- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 5.437
- Поени од реакции
- 12.437
Се согласувам со се што напиша во постот. Освен првиов дел што го цитирам!БАШ тоа сака да ти посочи. Дека е ДРУГО т.е. дека ако платиш помалку за струја нема да бидиш повеќе згреен. Односно ако наместо А+ со 3.5 добиеш А++ со 2,5 всушност губиш на топлина во просторот - што ти е клучно во греењето (без разлика на плусевите). Плусевите се само маркетиншки трик, а климата ќе ти „грее“ онолку колку што има капацитет на издув и онолку колку што просторот ќе има топлотни загуби.
Тоа се само махинациите на Стрелчо дека плусевите немаат врска и дека е подобро една клима да има поголем Пдизајн отколку помал Пдизајн а повеќе плувчиња!! (Зошто прави таква манипулација, погоди си самиот!?)
Според ЕУ регулативите(да не навлегувам во детали) според работни саати и температурни опсези за една зона, и колку kw/h ќе потроши една клима вкупно за зададениот Пдизајн....
Разликата е голема! Во вкупниот број потрошени киловати! Се смета "отприлика" по 10% за секое плувче, или поинаку кажано за иста испорачана топлина:
А+ работи со SCOP 4.1
A++ SCOP 4.6
A+++ SCOP 5.1
Па види сам дали е така небитно?
Или уште попросто кажано, ако сакаш да видиш дали и за колку време ќе си ги вратиш парите... ако А+ клима ти троши 1500KW/h, A+++ ќе ти потроши ~1100!