Слободната воља и религиите!

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.141
Поени од реакции
10.151
Smetas deka e vo red da zememe da se ubivame megusebno?
Ne se plasi togas, pisi si ja licnata adresa ovde.
Дали ти воопшто читаш нешто???
Веројатно и тоа што го пишуваш самата не го разбираш..глупоштини!!!!
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Ти не ја ни разбираш темава на која долета да ми велиш како јас имам проблеми лично со тебе или некој христианин, бидејќи си одбрал христијанство :)
Твоја работа си е тоа, повели објасни ја волјата словодна во твојата религија... како тоа, без да си казнет?
Грешните имаат слободна волја?
Почни ја од почеток и читај што се е кажано и во кој контекст... не е во смисла како шти ти си замисли...
Бидејќи сакам и можам да пишувам реферати... имаш проблем со тоа?

Јас не те прашав ништо за твојата слободна волја, ти ме цитираше и ми долета како тоа јас сум можел постојано да критикувам христијанство и ислам.
Можам и критикувам... ако си христијанин и си ја знаеш религијата, повели дебатирај за волјата во христијанството и дали ја има или не, нормално вклучи ја идејата за грешност и казна - бидејќи тоа е спротивно од слободна волја.
Дали се разбираме? Дали воопшто ја проучуваш твојата религија или Вера, Надеж и Љубов и целиот тој романтизам ти е доволно?
Ако ти е доволно, ок - неам против, супер :)

По се изгледа ти не си ја знаеш религијата... па затоа мене ме заморуваш и ми проектираш како јас сум имал проблем што ти си христијанин.
Јас не критикувам индивидуи, критикувам учења кои се косат со човечката природа...

Ти и јас и било кој, денес, може да бидеш што сака, но да ја следи доследно таа животна философија - а не да си христијанин wannabe и да ме заморуваш мене како зборувам премногу и како не смеам да критикувам...
Смеам, критикувам и ништо не можеш во врска со тоа...
Јас никој не велам да биде нешто друго од тоа што одлучил да биде... ако ти се слаби аргументите и сфаќаш дека има правдина во критиките, не е до мене, до тебе е и тоа што се критикува :)
Гледам ти ја разбираш темава ептен.Шо не ти е јасно не знам.Шо има ти да ми објаснуваш.Сум Христијанин и не се осеќам како роб.Во една друга тема еден член на форумов го разоткри Кроули.Не знам како можиш да му се восхитуваш на таков забеган лик.Ама тоа е твоја слободна волја.Чекај го новиот Еон во знакот Водолија,тоа е твоја слободна волја.Терај си ама не ги замарај другите и не им го наметнувај своето мислење,многу едноставно.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Ајде од крајот...
Не наметнувам никому да биде нешто што не е во негова природа и волја. Дека критикувам религии според она јас како разбирам и знам - критикувам и ти ништо не можеш во врска со тоа. Затоа ти изгледа дека ако некој критикува нешто, сигурно сака да те убеди да бидеш нешто друго или токму како тој што критикува.
Тоа е глупост.

Ако чекаш други да ти го разоткриваат Кроули, нема многу далеку да стигнеш. Се што зборувал и правел го има на нет, може да читаш ако сакаш реално да знаеш нешто за човекот, бидејќи оние „што разоткриле“ каков е Кроули сигурно не разговарале со него tete-a-tete, туку собрале од прохристијански вебстраници сешто (му се налутиле на неговата философија бидејќи не функционира за нив) само за да кажат како некој е зло и сатанист. Тоа е веќе видено. Пракса на стариот еон: направи да изгледа лошо и демек завршено.
Земете прочитајте за промена нешто од она што вие сметате дека е погрешно (а сте го собрале од форум или вебсајт) и видете ја оригиналната мисла на еден автор, а не некој што мисли за овој или оној...

Не се восхитувам на Кроули, реков дека ние не обожуваме луѓе, тоа е стариот еон... но не можам да го осудам за тоа што бил во животот, бидејќи тогаш се што зборувам ќе нема смисла, во однос на слободната волја, љубовта, животот - реално се што е Телема.
Се што бил, не наштетил никому ниту пак присилувал некој да биде тоа што не е по негова волја!
Бил свесен за последиците и немал проблеми со тоа...

Секој е сам одговорен за она што ќе направи во животот и како ќе го искористи секој здив во однос на себе и другите!
Плодовите што ќе ги произведе од своите акции само тој ќе ги бери и само тој ќе ги јаде - колку и да се слатки или горчливи.

Новиот еон не е Водолија и не треба да се чека, дојдено е сето тоа и го живееме... 100 години од еден еон, е ништо во однос на човечкиот живот на Земјата.

Мене ми е небитно ти што си христијанин, тоа е твоја работа и јас немам проблем со тоа. Колку знаеш за својата религија и колку трошиш време да ја учиш и практикуваш, пак твоја работа. Муабетот е дали има слободна волја во самата религија во однос на философијата што ја содржи самото духовно учење, а не ти дека си имал слобода да бираш и да одлучиш што ќе си. Тоа е нормално и тоа така треба да биде секаде!
Како се чувствуваш и што мислиш дека ти го бара духот - тоа да бидеш и никој да не те заморува со тоа!
Во Иран, може и данок дополнителен да плаќаш бидејќи не си муслиман... шеријатски закон кој се темели на исламот и светата книга Куран!

Ниту сум те цитирал ниту сум те прашал што си, сам дојде и ми кажа дека ти по своја волја си христијанин заради тоа и тоа...
Реков јас нешто дека не смееш да си тоа, туку нешто друго?
НЕ!

Дојде ти налутен бидјеќи имам критики кон старите религии да ми велиш индиректно дека моето е зло? Дојде :)
Што да правиме, тоа е тоа...
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Едно интересно видување за Христијанската слобода од автентична хиндуистка.

Најпрвин би сакала да кажам дека православното сфаќање за синергијата, т.е. содејствувањето на Бога е најпрекрасниот и најинспиративниот начин да се уважи човечката слобода. Православните автори ја нагласуваат синергијата бидејќи препознаваат дека тоа е дел од нашата создаденост според образот Божји – слободата која ја имаме. Господ не нè ограничи, туку ни даде слобода. Идејата за духовно делање е нешто што може да биде погрешно интерпретирано. Тоа не значи дека самите себеси се фаќаме за коса и се подигаме, туку значи дека ги употребуваме нашите, од Бога дадени енергии (физички, ментални, духовни), и ги насочуваме кон Бога, кон Христа, преку Духот.
Самиот поим, концептот на „сачидананда“, којшто е некој вид вистина, знаење, блаженство – ова е троичен опис на тоа крајно искуство – во мојот ум тоа звучи прекрасно, но тоа е статичен концепт, а исто така е и апстрактен концепт. Од друга страна, кога Исус Христос зборува за духовната цел на луѓето, којашто е Царството Божјо, тоа за мене е неверојатно богата, возбудлива, динамична и вдахновувачка визија. Затоа што не е само внатрешна, туку е и надворешна, не е само лична, туку е и заедничка – ги вклучува и другите луѓе. Освен тоа, Царството Небесно за кое говори Христос не ги опфаќа само луѓето, туку и целото Создание. Ние луѓето ќе бидеме преобразени, но и целото Создание заедно со нас. И уште повеќе, ова не е статична цел, тоа е вкоренето во христијанското сфаќање за Бога, којшто е „Животворна Троица“, како што пееме во Литургијата, значи тоа е многу динамична, активна сила на љубов и личносен однос.

Оттука, имаме една неверојатна визија, визија на верата, којашто (за мене) е уште повеличествена бидејќи не завршува, не се работи за цел што ќе ја постигнеш и си завршил, туку таа продолжува. Тоа е постојано преобразување од слава во слава, како што говори светиот апостол Павле. Би можела за ова многу да зборувам, но можеби премногу зборови не се добра идеја. Но, има еден многу важна реченица, потсетник за Царството Божјо, со што би сакала да завршам: Царството Божјо се постигнува само преку Крстот Христов, само преку следењето на Христа, а тоа значи и страдање заедно со него.

Ова е другата работа што ме возбудува како хиндуист, односно како некој што преминал од хиндуизмот, една од причините заради која станав Христијанка е тоа што сфатив дека одговорите коишто хиндуизмот ги дава за злото и страдањето се крајно несоодветни, па дури и патетични – едноставно да се одложи проблемот припишувајќи го на „кармата“ или на некој живот во минатото, не беше доволно добар одговор. Додека, пак, преку прифаќањето на страдањето со цело срце, и освојувајќи го со љубов, со вера, го лечиме нашиот ранет внатрешен човек, а исто и ранетиот свет. И ова е истовремено со Царството Божјо. Ова го кажувам за да укажам дека христијанската идеја за Царството Божјо е далечен повик од она што би го нарекла, очекувам дека некои луѓе ќе се навредат доколку кажам, но сепак ќе кажам: сфаќање од типот „направи сам“ на самади. Исто така, самади неизбежно станува самоцентричен концепт. Дури и некои луѓе да зборуваат за заедничка работа и т.н., во крајна мера тоа подразбира оставање на светот зад себе, оставање на другите луѓе зад себе и оставање на Созданието зад себе.

Се разбира, во Христијанството, клучна е нашата личност во Образот Божји. Во контекст на Бхакти јогата – како што посочивте – се работи за обожување на некое лично божество. Така, некои луѓе, како на пример Ваишанавитите – го обожуваат Кришна, или Рамакришна, некои други ги обожуваат „Светата Мајка“ и Кали и т.н. Дали самади е секогаш губење на себе си, или „гасење“, како што би рекле будистите?

Сметам дека кога се зборува за „себеси“ во хиндуистичката традиција, тоа не е исто како христијанското сфаќање на човечката личност. Целата антропологија е сфатена поинаку, и ова создава многу проблеми, бидејќи ако ја погледнеме Бхагавад Гитата (а тоа е еден од класичните примери за тоа како се гледа на човекот), ќе видиме дека таму се зборува дека душата го населува телото. Поделбата на душа и тело е екстремно силна, па така во хиндуистичката традиција се смета дека она што навистина е важно е душата, додека телото е само збир на различни елементи. Мошне слично сфаќање постои и во другите различни хиндуистички философии, па дури и во будизмот, којшто, пак, оди уште подалеку уништувајќи го и самиот поим за „себеси“. Така што на прашањето „што е она што апсорбира?“, повеќето хиндуисти би рекле: било кое илузорно чувство за „себе си“. Со други зборови, уште на самиот почеток не постои чувство за вредноста на уникатно создадените човечки суштества.

Тука наоѓам дека Христијанството толку многу ослободува, бидејќи во христијанското богословие зборуваме и имаме јасна претстава за Бога – Кој е Љубов, Бог Кој е Творец, Бог Кој го љуби човекот. Ова е од исклучително значење кога се зборува за тоа што е човекот – бидејќи штом сме ние создадени според образот Божји, тогаш исто така ги имаме и овие лични својства. Ова е неверојатно важно кога се зборува за Царството Божјо и за обожението и за другите поими коишто произлегуваат од тоа, затоа што човекот е по својата природа скапоцен, бидејќи е создаден според образот Божји. Во хиндуизмот никаде нема ништо слично. И така, „самади“ е конфузен поим, бидејќи има два начина да се дефинира човечкото суштество, но најчесто ќе најдете дека постои гностичка црта – дека душата е важна, а телото не е.

Доктор Христина Мангала Фрост е израсната во Индија, родена e како хиндуистка, во највисоката, свештеничка каста во Индија – браманската. Таа е воспитана со јогата – нејзиниот дедо бил личен пријател со еден од водечките индиски хинду гуруа и учители кои ја дефинираа модерната јога и веданта философијата, познатиот Свами Шивананда. Доктор Христина Мангала Фрост станала Христијанка на 22 години, а подоцна преминала во Православната Црква. Докторската титула по англиска литература ја здобила од универзитетот во Кембриџ, Англија. Автор е на статии за литературата и книги од жанрот „фантастика“, а и самата има напишано неколку такви книги; како и текстови на различни духовни теми, вклучително и за јогата и Христијанството. Омажена е за д-р Давид Фрост, директор на Институтот за Православни Студии при Универзитетот во Кембриџ, со него има четири деца, а се црквува во храмот „Св. Ефрем Сирин“ во Руската Православна Црква во Кембриџ.
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
ГАЛАТЈАНИТЕ 5

Да се биде управуван од Духот, а не од похотите на човечката природа.
Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг. Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе. Ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.

Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти. Зашто, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате. Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.

Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност, служење на идоли, маѓии, непријателство, кавги, ревнување, гнев, раздори, расцепи, зависти, пијанство, пирови и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо.

Плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост. Против такви нема закон. Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите. Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме. Да не бараме лажна слава, еден друг да не се предизвикуваме, еден на друг да не си завидуваме.

Тоа е религијата во суштина. Напишано е: Се е допуштено! Но не е се полезно.
Не можеме да живееме како животни. Ја немаме повеќе таа невиност. Или сме Божји синови и ќерќи или сме копилиња и демони.
Телото води кон смрт, Духот води кон вечен живот. Да не го разменуваме Божјото Царство за еден оброк.
Вера во Бог и Христос се изразува преку љубов. Да не забораваме на вдовиците и сираците, на маргинализираните, оние кои се во подземјето.
Христос е прво спасител, потоа судија. Да не се осудуваме, за да не бидеме осудени.
Да го возобновиме умот и да ја усогласиме повторно нашата автентична волја со Божјата Волја, која ќе биде исполнета, со или без нас.
Да не го заборавиме Бог.
 
H

Hyperion VI

Гостин
Во Македонија да те знаат дека си Телемит може будали да ти направат проблеми во приватниот живот
За Слободна волја(не воља,ам'н измодерирај го веќе),
ќе ги прочитате делата на англискиот окултист Алистер Кроули.
Тој е човекот што најмногу ја има истражувано таа духовна состојба или наука.
Сите книги ви се преведени на наш јазик и можете многу да научите.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Ако ја препознаеме нашата волја и ја извршуваме во животот, значи ја исполнуваме божествената, така? :)

Како тоа, ќе биде нешто исполнето дури и да не е усогласено со нас? Туѓото секако мора, дали ти ќе прифатиш или не... небитно?
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ако ја препознаеме нашата волја и ја извршуваме во животот, значи ја исполнуваме божествената, така? :)

Како тоа, ќе биде нешто исполнето дури и да не е усогласено со нас? Туѓото секако мора, дали ти ќе прифатиш или не... небитно?
Нашата волја ја препознаваме преку Другиот и другите, поконкретно сакајќи го Бог со сето срце, душа..., и ближниот како себеси, креирање живот во заедница на Љубовта.

Во спротивно обидот за спознавање на себе во себе води во солипсизам, обезличување..., обид да ги "стопиш" во себе сите и се', својата сопруга, деца, родители, пријатели..., за да на крај се доживееш како "Бог Самец" ?!

Ова е есхатолшка премиса да далекуисточните религии, а самотијата е идеја на Луци за враќање на се' во ,,ништо" ex nihilo, со цел да ја покаже и според него да докаже дека Бог погрешно го креирал светот и човекот.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Нашата волја ја препознаваме преку Другиот и другите, поконкретно сакајќи го Бог со сето срце, душа..., и ближниот како себеси, креирање живот во заедница на Љубовта.
Бхакти јога.

Тоа нема врска со слободната волја, штом има казна... сите ја препознаваме нашата чиста волја преку себе и другите, затоа и велиме секоја ѕвезда ако ја знае својата патека, нема да има туркање бидејќи има простор за сите :)
Тоа со Луци, муци и останати приказни, пак оди во доменот на казна и грешка и слободната волја испарува во воздух, бидејќи „Татко нека биде твојата а не мојата волја“.
И тука се најдоа на времето малку поучени христијани, кои чекореле или на работ на мистицизмот или биле дел од езотериските школи (тајно) и рекоа: човечката волја ако е една со божествената тоа е тоа - слободна волја.
ТОа не доаѓа од религиите, да не ги лажеме луѓето, посебно не од христијанството, без разлика дали е православие, католицизам или што и да е друго ;)
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
...што е верата друго,туку можност на обичниот човек да следи еден пат исполнет со надеж за подобро утре
...одкако постои човештвото постојат и верувањата,така да не гледам никакви ограничувања за оној кој решил да следи еден пат во животот
...присилно наметнување на вера е она што го нарекуваме ограничување на слободната воља
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
...што е верата друго,туку можност на обичниот човек да следи еден пат исполнет со надеж за подобро утре
...одкако постои човештвото постојат и верувањата,така да не гледам никакви ограничувања за оној кој решил да следи еден пат во животот
...присилно наметнување на вера е она што го нарекуваме ограничување на слободната воља
Што е тоа „обичен човек“? Не постои обичен човек и необичен човек.
Обичен човек во стилот не може да се снајде во животот, го натежнало тешко бреме, карма, глава не може да крене, па му треба само надеж за утре?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.141
Поени од реакции
10.151
Ако ја препознаеме нашата волја и ја извршуваме во животот, значи ја исполнуваме божествената, така? :)
Па не би требало да е така, нели!!?
Нашата слободна воља ја исполнуваме со тоа што врз неа сме ставиле сопствен закон, а не божји.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom