Campeonato Sudamericano de Fútbol 2021 е најстарото интернационално натпреварување организирано од CONMEBOL и годинава ќе се одржи по 47ми пат. Иако сега ќе си речете нели беше скоро, овие Јужно Американциве не знаат што прават, прво беше Копа 2015, па 2016, па 2019, па 2020, одложено за 2021. Службениот став за овие поместувања од стандардните 3 години пауза, а претходно 2 години помеѓу првенствата, е за да биде во исто време со Еуро, веројатно така мислат дека ќе имаат поголема гледаност (не верувам). Така да наредното ќе се одржи во 2024.
Најстаро ?
en.wikipedia.org
КА е најстаро континентално такмичење а не интернационално.
Колку што знам после 2007 го направија на 4 години па сеа се откажаа од тоа и пак на секои 1-2 години.
Конмебол самите го намалуваат значењето на ова такмичење со рандом закажување на КА како ќе им текне, де било да играат во исто време со ЕП (што потреба од тоа кога самите си минираат гледаност), повикување рандом гостински екипи (што мајка бара Катар на КА коа е азиски тим) и ротација на домаќини, заедно со немање квалификации.
Не може да биде иста мотивација коа знаеш дека имаш гарантиран пласман на такмичење него да се потрудат да се квалификуваат таму.
А можат да го направат јако такмичење еднаш на 4 години со квалификации 7 групи по 5 екипи, први две одат на КА, може да се вика Копа Панамерикана, да се укине дното Голд Куп, да не биде во исто време со ЕП пошто не им треба таква конкуренција, голем проблем ако Венецуела или Боливија испаднат во квалификации од Хондурас или САД. Има земји од Конкакаф како Канада или Мексико кои можат да бидат домаќини во секое време.
Наредно ќе било во 2024 повторно во исто време со ЕП