоки и сега веќе кога осигура супер макс договор ќе изволева што сака,ќе испадне дежа ву ситуација како Брадата.
Зашто тропаш глупости? Како тие пари од Милвоки можеше да ги добие?
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Зашто тропаш глупости? Како тие пари од Милвоки можеше да ги добие?
Ако следиш Нба тогаш би требало да ги знаеш правилата и условите за еден играч да добие супермакс договор и тогаш би знаел зошто само Милвоки може да му даде таков договор.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.635
Поени од реакции
8.211
Тие пари можеше да ги добие само од Милвоки и сега веќе кога осигура супер макс договор ќе изволева што сака,ќе испадне дежа ву ситуација како Брадата.
Епа неможе и јаре и паре! Реално Бакси освен него немаат некој материјал што би им гарантирал конференциско финале, не па нешто повеќе! Додека Бакси направат тим за титула бројлерот ќе остари! Го искористија годинава фактот што Нетси купија втора рака ѕвезди, кои на крај не го издржаа темпото, инаку сега за Бакси ни муабет немаше да се прави :toe:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.297
Поени од реакции
34.890
На Бакс им фали класичен плејмејкер, најмногу за во кранч тајм ама и генерално Антето да игра повеќе без топка во раце. Холидеј е добар, повеќе од добар, ама не е класичен плеј. Замислете ги ете Бакси со Крис Пол, што би се дешавало со проигрувања и влезови без топка, првенствено под кош. Пол би имал по 15 асистенции на утакмица.

Тоа од офанзивна страна гледано. Од дефанзивна, тренерите на Бакс им се потпросечни.


Бакси реално имаат подобар ростер од Феникс, но послаб тренер и игра првенствено базирана на солирања на Антето - која во плејоф е релативно лесно сјеблива од стратешки добар противнички тренер. Феникс едноставно го удвојуваат Јанис и агресивно се обидуваат да му ја земат топката, па или успеваат во тоа или го фаулираат Јанис кој потоа мора да шутира слободни, што во двата случаи е добро за Феникс. Цел плејоф Феникс има такви едноставни лесни за исполнување дефанзивни планови кои не се базирани на брилијантност на поедини дефанзивци туку на паметна тимска одбрана. Супер, ама сето тоа функционира само заради фактот што не се среќаваат со топ тајер екипи, заради многуте повреди што се исподесија оваа сезона. Од здрави Лејкерс/Нетс ќе изгубеа, ако не метла најмногу 2 утакмици ќе земеа.

Ни двете екипи не се шампионски калибар на екипи, и главна причина што играат во финале се многубројните повреди кај главните претенденти на титули годинава. Тоа не значи дека кој и да победи нема заслужено да биде шампион, ама значи дека титулата ќе биде многукратно погз’лачки освоена отколку што се обвинуваа Лејкерс лани во меурот кога сите играа на неутрален терен без навијање од домашна публика, одморени, и со намалени причини за повреди.
Автоматски споено мислење:

Патем, видовте како го попија Америте од Нигерија? :D

 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom