- Член од
- 4 октомври 2010
- Мислења
- 8.536
- Поени од реакции
- 15.018
Па на инсистирање на Ибра изгледа и го земаа оној Робак. Па тој ќе биде нашиот црнец од Шведска.Под менторство на босанско - хрватскиот сограѓанин може да еволуира у негова помлада верзија само што у минус ќе биде со техника.

А сега нешто вртам низ глава, можеби Шевченко е последен фудбалер помлад од 23 години, што Милан го земал, а притоа да се истакнал на некое големо репрезентативно натпреварување или во ЛШ и да бил интересен за доста силни клубови во Европа.
На страна ова, моментално Милан може да доведе вакви фудбалери само ако реагира некоја година порано. Еве овој пред да отиде во Сосиедад, Халанд пред да отиде во Борусија, ма дури и пред да отиде во Салзбург.
А ќе има шанса Милан да собира се поталентирани фудбалери, затоа што почнува да гради имиџ кој е добар за нив. Иако некако Милан е во таква ситуација каде не може да си признае дека е како Борусија Дортмунд, а не е способен да покаже дека е нешто повеќе, напротив. И ќе мора да се движи меѓу тие два наратива. Првиот дека ќе купува млади талентирани фудбалери кои ќе се развиваат тука и вториот дека ќе има и резултати и ќе се врати каде припаѓа.