Грешка е ако имаат капацитет да бидат прва постава. На Милан му требаат првотимци, а за нив требаат пари. Доколку процениле дека овие нема да го достигнат тоа ниво, посебно за брзо време, логично е да ги продадат, макар и утре да чинат и повеќе, што лесно може да се случи. Би било добро да има опција за да ги купат повторно... А баш ме интересираше каква сезона ќе имаат Побега и Хауге. Да бидеме и реални, да беа во некој друг клуб во италијанско, никој немаше од нас да пишува дека ќе биде нешто од нив.
Клучно е да се направи добра проценка, а не да се чува секој млад фудбалер. Ако решат овие да ги продадат значи дека поради различни причини, повеќе им одговараат и повеќе веруваат во Салемакерс, Диаз и Тонали (ако е вистина дека последните двајца се скоро договорени).
Со Хамез најголем проблем е што веќе имаме еден во напад кој е многу битен и се мачи со повреди поради годините, ако добиеме уште еден фудбалер, кој треба да биде клучен, а се мачи доста во неговата кариера со повреди, мислам дека ништо не е решено. Затоа не сум за него, па макар и целата плата ја исплатил со продажба на дресови (не знам баш колку купуваа негови во Евертон

). Не е проблем квалитетот, туку повредите.