Не е воопшто офтопик, тоа што доаѓа од философија која јас ја следам и ви е проблем тоа, ваше право сепак.
Пријави слободно. Не бесцелно го има тоа копче, ако мислиш дека е офтопик, пријави.
Јас и претходно истото го зборував дека нетолерантноста не може да се толерира, дека секој мора да го следи својот пат и својата природа - не може веќе да се крие човек заради конзервативци или луѓе кои се закануваат со тупаници да се препрека да биде некој што е. А тука гледам луѓе од петни жили се трудат да се смета хомосексуалноста за болест и како нема цел...
Јас многумина знам хетеро кои немаат цел, па што? Да ги убиеме? Да исчезнат нештата кои ние сметаме дека се безвредни?
Сега дознавате од каде доаѓа сето тоа и оп - офтопик. Не бе сине, не е офтопик... кога се зборува за слобода на било која тема, не е ова офтопик...
Каков и да е човекот, таков е... имате право да бирате со кој ќе сте опкружени, но немате право да забранувате и да осудувате некој да не го живее животот како му е волја бидејќи вие следите некакви „општествени норми“.
Хомосексуалците не смеат да имаат живот како мене и тебе бидејќи ... и тука се калемат глупости и разни оправдувања за да вештачки се одржуваат ограничувањата кои упорно се туркаат...
Ако треба ќе се запали ова општество ако не оди како што треба... тоа е лесно... се трудиме да го менуваме постепено и тоа оди добро, бидејќи свесниот човек разбира дека и секој друг е човек, не само тој.
Сите не можат да бидат геј, сите не можат да бидат хетеро, сите не можат да бидат вие како што мислите дека треба да се...
Прифатете ја различноста, не туку паламудете глупости... ме изморивте што се читам во врска со хомосексуалноста и со што се ја поврзувате.
п.с. Извинете што Телема поддржува секој да биде што му е волја
Останете вие на своето, го имате тоа право.