Работа во Германија

  • Креатор на темата Креатор на темата John Burago
  • Време на започнување Време на започнување
Imam 21 godina, bev vo germanija 2019 3 meseci vo mcdonalds, imam ideno do B1 germanski i razbiram filmovi, no ne znam da rabotam nisto so struja, stiropor, takvi raboti i nemam evropski pasos, dali imam sansa da najdam preku agencija da rabotam nesto obicno tamu i da cekam 5 godini da dobijam niederlassungelaubnis ili da cekam 5 godini da dobijam bugarski pasos no nemam bugarski pretci. Celta mi e da pravam ausbildung za nesto sto ke razmislam i mozam da naucam germanski do b2 ili. C1 ako treba
Од следнио месец почнуват термини за визи за неквалификувана работна сила, поднеси и со договор од мкдоналдс и бургеркинг зимај виза, тоа е најважниот и најтежок чекор моментално чим немаш БГ пасош.
Кога ќе бидеш горе почни да си учеш јазик и после 2-3 години кога ќе земеш умберфист и визата нема да ти биде зависна од работодавецот ќе најдеш многу подобра работа со Б1-Б2 јазик.
Кога ќе земеш умберфист тогаш мислам дека можеш да правиш аусбилдунг за нешто што ќе наумиш, пред тоа мислам дека не оти визата ти е дадена за да работиш.
За БГ пасош ако сеуште не си поднел ќе чекаш 4 години до пасош во рака така да подобра ти е опцијата со виза но најважно е да ти одобрат.
 
Здраво на сите,

Ако може некој да ми посочи за закажување на термин за работна виза.
Имам најдено работа и работодавецот ми кажа кога ке добијам термин да го известам за да ми прати договор за работа. Имав закажано преку емаил на 4 јануари 2021 за термин но сега гледам дека требе повторно да закажувам преку емаил. Во прозорецот за каква виза, има повеке опции Blue card и сега незнам која е точната опција што требе да ја одберам. Немам високо образование само средно.
Ако може некој да ми посочи или објасни која виза е за мене.
 
Attachments

  • Screenshot_20210629-195914.png
    Screenshot_20210629-195914.png
    308,8 KB · Прегледи: 31
До пред две недели можеше да се аплицира како неквалификуван работник, сега таа опција ја тргнаа.

Ќе ја вратат најверојатно на 01.07 или околу тој датум (проверувајте редовно), пошто ќе има аплицирање за секој месец засебно.
 
ЛУГЕ БЕЗ НАВРЕД ВЕ МОЛАМ но зошто не си отворите тема "ВИЗИ" или ВИЗИ ВО ГЕРМАНИЈА или нешто слично пошто темава е Работа во Греманија со Должна Почит поздрав до сите
 
Оти визите се ЗА работа во Германија.
Ти текна сеа?
Океј.

п.с. Некни отворија термини и набрзина ги затворија кој фати-фати, другите... better luck next time.

Збеснаа луѓето по фб групите.
Следно, во август.
 
Нашава амбасада веројатно во договор со агенциите кои посредуваат им ги раздаде термините на нивните кандидати, околу 200 термини како што разбрав. А за Босна и Косово разбрав дека била задолжителна примена вакцина пред почеток на постапка за аплицирање.
 
Да, за босна така е. За косово немам прочитано.
А за нашите не знам што да искоментирам, пошто ако е стварно ова што го пишуваш тогаш треба да се повика некој на одговорност.
На самиот сајт стои дека амбасадата не соработува со агенции, следствено на тоа не верувам некој да си ја ризикува работата таму и да се зеза со термините.

Кој да му знае. Чудесна мкд.
 
Ова од коментари на фб го разбрaв дека некои агенции објавиле дека им пристигнале термини за нивните кандидати. Е сега со оглед на тоа дека многу од оние што пробуваа да аплицираат на страната уште во четвртокот не успеаја, ова ми изгледа логично објаснување, ама сепак не можам да тврдам.
 
За студенти да не се?

Мада, ти викам, ништо нема да ме чуди и да е поинаку. Нема поле кај што македончето нема засрано...
 
За студенти да не се?

Мада, ти викам, ништо нема да ме чуди и да е поинаку. Нема поле кај што македончето нема засрано...

Ако ме прашуваш мене, се работи за ујдурма на нашава амбасада, сега дали баш со агенцииве или не, не знам. Еве, јас лично цел ден во четвртокот се обидував, (а и многу други) па не успеав, едноставно делот за неквалификуван кадар не беше достапен за избор. За да другиот ден, излезат информации дека термините се веќе пополнети. А и со новиот систем на аплицирање ми изгледа дека ќе биде многу потешко од претходно, тогаш барем се знаеше колку се чека приближно. Сега веројатно ќе биде како да си добил на лотарија.
 
Точно е, познавам неколку деца што чекаа веќе година и нешто преку Евива и добија на први одма.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom