Ви благодарам на Вашите „конструктивни одговори“.
За Ваша информација, мојот профил не е нов, туку е од 25 декември 2007, меѓутоа не сум бил активен бидејќи времето не ми го дозволува тоа. Ова е нова тема за мене и не сум ја „демнел“ претходно, а доколку моето прашање било претходно одговорено, тоа не ви дава Вас никакво право да ме напаѓате и да го обременувате форумот со навредиливи коментари. Треба да имате малку повеќе почит и многу повеќе култура, сите сме тука засегнати страни. Ако немате нешто корисно да споделите, не мора воопшто да ми коментирате на пост.
Благодарност и секоја чест за сите кои ми одговорија на моето прашање