Некако полесно ми е да се замарам со Милан отколку со други работи кои би требало да ми бидат приоритет, па си правам разни сценарија како Милан би можел да игра.
Веќе формацијата со тројца позади не изгледа ретроградно како пред неколку години во италијанското првенство и има доста интересни примери во Премиер и Бундес лига.
Особено ми се допаѓа 3421, која што би можела да одговара и на Милан.
Милан имаше проблеми дефанзивно. Во дефанзива средината игра агресивно и остануваше простор помеѓу првата и втората линија и тоа делуваше доста опасно. Вака би требало со еден играч плус тој проблем полесно да се контролира.
Исто им се смалува просторот во кој треба да се движат централните дефанзивци, а тоа ќе биде најголем плус за Ромањоли и Кјаер кои се спори и полесно се снаоѓаат кога бранат помал простор, особено капитенот. Од друга страна и Томори ќе се растерети затоа што тој покриваше и за неговиот партнер.
Исто така ќе се олесни и првата фаза при градење на напад. Кјаер и Ромањоли се добри на топка и нема да мора секогаш Бенасер да се спушта во задна линија, па ќе се добие нумеричка супериорност во средина.
Тео, Калабрија и Салемакерс би биле добри како винг бекови. Посебно на Тео би требало да му легне таа позиција.
Во средина не се менува ништо, што е и добро затоа што Кеси не се покажа добро во средина со тројца.
Околу двата полушпица исто не би требало да има проблем. Бидејќи се две десетки, тие играат на поширок простор и се нешто измеѓу полушпиц и крило. А нашите крила и под Пиоли кога Милан напаѓа влегуваат во средина, а бековите доаѓаат високо како крила. Само што сега бековите уште од старт ќе се повисоку на крило. А таа слобода и играње меѓу линии од различен аспект би им одговарала на Леао, Хакан, Диаз, Ребиќ. Тука би требало да профитира Леао, кој нема да биде принуден да се враќа до средина на терен или да игра како најистурен, без добро движење, цело време да се бори за позиција, за топка, свртен со грб кон противничкиот гол.
Ама се занесов, треба да почнам ФМ да играм.
