Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Имаш го испуштено битниот дел од муабетот.
За вирусот кој се јавува во декември '19 и за кој почнува да се разгледува создавање вакцина во Q2 '20, предлага папирологијата за вакцините да била средена уште на почеток. Кој цар. :cuc:
... со појава на Sars-koV прв пат како SARS во 2004 година,
вакцините со новата технологија се развивале експериментално од 2004 година, но се уште клинички недоволно задоволнителни, со три услови кои не даваа баш надеж и тоа што може повторно вакцинираниот да се инфицира со вирусот, истиот вакциниран да го пренесе вирусот и трето можни бурни автоимуни реакции од вакцината,
...но поради наглата епидемија во Вухан почнале со разгледување на пуштање на овие вакцини за Sars-koV-2 вирусот појавен поточно во средина на ноември 2019 год,

и наместо да се смееме со снименото видео на туристите со извикување ,,коронаааа, коронаши,, требаше уште тогаш да стегнеме дупе (цела Европа), а не Италија прима кинески туристи од Вухан кој веќе го имаа коронавирусот во себе, а пак кај нас ветар вееше, мислевме дека нема да дојде до тука!

...да ја предвидиш однапред ситуацијата и да се подготвиш, не треба да си ,,цар,, туку способен и да си на позиција за да се организира, ништо повеќе ни помалку,
 
Последно уредено:
Филипче истакна дека за да се прогласи крај на епидемијата во државата потребно е да нема нови дијагностицирани случаи два репродуктивни циклуси од 14 дена, а предвидувањата покажуваат дека ако продолжи овој тренд тоа би можело да се случи во август или на почетокот на септември оваа година

„Страшно се плашам од претстојната есен и страшно се плашам за невакцинираното население. Ние веројатно ќе почнеме да даваме трета доза од вакцините“, кажа тој, а пренесуваат српските медиуми
Ако направиме рекапитулација, сега кога го слушам Вучиќ и лани во март со Несторовиќ, можи да се заклучи дека од сите лидери во светот, само Болсоњеро си остана ретарда до крај.

На сите други му дојде умот.

Воедно, ние како што сме антиваксерска нација, 5г, Бил Геј, вакво нешто никогаш нема да се случи.

Последно уредено:
@beneamata кај нас никогаш нема да се постигне ниво на 80% вакцинирани граѓани. сите овие анализи кај нас не важат. Кога сите пријавени ќе се вакцинираат ќе имаме 25% вакцинирани со хетероген состав на вакцинирани, само Модерна и Јансен немаме.
Кај нас алфа сојот(британскиот) е доминантен и со овие сегашни бројки можеме да го сметаме за умрено. :D

Кога ќе дојде делта сојот како ќе се шири и колку хоспитализации и смртни случаи ќе предизвика можеме само да претпоставуваме според искуствата на другите земји каде во моментов зема замав.
А соевите, ако продолжи ова ниско ниво на вакцинација низ светот ќе стигне до омега, а можеби и ќе почне да слабее до толку што ќе се изгуби.
Greska, so ogled na brojkite nie imame postignato kolektiven imunitet, pa vo ovaa drzava ako ima poveke od 1500000 lugje ja veni secam, plus sega ako se vakciniraat uste 300k, tolku koronata e umreno barem kaj nas
 
... а што врска има Фајзер сега во тоа што ме праша како ќе го организирам сето тоа во три месеци, мислиш папирологија за дојде до МКД вакцината од Фајзер?

...познати ти се лековите ,,Diabinese,, или ,,Vasoflex,,? знаеш кој ги произведува?

...ај вака со мал увод,
,, Првата деловно-техничка соработка била воспоставена во 1961 година со „Терапликс“ од Париз, Франција, а со прераснувањето на „Алкалоид“ во современа фармацевтско-хемиска индустрија, таквата соработка била трасирана и со реномираните „Фајзер“ од Њујорк, „Шеринг“ АГ од Берлин, „Специја“ од Париз, со лабораторија „Делагранж“ од Париз, „Хеми“ од Линц, „Солко“ АГ и „Хофман Ла Рош“ од Базел, „МеркШарпДом“ од САД и други. На почетокот, ваквата соработка се состоела од преземање лиценци, а подоцна се надградувала и се преминувало кон доработка и кон производство на супстанции наменети за создавање на специфични фармацевтски производи. Со тоа се збогатувал асортиманот на „Алкалоид“ со нови препарати за голем број области од медицината, а многу од нив претставуваат врвни достигнувања во фармакотерапијата,,

... да ја имав таа одговорност, за тие три месеци тука во Алкалоид ќе се произведеше Фајзер вакцината, не ќе беше потребна папирологијата директно Фајзер, оти тука ќе се произведуваше,
а тоа што се подсмевнуваш за конкурс за советник во регистрација за лекови со ,, високо ликовно образование,, е само за плачење имаше јавна дебата и критика за тој конкурс, не си во тек за тој циркус?

Slozen proces e proizvodstvo na mRNA vakcini. Ne veruvam Alkaloid da e vo moznost da ja proizvede.
 
Првично објавените проценти за ефективност во заштита од симптоматски Ковид кај вакцините, можеме да ги заборавиме. Зошто? Тие проценти се однесуваат на оригиналниот Сарс-Ков2, не и на последователните мутации.

Ефикасноста на СИТЕ вакцини особено против Делта мутацијата е драстично опадната. Делта ни е на самиот праг, прашање на многу кратко време е кога ќе стане доминантна во цела Европа, секако и кај нас најверојатно втора половина на август или прва половина од септември.

Конкретно во Израел, каде што веќе преовладува Делта мутацијата, 40-50% од вакцинираните се инфицирани. Што е голем процент. За среќа тие кои се вакцинирани, претежно се со лесна клиничка слика.

Слична слика имаме и во Велика Британија, каде што Делта мутацијата е доминантна.

Имаме податоци кои според истражувањата спроведени во Велика Британија се укажува дека Фајзер штити 88% против симптоматски Ковид, додека Астра со 60% кога станува збор за Делта.

Но една работа е позитивна во целата ситуација, што сепак вакцините сеуште штитат од тешка клиничка слика и смрт ~90% (досега потврдено за Астра и Фајзер)

Засега се овие податоци потврдени во однос на ефикасноста на вакцините кај Делта. За Спутник, Синофарм, Синовак итн. имаме само симулации, сеуште не и релевантни податоци за нивната ефикасност против Делта мутацијата.
Времето ќе покаже, да бидеме оптимисти!

Како и да е. Реалноста е таа, фактите се тие.
Но според мене најважното. Вакцините сеуште штитат од тешка клиничка слика и смрт.
 
... со појава на Sars-koV прв пат како SARS во 2004 година,
вакцините со новата технологија се развивале експериментално од 2004 година, но се уште клинички недоволно задоволнителни, со три услови кои не даваа баш надеж и тоа што може повторно вакцинираниот да се инфицира со вирусот, истиот вакциниран да го пренесе вирусот и трето можни бурни автоимуни реакции од вакцината,
...но поради наглата епидемија во Вухан почнале со разгледување на пуштање на овие вакцини за Sars-koV-2 вирусот појавен поточно во средина на ноември 2019 год,

и наместо да се смееме со снименото видео на туристите со извикување ,,коронаааа, коронаши,, требаше уште тогаш да стегнеме дупе (цела Европа), а не Италија прима кинески туристи од Вухан кој веќе го имаа коронавирусот во себе, а пак кај нас ветар вееше, мислевме дека нема да дојде до тука!

...да ја предвидиш однапред ситуацијата и да се подготвиш, не треба да си ,,цар,, туку способен и да си на позиција за да се организира, ништо повеќе ни помалку,
Зошто некој би го зел SARS-CoV како репер за ситуацијава?
И како тоа точно се предвидува епидемија предизвикана од вирус кој не постои ниту ќе се појави во следните 15 години?
 
Што ви препорачуват после вакцинација со фајзер вакцина?
 
Slozen proces e proizvodstvo na mRNA vakcini. Ne veruvam Alkaloid da e vo moznost da ja proizvede.
Не е. Многу далеку е од таква работа. Не е работава дека Алкалоид не го бива, процесот е комплициран и има тесни грла.

На Sanofi им треба 6-8 месеци за да почнат со производство за Бионтек, Модерна и ЈиЈ. На гигант кој има начин да ја произведе потрабната днк, да произведе мрнк од истата, даги произведе потребните липидите и да изврши соодветен трансвер на мрнк во липидите му треба пола година дур да започне со "значајно" производство.

Далеку сме ние од тоа.
 
... а што врска има Фајзер сега во тоа што ме праша како ќе го организирам сето тоа во три месеци, мислиш папирологија за дојде до МКД вакцината од Фајзер?
...познати ти се лековите ,,Diabinese,, или ,,Vasoflex,, ? знаеш кој ги произведува?

...ај вака со мал увод,
,, Првата деловно-техничка соработка била воспоставена во 1961 година со „Терапликс“ од Париз, Франција, а со прераснувањето на „Алкалоид“ во современа фармацевтско-хемиска индустрија, таквата соработка била трасирана и со реномираните „Фајзер“ од Њујорк, „Шеринг“ АГ од Берлин, „Специја“ од Париз, со лабораторија „Делагранж“ од Париз, „Хеми“ од Линц, „Солко“ АГ и „Хофман Ла Рош“ од Базел, „МеркШарпДом“ од САД и други. На почетокот, ваквата соработка се состоела од преземање лиценци, а подоцна се надградувала и се преминувало кон доработка и кон производство на супстанции наменети за создавање на специфични фармацевтски производи. Со тоа се збогатувал асортиманот на „Алкалоид“ со нови препарати за голем број области од медицината, а многу од нив претставуваат врвни достигнувања во фармакотерапијата,,

... да ја имав таа одговорност, за тие три месеци тука во Алкалоид ќе се произведеше Фајзер вакцината, не ќе беше потребна папирологијата директно Фајзер, оти тука ќе се произведуваше,
а тоа што се подсмевнуваш за конкурс за советник во регистрација за лекови со ,, високо ликовно образование,, е само за плачење имсше јавна дебата и критика за тој конкурс, не си во тек за тој циркус?
Без разлика дали е Фајзер или Алкалоид, се знае како се спроведува едно клиничко испитување.

Инаку, зборам за папирологија во склоп на самите клинички испитувања. Прво го синтетизираш лекот/вакцината, па после правиш претклинички испитувања (на животни - краткотрајни и долготрајни), па после поднесуваш барање за испиптување на новиот лек на луѓе, па фаза 1 од клиничко испитување (прва примена кај луѓе т.е здрави доброволци, обично се започнува со околу стотина испитаници и се проучува фармакодинамиката и фармакокинетиката), па фаза 2 од клиничко испитување (се применува на неколку стотици луѓе - пациенти + здрави доброволци, дополнително се испитува дозата и ефектот на лекот/вакцината), фаза 3 од клиничко испитување (на неколку илјади луѓе - пациенти, се докажува т.е потврдува ефикасноста и сигурноста на лекот/вакцината), потоа следува барање за одобрување на новиот лек/вакцина и ставање на лекот во промет, за да на крај се продолжи со 4 фаза (целосно докажување во пракса и оптимизација, се применува на пациенти со одобрени индикации).

И како контрааргумент (иако со тримесечните вакцини си доста контрадикторна и сама се демантираш) на тоа што го збореше за пребрзо создавање на вакцини, недоволна безбедност итн. Во склоп на клиничките испитувања постои нешто што се вика етички императив - значи дека, правата, безбедноста и користа на испитаниците се најважни и се пред интересите на науката и општеството.

Испитувањето може да биде одобрено само од страна на етичка комисија и тоа најчесто најкасно до 30 по добивање на комплетна документација.
Автоматски споено мислење:

Што ви препорачуват после вакцинација со фајзер вакцина?
Истото што го препорачуваат и за другите вакцини. Два - три дена мирување, без тешка физичка активност и многу течности. Ладни облоги на местото на инјекција во случај на оток и парацетомал при температура и болка.
Автоматски споено мислење:

Првично објавените проценти за ефективност во заштита од симптоматски Ковид кај вакцините, можеме да ги заборавиме. Зошто? Тие проценти се однесуваат на оригиналниот Сарс-Ков2, не и на последователните мутации.

Ефикасноста на СИТЕ вакцини особено против Делта мутацијата е драстично опадната. Делта ни е на самиот праг, прашање на многу кратко време е кога ќе стане доминантна во цела Европа, секако и кај нас најверојатно втора половина на август или прва половина од септември.

Конкретно во Израел, каде што веќе преовладува Делта мутацијата, 40-50% од вакцинираните се инфицирани. Што е голем процент. За среќа тие кои се вакцинирани, претежно се со лесна клиничка слика.

Слична слика имаме и во Велика Британија, каде што Делта мутацијата е доминантна.

Имаме податоци кои според истражувањата спроведени во Велика Британија се укажува дека Фајзер штити 88% против симптоматски Ковид, додека Астра со 60% кога станува збор за Делта.

Но една работа е позитивна во целата ситуација, што сепак вакцините сеуште штитат од тешка клиничка слика и смрт ~90% (досега потврдено за Астра и Фајзер)

Засега се овие податоци потврдени во однос на ефикасноста на вакцините кај Делта. За Спутник, Синофарм, Синовак итн. имаме само симулации, сеуште не и релевантни податоци за нивната ефикасност против Делта мутацијата.
Времето ќе покаже, да бидеме оптимисти!

Како и да е. Реалноста е таа, фактите се тие.
Но според мене најважното. Вакцините сеуште штитат од тешка клиничка слика и смрт.
Контрадикција на Филипче, не?
Цел свет се спрема за делта сојот, овој кај нас ќе прогласува крај на епидемијата во август или почеток на септември. Дај Боже да нема 14 дена ниту еден случај па да прогласиме, ама некако многу избрзува со своите изјави.
 
Избори идат. Попис. Школска година во клупи. Сѐ е тоа збирање политички поени.
 
Без разлика дали е Фајзер или Алкалоид, се знае како се спроведува едно клиничко испитување.

Инаку, зборам за папирологија во склоп на самите клинички испитувања. Прво го синтетизираш лекот/вакцината, па после правиш претклинички испитувања (на животни - краткотрајни и долготрајни), па после поднесуваш барање за испиптување на новиот лек на луѓе, па фаза 1 од клиничко испитување (прва примена кај луѓе т.е здрави доброволци, обично се започнува со околу стотина испитаници и се проучува фармакодинамиката и фармакокинетиката), па фаза 2 од клиничко испитување (се применува на неколку стотици луѓе - пациенти + здрави доброволци, дополнително се испитува дозата и ефектот на лекот/вакцината), фаза 3 од клиничко испитување (на неколку илјади луѓе - пациенти, се докажува т.е потврдува ефикасноста и сигурноста на лекот/вакцината), потоа следува барање за одобрување на новиот лек/вакцина и ставање на лекот во промет, за да на крај се продолжи со 4 фаза (целосно докажување во пракса и оптимизација, се применува на пациенти со одобрени индикации).
... се сложуваме за начинот и временски тајминг на клиничките студии, го има тоа на Нет документовано како иде за да се пушти една вакцина во употреба,
би те прашала од цело ова горе наведено, ако пандемијата е званична од декемвеи 2019 дали знаеш кога излезе од производство првата антиковид вакцина ете да речеме АЗ и Фајзер и кога почнале да се вакцинираат првите пациенти?
И како контрааргумент (иако со тримесечните вакцини си доста контрадикторна и сама се демантираш) на тоа што го збореше за пребрзо создавање на вакцини, недоволна безбедност итн.
...дали ме следиш кога пишувам, дека овие антиковид вакцини се ,,развиени,, и во експериментална фаза од 2003 година?

поради недостатоците не се префрлиле од експериментални од заморчиња на клинички студии кај човек доброволец, а тоа се направи брзопотезно ...кога? кажи ми кога излезе од производство АЗ или Фајзер па ќе продолжам во тој контекс,
 
Последно уредено:
Не гледам собирање политички поени при правењето план за враќањето на учениците во клупите. Притоа има 3 сценарија, сѐ зависи од епидемиолошката слика. Ама не верувам дека интересот кај децата ќе биде голем за вакцинација, гледам се турка таков наратив во одредени држави.

Филипче рече дека ако продолжат овие трендови, може да се очекува во август или на почетокот на септември да се стави крај на пандемијата. Треба да има 2 циклуси по 14 дена без дијагностициран случај.

И колку што гледам во Британија, 50 целосно вакцинирани починале од Делта (индискиот сој)! Стапката на смртност е 0,13%. Читам тука. :)
 
Slozen proces e proizvodstvo na mRNA vakcini. Ne veruvam Alkaloid da e vo moznost da ja proizvede.
Не е. Многу далеку е од таква работа. Не е работава дека Алкалоид не го бива, процесот е комплициран и има тесни грла.

На Sanofi им треба 6-8 месеци за да почнат со производство за Бионтек, Модерна и ЈиЈ. На гигант кој има начин да ја произведе потрабната днк, да произведе мрнк од истата, даги произведе потребните липидите и да изврши соодветен трансвер на мрнк во липидите му треба пола година дур да започне со "значајно" производство.
Далеку сме ние од тоа.
...колку што ве читам на форумов, двајцата сте во ЕУ, а знаете што може или не може еден Алкалоид, а најмалку да имате малку поверение да се вложи во сопствени ресурси за производство на лекови и да не зависиме од некој друг, сте биле во Алкалоид, знате што може што не може да произведе, го познавате лично сопственикот Мукаетов па му ги знаете буџетските можности? ако еден Jonson & Jonson фабрика за шампони и козметички препарат може да ,,извади,, вакцина што не би Алкалоид!?
...ако една Њу Џерси фабрика за козметички препарати J&J ја купи Janssen во Белгија која ја произведува J&J вакцина, зашто не би Мукаетов т.е. Алкалоид не би го купил Торлак од Белград? нешто научна фантастика е производството на овие антиковид вакцини?
...све се може кога се сака, ама не се сака или се сака ,,ама не дозволуваат,, , дали е тука борба за профит или за здравје на светска популација допрва ќе видиме,
 
Не гледам собирање политички поени при правењето план за враќањето на учениците во клупите. Притоа има 3 сценарија, сѐ зависи од епидемиолошката слика. Ама не верувам дека интересот кај децата ќе биде голем за вакцинација, гледам се турка таков наратив во одредени држави.

Филипче рече дека ако продолжат овие трендови, може да се очекува во август или на почетокот на септември да се стави крај на пандемијата. Треба да има 2 циклуси по 14 дена без дијагностициран случај.

И колку што гледам во Британија, 50 целосно вакцинирани починале од Делта (индискиот сој)! Стапката на смртност е 0,13%. Читам тука. :)

Кога ќе се пуштат печалбарите сеа од 10 јули до 20 август, ќе биде далеку од прогласување крај на пандемија...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom