Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
А има еден интересен момент во анкетава, ем 70% незадоволни од работата на Шилегов, кој меѓу другото повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, ем СДСМ води 4-5% во Скопје...

Малку проблематично е тоа да се измери во ситуација кога освен Шилегов не се знаат кои ќе бидат другите кандидати. Мада тоа не е нешто оптимистички за Дпмне, знаејќи дека голема е можноста да кандидираат некоја дилајла со “ме изеде туѓ срам” стил на кампања.
 
СДСМ 19%
ДПМНЕ 16%
ЛЕВИЦА 2%
Види ги овие анкети од "независнава" Телма. Левица 2%, СДС најмногу.
После све што направи СДС и пак ако има најголема подршка амерот треба сериозно да размисли да снима документарец за северен фиром со детална анализа од страна на врвни психолози, социолози, а и невропсихијатри. Идна нобелова награда се крие во анализирање на рајата во територијава.
Имаше во психологијата некој ефект или појава, кога силуваниот се заљубува во силувачот.....:confused:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Поскапување од 3.5 денари на гориво ради еколошки причини би било скрос ок во Норвешка да речиме, кај шо немаш фабрики да те трујат и да ти горат канцероген мазут и отпад од европа, али кај нас не. Се знај дека ова е мерка плус да се исперат пари, а не знам како овде вие 2-3 шо сте со здрав разум трујате дека то било скрос коректно...
 
Кога би имало алтернативни решенија, и кога би имало избор на што да се вози, услови и стандард тоа да си го дозволиме, тогаш да, нека ја качат нафтата и 100 денари ако сакаат, нека биде луксуз да се вози на нафта, за и тие останатите да бидат принудени да се префрлат на по еколошки решенија.

Но во ситуација кога 99,9% изборот ти е да возиш на нафта или бензин, ти да качуваш цена во името на екологијата ти е чисто удирање по џебот и собирање арач од народот.

И јас сум за промени, кој не сака да живее во здрава и чиста околина, но мене лично колата ми е потреба, јас не живеам во градското подрачје па да можам да си се развозувам со тротинетче, па од таа страна ова ми е чисто удирање по џебот, и додатни трошоци.

Плус, државата ако толку се замараше за екологија и почиста средина, и ако толку им беше битно да се смени возниот парк и да се исфрлат дизелашите, што не намалат даноци на увезени возила? Зашто комуњариве ја зголемија царината за дупло од како дојдоа? Зашто за обична Голф 5ка да плаќам 1500 евра царина, кога во Германија кошта околу 2000 евра. Зашто уште климатроник и автоматски мењач се сметаат за лукзуз и ти наплаќа плус за тоа?

Чист арач ти е ова и ништо друго, за екологија ги заболе стапот.
 
Не е толку фрката што ќе ја качат цената на нафтата ако сите знаеме дека парите ќе завршат таму кај што треба и за целите за кои се потребни. Ама во ситуација коа трошат пари да ранат паразити во администрација, на лубриканти и други имбецилни работи, нормално е луѓе да се бунат за вакви работи кои ги засегаат кога гледаат дека некој лапа 20 илјади евра од патарини.
 
Супер, дај ми субвенции за електро возило или покачи ми плата, ни дизел ни бензин ќе возам.
Во принцип така прават. Возилата кои вршат емисии на гасови добиваат повисока цена (дали директни такси при продажба, поголеми цени при регистрација, зголемени цени на горива), возилата без емисии трпат низа поволности. Овие тука "мерки" се само за полнење на буџет.

И не може точак или тортинет да му биде замена за кола на некој шо деца вози во школо/градинка или на постаро лице кое работи 10+ КМ од дома. Башка тоа шо ни еден град нема улици приспособени за точаци (за локални патишта да не го почнеме муабетот ич).
 
Се знај дека ова е мерка плус да се исперат пари, а не знам како овде вие 2-3 шо сте со здрав разум трујате дека то било скрос коректно...
Кој здрав разум? северџан и здрав разум не идат заедно во иста реченица.
 
Во принцип така прават. Возилата кои вршат емисии на гасови добиваат повисока цена (дали директни такси при продажба, поголеми цени при регистрација, зголемени цени на горива), возилата без емисии трпат низа поволности. Овие тука "мерки" се само за полнење на буџет.

И не може точак или тортинет да му биде замена за кола на некој шо деца вози во школо/градинка или на постаро лице кое работи 10+ КМ од дома. Башка тоа шо ни еден град нема улици приспособени за точаци (за локални патишта да не го почнеме муабетот ич).
Кај нас се е обратно, исто како кога гради некој куќа и да почни да ја гради од покривот.

Ние средивме другите работи, па сега до 3,5 денари од нафтата за еколошки цели стигнаа.

Ете, нека излезат на прес нека речат, 3,5 денари ќе биди зголемена еколошка такса за горивата, и со тие проектирани 27 милиони евра, да биди изграден клинички центар во Штип, Прилеп, Битола, нели не е само Скопје во државава. А тие, дрпаат пари за да ги ранат 90% од трутовата администрација која единствена работа му е да се облечат за на работа и да купат 3 во 1 за да пијаат пред канцеларии цел ден.. Приватниот сектор, поточно работниците, можат да истрпат се... Ама битно, радиодифузна не плаќаме...
 
mkd-513194.jpg

ВМРО go woke
 
Не, ако е "Еколошка такса" која има за цел да го намали загадувањето од X извор(и), тогаш истата за тоа треба да се примени како една од мерките наменети за осварување на таа цел.

Ако треба да се градат медицински објекти финансирај по друга ставка и на друг начин.
 
Гевгелија Скопје Гевгелија 1000ка патарини, 16 евра, за најпосраниот автопат во историјата на човечвото, за што? За да седат џаболебари и безрбетници по тоа кабините земаат плата и гласат за криминалците, само бугарска чизма за севернифиромјани!
 
Кој здрав разум? северџан и здрав разум не идат заедно во иста реченица.
Абе не ми е намерава да навредувам северџан, вмроец, сдсоец итн, ама стварно работава е да се правиш слеп при парите шо му ги фрлаат од штаб, или доколку не се платеници, да си тотално одлепен од реалноста во државава па да викаш дека си сакал зелена околина... со покачување на ценава како шо имаа погоре пишано, едино тие наставничките шо ги носат по селата по училишта со диви таксисти ќе ги репнат да плаќаат поскапи билети, и нормално цените на производите шо ги засега мал милион сиромашни во државава.
 
Не, ако е "Еколошка такса" која има за цел да го намали загадувањето од X извор(и), тогаш истата за тоа треба да се примени како една од мерките наменети за осварување на таа цел.

Ако треба да се градат медицински објекти финансирај по друга ставка и на друг начин.
Aбе тоа ок, но вака може да се изгради нешто опипливо, за народот да си речиме еве плаќам 3,5 ден поскапа нафта, ама има утре задутре каде да одам на лекар итн. Инаку кај нас ќе се профуцкаат за избор на идејно решение, тендер за изборот, потоа тендер за најповолен, и дури дојде до правење на делото, парите половина заминати :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom