@Igorcemk
Друга е ситуацијата од минатата година. Сега и Санчо има желба и притиска за да си замине (го кажаа вашите тоа околу тој договор што го имале со Санчо), а плус нема некоја конкуренција од други тимови Јунајтед за да Дортмунд диктира цена и да испадне или по нивно или не го дава.
Лани Дортмунд и 120м бараше и овде се држеа предавања дека ова лето таа цена ќе биде почетен минимум, па еве се менуваат нештата. За споредба Јунајтед лани беше спремен да плати околу 90 до 100м плус бонуси, а летово според мене 90м (со еден фиксен дел ова лето, остатокот на рати) плус бонуси мислам дека ќе биде крајниот епилог.
Е сега во бонусите се пренесува дека еден дел ќе биде во број на настапи за клуб и репрезентација, а друг дел ќе биде според индивидуални и колективни перформанси (број на голови, индивидуални награди и освоени трофеи на Јунајтед).