Семејно насилство

Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
Како најлесно да докажам психичко насилство, знам за снимање имам снимано неколку пати ама не можам постојано да сум со телефон. Тоа се случува често во текот на денот викање, трескање навреди.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Како најлесно да докажам психичко насилство, знам за снимање имам снимано неколку пати ама не можам постојано да сум со телефон. Тоа се случува често во текот на денот викање, трескање навреди.
Сега ги читав твоите претходните мислења, жал ми е што си имала таков живот и цело време си во тешка ситуација. По се изгледа ништо не се сменило, ако си се вработила пробаај некако да се преселиш, една соба некаде и тоа е доволно, вака не само што ти се уништуваш ќе се уништат и децата.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.696
Поени од реакции
6.032
Како најлесно да докажам психичко насилство, знам за снимање имам снимано неколку пати ама не можам постојано да сум со телефон. Тоа се случува често во текот на денот викање, трескање навреди.
Ne znam kolku e zakonski da snimas nekoj
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
Сега ги читав твоите претходните мислења, жал ми е што си имала таков живот и цело време си во тешка ситуација. По се изгледа ништо не се сменило, ако си се вработила пробаај некако да се преселиш, една соба некаде и тоа е доволно, вака не само што ти се уништуваш ќе се уништат и децата.
Моментално не можам да работам помалото дете нема кој да го чува, можам само викенд некаде да работам.
Автоматски споено мислење:

Ne znam kolku e zakonski da snimas nekoj
А, законски е некој да те малтретира психички? Тој начин на насилство најтешко се докажува нема модрица па ќе речеш еве доказ. И таквите нсјчесто поминуваат неказнети, а жртвите си остануваат жртви.
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
Многу е тешко да бараш помош, а никој да не ти подаде рака дури и најблискиот те турка во бездна уште повеќе. Очајно бараш помош со секој збор со секој потег но никој не приметува, тонеш се повеќе. Сам во очај бараш сламка да се дофатиш нема. Многу е тешко кога немаш ништо и никој да се потпреш да знаеш дека некој се грижи за тебе дека ќе биде тука за тебе. Животот никогаш не ме мазел за среќа знам многу малку, таман кога помислив најдов некој кој ме разбира и сака се излажав во поголем пекол паднав, а нигде рака за спас се борам но немам сила предолго ова трае. Сама не можам ништо да направам и тоа тие го знаат и продолжуваат со омаловажувањето, навреди, подценувања се навикнав скоро на нив тие ми се како добро утро. Понекогаш се прашувам зошто воопшто живеам?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.280

Ти си мајка на две малолетни дечиња и тоа треба да ти биде најголема причина за живот, а воедно и мотиватор број еден за да се тргниш од насилникот што го имаш дома :).

Можеби психичкото насилство не остава модринки по телото, но и те како претставува загрозување на твојот живот, па и животот на децата. Веројатно постои некаков закон и за тоа.

Пријави го во полиција. Знам дека немаш никаква поддршка од пријатели и семејство, ама знаеш па имаш и луѓе опколени со безброј пријатели, а сепак на крај пак поминуваат сами низ ваквите ситуации. Затоа немој да се самосожалуваш и на гледај на тоа како на хендикеп, туку еден вид мотивација која потајно ќе ти кажува колку си храбра и силна. А си, со самото тоа што си признала себе си дека имаш проблем и си дошла на форумов навистина си храбра жена! Форумот ти е одлично место за да си ги издуваш мислите, но дел од енергијата убаво би било и да ја пренасочиш за да разговараш со психолог или психијатар. Смири се, вдиши длабоко, разбистри го разумот и направи го тоа за тебе и убавините кои дек до прва те чекаат тебе и твоите деца.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.696
Поени од реакции
6.032
Nezavidna ti e situacijata, ama na kraj pak ke mora samata da se izboris. Duri I da nemas podrska od familija I prijateli, sepak ne e kraj na svet. Neblagodarno e covek da sudi dodeka ne gi znae dvete strani na prikaznata...
Prvo, sekako ti e da probas so razgovor da probas.
Krajno ti e sekako razvod, ako mislis deka nema drugo... Ama mozno e I soprugot da se smeni ako go soocis so seriozna opcija za razvod.
Ako dojde do razvod - dve raboti ti se prvi: 1) naoganje rabota 2) kuka/stan
Rabota - moras da bides finansiska nezavisna. Ne ti e opravdanie mali deca, decata ke odat vo gradinka. Ke pocnes so bilo kakva rabota. Ne znam od kade si, ama ako si od Skopje, primer, prodavacka vo market, postojano imas oglasi... Plata 18-20000...ili restorani vo kujna... Ili servis za cistenje... Bilo sto za pocetok, pa ponatamu baraj si podobro
Ponatamu, pri razvod, deca so takva vozrast, skoro sekogas gi dodeluvaat na majkata. Toa znaci deka tatkoto ke mora da plaka alimentacija.

Toa so policii, snimanje, sudovi... Zaboravi go... Prvo, nema zasto policija da reagira ako nema fizicko nasilstvo... Snimki ti se ne zakonski I nikoj sud nema da ti gi prifati. A I so koja cel bi ti bile, sto ocekuvas da dobies?

Znaci, pak probaj civiliziran razgovor, ako ne - razvod, rabota, stan.
Ne e kraj na svetot
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
Фала ви за убавите зборови иако не ве познавам убаво е кога некој сака да помогне на било каков начин. Јас сум свесна за ситуацијава и полека гледам и барам начин како да се спасам, решена сум нема враќање ќе успеам да се спасам.
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
Кога бев мала мислев дека кога ќе пораснам веќе никој нема да ме навредува, сум се излажала сеуште трпам навреди и понижување. Си имав ветено дека на никој нема да му дозволам да ме навредува, години подоцна иста приказна солзи и тага не ми се верува како животов си игра со мене. Камен да е ќе пукне, толку ли бев слепа? Толку ли сум глупава или луѓево се одлични глумци. Како не видов дека истото од што бегам пак ќе ме снајде. Има ли крај ова?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.520
Поени од реакции
37.358

... сите се соочуваме со исти или слични проблеми, тоа е животот, за да има нешто крај не треба да се трудиш другите да ги смениш, пробај ти да се смениш и ќе има резултати, па макар мала промена,
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Кога бев мала мислев дека кога ќе пораснам веќе никој нема да ме навредува, сум се излажала сеуште трпам навреди и понижување. Си имав ветено дека на никој нема да му дозволам да ме навредува, години подоцна иста приказна солзи и тага не ми се верува како животов си игра со мене. Камен да е ќе пукне, толку ли бев слепа? Толку ли сум глупава или луѓево се одлични глумци. Како не видов дека истото од што бегам пак ќе ме снајде. Има ли крај ова?
Само наивна, поработи на вештините за читање на луѓето.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Кога бев мала мислев дека кога ќе пораснам веќе никој нема да ме навредува, сум се излажала сеуште трпам навреди и понижување. Си имав ветено дека на никој нема да му дозволам да ме навредува, години подоцна иста приказна солзи и тага не ми се верува како животов си игра со мене. Камен да е ќе пукне, толку ли бев слепа? Толку ли сум глупава или луѓево се одлични глумци. Како не видов дека истото од што бегам пак ќе ме снајде. Има ли крај ова?
Злато, а да посетиш психијатар. Неколку пати потенцираш дека единствената причина заради која сеуште си жива се твоите дечиња.

Психијатарот ќе ти помогне да ги пронајдеш одговорите на твоите прашања. За овој проблем пишуваш со месеци и како што гледам нема никаков напредок во твојата состојба.

Инаку секојдневно се отвораат работни позиции, да речеме по маркетите. Можеби ако најдеш работа одредени нешта ќе се променат. Но сепак сметам дека треба да побараш и стручна помош.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.520
Поени од реакции
37.358
Злато, а да посетиш психијатар. Неколку пати потенцираш дека единствената причина заради која сеуште си жива се твоите дечиња.

Психијатарот ќе ти помогне да ги пронајдеш одговорите на твоите прашања. За овој проблем пишуваш со месеци и како што гледам нема никаков напредок во твојата состојба.

Инаку секојдневно се отвораат работни позиции, да речеме по маркетите. Можеби ако најдеш работа одредени нешта ќе се променат. Но сепак сметам дека треба да побараш и стручна помош.
... ај што те гледам чуден, кој психијатар ќе одели толку време за да го реши нејзиниот проблем, тој брзопотезно ќе и' препишпе терапија да ,,ја смири,, од која ќе биде растение и нема да реагира на проблемите кои ќе бидат тука, а таа ќе мисли дека се решени,
... @Osamena@ е силна личност, нема потреба од психијатар, нејзе и треба само ветар во грб да се реши, плашлива е и не ризикува, посебно сега кога има две обврски - две дечиња, треба да се разбуди револтот во неа не во пишување на форум, туку на дело, порешителна па што биде нека биде, што има две деца звездата ќе ја следи,
П.С.
...кои проблеми имаат самите психијатри барем најмалку десетина што ги познавам, па не можат сами да си ги решат, ќе губат време со сеанси за помагање, дај таму психоседативи и решен проблем е нивното мото,
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
И да сакам да одам на Психијатар немам средства. За работа ми е проблем и се нервирам не пребирам работа ама малото не е запишано во градинка заради коронава немаше уписи, сега има ама за упис бараат потврда од двајцата родители дека работат. За да имам потврда треба да работам, детето нема кој да го чува башка и што не примаат сеуште нови деца и се чека многу. Затоа имав пишано дека сега за сега барам само за викенд пример по рестораниве за свадби што се за во кујна или за служење. Ама се со врски и препораки иде прашував на неколку места си имаат најдено персонал, ако требало ќе се јават.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.999
Поени од реакции
6.479
Во идеален свет би имало регистар на семејни насилници и сличен отпадок, како што постои за секс офендерс (не знам дали на оваа територија има воопшто) па така со неколку клика би можело да се дознае кој е кој. За секс-офендерс треба и РФИД чип под кожа за да се знае каде е во секој момент од денот.

Голем фејл на родители и општество е тоа што нема никаков разговор околу потенцијални ред флегс кои мора да се присутни. Не може бе некој лик да е 24/7 in character, едноставно е невозможно. Се изнервирал и ја нарекол жена си со погрдни имиња, ама тоа било така, инцидент? Не бре, тоа само ќе продолжи со поголем интензитет.

Често жени (па и мажи се повеќе), заслепени од затресканост ги игнорираат знаците дека партнер/ката е дно од особа и не му е место во врска или брак. Се додека еден ден не биде предоцна за жал.

Не можам да сфатам како е можно некој да е постојано насилен кон своја жена која сам ја бирал, која му родила дете, со која дели кревет, со која е најинтимен во светот. Таквите манијаци треба да бидат јавно накажани, нема друг излез.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom