ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа е другари, врвот на една генерација.

Од тука натаму како ќе оди репрезентацијата, останува енигма. Ме плаши идењево на Гоче, пошто ќе си имаме маки во поглед на постигнување голови. Штета што и континуитетот ќе остане енигма со потенцијалното идење на Мрме.

Како и да е, сосема сум задоволен од прикажаното. Се бореа дечките, имаа шанси, покажаа заби, напаѓаа, креираа шанси и тн. Секако, со оглед на квалитетот што го имаат. Нема што да “измислуваме топла вода” околу квалитетот на поединци, едноставно тоа е вевот и ова е сосема друго ниво во споредба со квалификациски натпревари (особено со Германија) каде што подготвувањата и анализите објективно се помали. Можеа повеќе, можеа подобро, ама тоа е квалитетот и тоа ние лимитот. Не дозволив победата против Германија да ми ги крене очекувањата до плафон.

Можеби единствена замерка е што не почнавме против Украина и Австрија со оваа по-офанзивна формација. Ама и тоа е скроз отворено за дебата.

Столе најдобар на првенствово, иако го имаше круцијалниот кикс со Австрија, заедно со Велковски ми се чини при нивниот гол за 2-1, и од тогаш паднавме скроз. Ама “што би било кад би било” муабети се тоа... Не беше ни он wow, што би рекол Рој Кин - “That’s his job”.

Немаат нашиве ни квалитет, пак ќе кажам играат во шкљ лиги, немаат кондиција на највисоко ниво да играат секои 3 дена, едноставно нивните матични клубови не им го овозможуваат тоа. Денес Елмас и покрај тоа што потфрли, најмногу истрча, бидејќи игра во едентоп клуб, макар и како резерва. Самото играње во Наполи, многу значи - ми е поентата.

Истиот проблем како и кај другите репрезентации - недостаток на професионализам, проблеми во менталитет, неостварување на потенцијалот и недоволно жртвување на самите играчи. Македонија сме сепак, мала, сиромашна земја и многу играчи од разни спортови треба да земаат примери од Лазаров, Антиќ (и покрај сите говнарии), Пандев, Ѓорѓиев. А не да се задоволуваат со десетици илјади евра месечно во некои просечни екипи од Романија или Маџарска.
 
Мрме кажа ова ми е последна прес коференција...
Фала ти за се Мрмињо! :oleee:
Да ама како политичар одговори на прашањето.. Како да сака да го продолжи договорот или не знам што
 
Се понашаат како да има 32 години , а не 38...кај ќе се врати?..како тренер?....од ваквките како овие коментаторите ми се одмили да давам мислења....спортски новинари се, од тоа живеат, цел ден се преокупирани со информации во врска со тоа што се задолжени и види ги шо коментираат.
Автоматски споено мислење:



Искомплексиран народ...од ваквите луѓе ми се одмили ракометот и експертизите што ги слушам секоја година во Јануари месец.
Не се работи за комплекси тука, народот не го сака и тоа е, не дека он стварно е баксузот и ако не им направеше "сачекуша" пред авионот дека готово ќе освоевме, туку човекот е нешто најлошо што се случило на државата.

Ова ти е исто као силувачот да се појави на пораѓањето и да очекуваш семејството на силуваната жена да не реагира на неговото појавување.

Единствени комплекси може(мое видување) е што народот мисли дека ако го пцуе Заев или вади кутлеш знамиња и дека тоа е некој вид на патриотизам, ја ебаа државата со прст не се мрдна, кутлеш знамиња у секоја кука по пет ги има, мене искрено ми е срам да извадам знамиња во ваква ситуација како што е Македонија и да се правам патриот и од утре пак сите си ќутат веќе неколку години. Јас прв знам да "спуштам" некој комуњар од типот "Zaev do smrt" во секојдневниот живот ама не ми е јасно која е фората да му пцуеш се живо по интернет.
 
После Стефан идат Николов, Велковски, Муслиу, Трајковски, Тричковски, Адеми па тек потоа можеби Барди.
Изигра сосема солидно против Украина.
Да има во средина подобри креатори, подобро ќе делува.
Не се сложувам со ова , касни со секое подавање Барди секунда - две . Можеби против косоварите и Грузија тоа поминуваше па се стекна лажна слика за него. Не би рекол дека Трајковски бил полош од Барди , неколку пати се сплетка и исфорсира некои шутеви али јбг , толку е квалитетот.
 
 
Да ама како политичар одговори на прашањето.. Како да сака да го продолжи договорот или не знам што
Да, сигурно тој сака ама мислам знае дека нема да му биде продолжен договорот од страна на ФФМ.
Јас лично сум За да остане, ќе се наруши хемијата со повеќето заминувања.
 
Новевски, Митревски играа во Бундеслига и беа стандарди. Од Новевски само Пандев има подобра кариера, легенда е човекот во Маинц. Седлоски беше лидер глава буташе сегде.
И Васоски беше со нив и он беше стандарден во Буднес.
 
Сакам да ја искористам приликава и цела нервоза да ја истурам на умноболните фудбалски експерти што повеќе обесуваат муда за религија и политика на темава него ли за фудбал. Да ви ебам матер идиотска на сите по ред .
 
Не се работи за комплекси тука, народот не го сака и тоа е, не дека он стварно е баксузот и ако не им направеше "сачекуша" пред авионот дека готово ќе освоевме, туку човекот е нешто најлошо што се случило на државата.

Ова ти е исто као силувачот да се појави на пораѓањето и да очекуваш семејството на силуваната жена да не реагира на неговото појавување.

Единствени комплекси може(мое видување) е што народот мисли дека ако го пцуе Заев или вади кутлеш знамиња и дека тоа е некој вид на патриотизам, ја ебаа државата со прст не се мрдна, кутлеш знамиња у секоја кука по пет ги има, мене искрено ми е срам да извадам знамиња во ваква ситуација како што е Македонија и да се правам патриот и од утре пак сите си ќутат веќе неколку години. Јас прв знам да "спуштам" некој комуњар од типот "Zaev do smrt" во секојдневниот живот ама не ми е јасно која е фората да му пцуеш се живо по интернет.

И јас го мразам, и мене ме нервираат коментаторите и сите политичари и многу други работи па не пишам за нив на секое и не ги замарам останатите со глупости и сосема неповрзани работи со фудбалот....

Тука идиме да искоментираме за утакмицата, за фудбалерите, за репрезентацијата, кој играчи шо играчи...тие за Заев коментираат...како не се комплекси тоа?...и обратно порано за Груевски коментираа...ете за некоја година ќе го нем Заев и пак за некој трет ќе се коментира....ненормален народ...небаре тој е баксузот и ако не беше тој ќе ја победевме Холандија.
 
Читав многу критики за Џани и Трајковски а не глеам што трагично они направија? Џани ораше на сите три утакмици и беше главна карика преку која одевме во транзиција, Трајковски немаше среќа да погоди но одигра све што требаше друго. Боби играше две текми на неприродна позиција и освен што ја нема брзината, за друго не потфрли. Чурлинов одлично искористени минути, Стефан на ниво, Столе дефинитивно најдобриот индивидуалец на ова ЕП од нашите.
Имаше некој претходно пишано, забораваше дека игра бек. Првиот гол против Австрија падна зошто он не покри, денес мислам исто третиот ради таа причина. Офанзивно мислам дека нешто премногу не го користеа, а не знам зошто. Приметив во неколку ситуации на утакмицата со Украина кога буквално беше сам на лева страна, а топката идеше во средина...

Средината заедно со одбранава, непостоечки. Средината како целосно повлечена да беше и ко да фалеше 1-2 играчи што ќе ја поврзат со нападот. Ко дупка да имавме на утакмиците со Австрија, а посебно на таа со Украина...
Фала богу што Столе бранеше одлично (освен кај вториот гол со Австрија) па гол разликава и не е прекатастрофална, иначе денес холанѓаниве ќе не напунеа...
 
И Васоски беше со нив и он беше стандарден во Буднес.

Стандарден, само првите две сезони.
После почна со повреди и аир не виде.
Мислам и сезоната кога реши да се пензионира дека требаше да потпише за Вардар ама пак се повреди и реши да стави крај.
 
Можностите на оваа генерација не и беа олку, колку што покажаа резултатите, во најмала рака сме на исто ниво со Австрија и Украина и можевме Л Е С Н О до втор круг доколку средниот ред и на моменти одбраната не потфрли.

Више срече други пут, ако го има.
Се што напиша е тамам освен ова.

Не не сме на исто ниво со Украина и посебно не со Австрија....тој Германски фудбал не ни лежи воопшто и против нив ќе изгубиме 10 од 10...буквално ќе не згмечат физички и ќе не уморат како што ни направија во три натпревари досега...тоа што ги добивме Германија 1-2 е исклучок а не рутина.

Украина игра спор фудбал и можиме да се надигруваме ама пак е поквалитетна репрезентација и технички далеку попоткована.
 
Стандарден, само првите две сезони.
После почна со повреди и аир не виде.
Мислам и сезоната кога реши да се пензионира дека требаше да потпише за Вардар ама пак се повреди и реши да стави крај.
Да. Ама имаше еден период кај што Васоски беше стандарден во Ајнтрахт, Митрески во Котбус, Новески во Мајнц. Седлоски во Матерсбург, а он некоја година пред тоа беше капитен на Динамо Загреб и беше најдобар стрелец тамѕ мислам, се повампири нешто исподава голови од слободни и со глава. Тие четворица беа стабилни играчи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom